Совет како да се спрема имуно за во јунска сесија целосен испит и дали е доволно околу 2 ипол/ 3 недели?
ако е иста оваа од угд (пошо истите автори се) можеш да ја симнеш од е библиотеката на угд откако ќе се најавиш како гостин.
Дали знаеш до каде е материјалот за прв колоквиум? ПС. Сега го видов прашањето.. Имуно најдобро изгледај ги видеата од алхемичари на yt за да добиеш претстава, после скрипта или презентации. 3 недели се доволно.
Јас ги гледав сниманите предавања по неколку пати, и презентациите, и супер поминав. Секако и анализата и практикумот.
здравствена екологија е прв колоквиум, а што спаѓа во тоа подобро не прашувај хахаха. инаку ви благодарам @ElenaOfRivendell @Trexane
Што мислите хигиена е подобро да се полага на колоквиуми или на целосен испит со оглед на тоа што од 2 колоквиуми и завршен усен испит едно ако се падне се положено се поништува?
По мое подобро е на колоквиуми затоа што после тоа само ќе повториш за усно, а вака за наеднаш се ми е некако многу материјал, а и мене барем ми беше многу напорно за учење
И јас сум за колоквиуми секогаш скоро по секој предмет многу се олеснува кога барем нешто ти е положено, иако е на ист материјал. Конкретно за хигиена на усното поопшти работи прашуваат, отколку на тестот. Полагај екологија сега, ако положиш, после храна можеш јуни или септември, зависи како ти одговара. Доволно е
Дали може да се полага клиничко тестот без положен пф1? Според датумите во сесија клиничко е пред пф1 с само еден датум е и не ми е јасно дали е можно да се полага вака..:/
Некој совет да ми даде микро 2 втор колоквиум како полесно да го научам? Премногу е детален учебникот, на што да обрнам внимание?
епа тоа е проблемот што не може да бираш, ако не положиш се од колоквиуми во јунска после се ти се поништува. фала ви сепак на одговорите
Јас полагав онлајн, ама можам да ти кажам дека од секоја тема имаше прашања во тестот, ама баш секакви. Мислам дека и без многу детали учење се положува ама ако си бркаш поени и оценки треба убаво да ти е научен материјалот. А за учење, нема некоја голема логика, си памтиш само факти на памет.... таква е микробиологијата општо, секој микроорганизам е различен со различни карактеристики... како анатомија кога си учела со повторување, така и ова.