Буквално сè се бара, од збор до збор. Најтешко е да се положи елиминаторниот тест. Секакви детали има, штом лани стигнавме и до аксиларната опашка на Спенс, до ретромамиларен простор или да напишеш секое стеснување на езофагус на колку цм се наоѓа од долните инцизиви, ваљда можеш да заклучиш каква е тежината на материјалот. Гледај слики, видеа оти првенствено ја кога учев сакав прво да го сфатам материјалот па после да ги доусовршам деталите. И ако се прашувам јас, анатомија 2 ми беше најтешка од сите анатомии, највеќе заради погорните причини и несредениот учебник. Со лесно.
Не, друг професор, затоа ми дојде чудно. Инаку од шеф на катедра така имам за други предмети внесено оценка. Ама еве колешката што ми реплицираше рече и кај неа исто било, за тој истиот предмет прашував, веројатно од таа катедра така внесувале штом не е само кај мене.
Дали случајно има некој тука што има специјализирано психијатрија? Пробувам да се информирам пред да се одлучам да се запишам
Здраво дали знае некој ако го завршам студирањето на насоката дипломиран инженер по лабораториска дијагностика на Медицинскиот факултет во Скопје,дали можи во Штип да запишам специјалистички стручни студии за микробиолошка лабораторија?(Во Скопје нема спец.за оваа насока,а во Штип има)
Некој што оставил индекс во понеделник на патофиза да не проверил дали се готови индексите или да не знаете кога ќе бидат? Не живеам блиску до факултет, а семестаров немам предмети и не одам често, прашувам за да не одам да проверувам џабе.
Во институтската предавална 1, горе во новиот дел над хисто, имуно кај што држеа вежби во тој ходник, мислам дека му доаѓа првата врата од лево (до тоалетот фактички), има закачено на вратата лист институтска предавална 1