Полесно немој да мислиш дека се поминува. И таму се бара учење како и секаде, сепак утре треба доктор да станеш. Можеби со новиов начин со приватни болници кај нив има повеќе практична настава (не знам ама од онаа на УКИМ иако не сум стигнат уште до клинички предмети, освен епрувети и експерименти на биохемија и хемија, и микроскопирање на хистологија и микро, друго немам вежбано). Исто и физио дел од вежбите се интересни за правење. Исто не разбирам и потреба од тоа за секој предмет да има вежби каде слушаш мини предавања (буквално: вежби англиски, вовед во медицина, промоција на здравје, и што уште не...) По предмети како имуно и генетика (а и другите) одиш на испит колку да ги изрецитираш постапките на правење експерименти, а во живо никогаш ги немаш видено. Полагаш 100 пати едно исто, ко за џабе да излегуваш на колоквиуми, ко да студираш на 14 различни факултети годишно заради посебните правила на секоја катедра, не знам дали е така на УГД или таму важи само зборот на деканот и правилникот. Не познавам факултети ако положиш дел а не се, целосно се враќаш на почеток и се ти се поништува. Како единствено тешко од првите две години во однос на УГД, можам да издвојам само анатомија како поим. Превисоки критериуми, крв треба да проплукаш додека ги положиш трите анатомии, за психички после да се присобереш за другите предмети. Каде и да се запишете, ценете си го знаењето и трудот, и да знаете дека никаде нема лесно.
кај цековска прашува две од завршниот две од практикум, општо нешто ептен од колоквиуми мене ме прашуваше за што е вирулентност, спорулација итн ама не ептен детално се
Ако може некој да сподели искуство за физио2 усно Дали се одвива исто како и за физио1 и што најмногу прашуваат од колоквиумите?
Па да, тој им е прицнипот на испрашување. Рефлекси бараат сите обавезно, и таа табелата што беше во практикум за рефлекси, па тие голџи телца и мускулни вретена, нистагмус, лимбичен, ако имаш време читни нешто и за сетила.
Дали некој ги има ранг листите од уписите на медициснки факултет- Скопје од 2021 и 2022 година? Со колку поени е последниот примен во приватна квота?
Колеги, искуства за Патофизиологија 1 усен испит? На што да обрнеме внимание? Дали експериментите се многу прашувани или повеќе го бараат принципот- пример при хиповолемичен шок што би се случило или и како се спрема експерименталното животно? Секој одговор ќе ми значи.
зависи кај кого полагаш, обично од се прашуваат по нешто (мускул, дел од срце, артерија со синтопски соодноси, вена исто, нерви обавезно).
а што бараат од лимбичен највеќе? Имавме како извадок од книги од проф. и некако ми беше измешано од тоа.
Мене мислам дека од лимбичен ништо не ме праша, ама го повторував од тоа нивното, знам на некои колеги ги прашувале. Проф. што мене ме испрашуваше повеќе ја интересираше принципот, да имаш сфатено за што се работи, која е целта на експериментот и сл., воопшто да го имаш сфатено материјалот. Бројки, проценти и милилитри не ни бараше воопшто.
Znae li nekoj kako se smetat poeni za upis za ovaa godina..samo ne mi go prakajte kalkulatorot od feit oti ima izmeni za ovaa godina.
Отвори го конкурсот на УКИМ, убаво им е објаснето како се пресметуваат бодовите за секој дел- успех од средно, екстерни и интерни предмети. Со среќа!
За лани. Најмногу внимание на тоа пред вежбата како вовед што е и на толкување на резултатите, за тоа како се изведува, да имаш горе долу познавање што и како се прави, ептен детално во тој поглед, не.
Искуства микро1 завршен кај проф. Гордана Јанкоска? На што најмногу да се обрне внимание, прашува ли од колоквиуми? Ви благодарам однапред на одговорите