Најверојатно ништо нема да ти биде признато освен некој општествен предмет. Обемот и курикулумот на предметите Анатомија , Хистологија , Физиологија , Патологија не е ист како на ОМ каде што се слушаат по 2 до 3 семестри овие предмети.
Дали проф. Богданска испрашува за колоквиуми на испит биохемија 2? И што главно бара, на што да се одржи највеќе внимание освен шо ќе се учи сe?
Ве молам некој искуство кај професор Костовска за завршен медицинска хемија? На што да се посвети внимание и за колку време би можело да се спреми?
Предобро искуство имав со професорката, се влече комбинација од 4 прашања, си правиш концепт и после според тоа одговараш, евентуално ако мисли дека не си опфатил нешто ќе те потпраша. Најважните работи си ги бара и не навлегува многу во детали. Мене ми се падна за естери, алкохоли, петочлени хетероциклични со 2 C атоми и изомерија на јаглехидрати.
Дали некој има полагано усен испит по медицинска хемија кај проф. Цековска оваа сесија, или пак во претходните сесии? Би ми значело доколку споделите искуство ☺️
Јас полагав пред неколку години, проф. е мноооогу фина, не е страшно воопшто, помага, те насочува, супер е.
@PreciousMetal28 јас имам полагано кај неа, не оваа сесија, предобра професорка, повеќе ме прашуваше за делот од биохемија, дури и ако не знаеш нешто ќе ти го објасни.
Да сподели некој искуство како се полага предметот хигиена и како најлесно да се совлада материјалот, поточно од каде да се учи со оглед на тоа дека имаме малку време?
Имам полагано и хемија и биохемија кај неа супер е. Сака да види дека ти е научено и со разбирање, ама и фер е и знае да помага и објаснува и самата некои работи. Исто за медицинска хемија повеќе прашува биохемија делот, од аминокиселините може да праша такс да научи ги сите, нешто од клинички аспект во склоп на материјалот знае да праша ама лесно е
Добра е проф,само бара да си имаш научено обавезно аминокиселините да знаеш да ги пишуваш тоа најмногу го бараше.
Кај неа се влечеа комбинации. Една комбинација беше 4 прашања, 3 од делот хемија и 1 од делот биохемија (не знам може мене така ми се погодило). Ни даде лист да раскажеме се што знаеме за тоа, имавме 1 час. После кај секого накратко го провери и ако беше испуштено нешто допрашува усно, или дообјаснува, а ако е се опфатено тогаш си ослободен. Генерално убаво полагање.
Искуствa усен испит Хигиена кај проф.Мирјана Димовска, од каде најдобро да се учи и на што да се обрне внимание најмногу?