Поставува едно прашање од екологија, едно прашање од исхрана и едно прашање од практикум. Испитот го спремав од двете книги, комбинации не најдов. Лично имам супер искуство. Со среќа
Здраво, сакам да прашам во Скопје со колку минимално поени примаат за сестра/техничар ? Ќе ви бидам премногу благодарна доколку ми одговорите
Според мене да, втора и трета се потешките години, предметите се доста обемни и си бараат внимание. Прва како година според предметите кои ги содржи не е толку тешка, колку што е тешка транзицијата и вклопувањето во средината.
Дали има некој што го ставил во мирување и како иде тоа мислам колку месеци, кога после би можел да се вратам итд??
Со колку поени минимум примаат на општа медицина, лани последниот бил со околу 97 но имаше 200места, годинава има 250места, ваше мислење со колку поени би било годинава минимум да се влезе?
@Троин многу зависи од матурата, тука можеме од прилика да ти кажиме, но не знаеме која би била конкуренцијата, јас би рекла 95,96 поени, со оглед на претходните години како беше
Секоја година е различно, ама сметај дека испод 95 мн тешко. Обично секоја година првите 50 се скоро секогаш 99,1; 99,2; ....
Ви благодарам на сите, јас искрено се мислам помеѓу Скипје и Штип, и не знам… Ете вие што би ми предложиле?
Здраво, какво мислење имате за факултетот за гинекологија и акушерство? Колку се учи и дали материјалот е добро разбирлив? Јас би сакала да се запишам и затоа барам некој да сподели искуство со мене. Ви благодарам однапред
Искрено мислам дека под 97 нема да се примаат. Буквално откако почна со ковид пандемија и незамарање за матура, сите си се со “одлични“ резултати и се тепаат сите до степен и трета децимала да е одлучувачка дали да влезеш или не. Дури после прв колоквиум ко ќе видиш колку се тие матурски резултати “одлични“ ќе се чудиш.