Најдобро да си се распрашаш колегите јануари што полагале, досега делот што го полагате усно во биохемија 1, сите претходно писмено сме го полагале.
Дали прават проблем од студентски ако ги подигнеш документите од средно при упис што ги остававме после подолг временски период?
Од каде е најдобро да се учи хигиена за прв колоквиум, какви прашања даваат и колку време е отприлика потребно за да се спреми првиот колоквиум?
Индивидуално е времето за спремање, али мислам дека една недела е доволно за положување, јас учев од книга
Здраво,дали може да споделите искуства за микро 2 кои професори како испрашуваа во јануари и што прашуваат најмногу? Или некој од постари генерации што полагал пред тоа?
Летните испитни се ближат, секоја информација од постари колеги би била добредојдена. Дали може некои совети од каде е најдобро да се спремаат испитите по: 1. Патологија 1 2. Патологија 2 3. Клиничко 4. Фармакологија 5. Трансфузиологија 6. Епидемиологија Пф2 имам положени колоквиуми и уште завршен испит останат за летово. Некои совети околу завршниот испит да добијам од колеги што скоро полагале? Како поминавте, искуства, што бевте прашани? Приоритет ми се условните испити, за другите само собирам информации, најверојатно ќе ги оставам тие за септември.
ima edna skirpta od prof.ugrinovski i ima okolu 100 strani od specijalniot del hirugija..jas ja zedov od specijalniot
1. Патологија 1, не знам дали имаш колоквиум и усно или само усно, најголем дел патологија 1 го спремаме од скриптата, во консултации со презентации и по нешто од Робинс (лично јас повеќе за сликите и да ми се доразјасни нешто го користев) 2. Патологија 2 нема некоја преголема разлика скрипта и Робинс, горе долу се е исто, секако хепатобилјарен, дојка, панкреас тоа од Робинс се спремавме, дека скриптата за овие теми е само нафрлана и да сакаш не можеш да учиш За двете патологии важи повторување, гледање видеа, слики, за да ти се разјаснат работите 3. Клиничко зависи од комисијата на испит, тестот се положува со научен практикум и познавања од пато и патофиза и од вежби, а за усното кај некои прелесно се поминува, некои не можат да разграничат интерна/хирургија и педијатрија од клиничко испит. Главно ти е да знаеш убаво анамнеза и преглед како што е по практикум (тој од проф. Вавлукис), после за усно според комисијата и одделите ќе си читаш. 4. Фармакологија бара време и многу повторување да се научат лековите и да ти легне материјалот. Најдобра опција е посебно полагање на колоквиум, практичен и завршен, за да можеш убаво да се посветиш на секое. Првиот колоквиум попознат и поопшт е материјалот, практичниот се рецептите (овие бараат време) и тие неколку прашања од вежби презентациите, а завршниот целиот специјален дел и од досегашно искуство од постари колеги кои положиле, фокус на лекови, групи, подлеби, механизам на дејство, несакани ефекти, индикации, тоа воведите во секоја презентација само за потсетување, не за губење време, па после да не се фокусираш на најважното, а тоа се лековите. 5. Трансфузиологија рагледај ја книгата, презентации, комбинации, тоа е опфатено во тестовите. 6. Епидемиологија усното, едно-две прашања од општа, едно-две од специјална, кај проф. Бети е писмено, кај другите усно, иако е обемно, не е тешко. 7. ПФ2 тука промени нешто има со завршниот, стандардно прво тест, па усно. За тестот детали. како за пф1, кај анемиите таа табелата зголемени, намалени вредности, mch, mcv, какви се еритроцитите, ретикулоцитите, од екг промените на екг, за респираторен вежбите, каде имаш нормални вредности, каде зголемени, намалени, клиренсот исто, за иктеруси каков билирубин, урина, столица кај секоја поединечно, хипервентилациски и Сулковиќ, со тироидата каков скен каде, фиксацијата каква, за хемостаза исто факторите, кога зголемена намалена, кај дик особено последната како табела (ама не е табела) што во прва, што во втора фаза. Сега и случаите се и тие разгледај ги за усно, а и теорија обавезно повтори си, назначените единици што е поврзано со вежбите.
Јас кога полагав патологија пред 2 години учев од малите скрипти. Патологија 1 мислам дека само за имунолошки систем учев од Робинс, а за патологија 2 само ГИТ учев од Робинс. Положив со високи оцени така да сосема е доволно според моето искуство. Фармакологија од презентации Клиничко мојата генерација помина ептен лесно, така да тука не можам да ти дадам совет Трансфузија полагавме онлајн, а за епидемиологија те советувам да полагаш во иста сесија со инфективно затоа што голем дел од работите се повторуваат