Ако мислиш на лимит за запишување на студии, сигурно нема. А ако мислиш колкав е рокот за завршување на студиите , дупло од времетраењето на самите студии.Пример за ТСС треба да се дипломира до 6 години а за ОМ до 12 год.
Здраво. Кога отприлка треба да се достават документи по објавување на резултатите. И дали може да ги однесе родител во наше име бидејќи планирам да сум на одмор надвор од Македонија? Ќе ве молам за брз одговор
Здраво. Јас во септември ќе дипломирам на Психологија на УКИМ и понатаму сакам да се запишам на Медицинскиот факултет да го продолжам моето образование. Моето прашање е во врска со програмите. Знам дека постои гранка на специјализација- Медицинска психологија која трае 36 месеци и може да се запишат и дипломирани психолози, но друга информација во врска со предметите итн. не можам никаде да најдам. Исто така друга опција што ја разгледував беше Супспецијализација по психотерапија, но и за тоа не ми е јасно дали може да се запише некој што е дипломиран психолог, или пак мора да се има завршено општа медицина. Ако некој има повеќе информации би ви била многу благодарна доколку споделите.
Конкретно за медицинска психологија специјализација, најдобро прашај на студентска служба. Искрено не знам дали треба општа медицина пред ова. Пошо они менуваат програми и некои од мастер студиите за тригодишни ги ставаат како "специјализација ".
Здраво, дали треба да се прикачуваат документите на I-know за упис на факултет, бидејќи не дава опција за прикачување?
А дали прикачувањето I-know за упис на факултет може да биде во текот на август, односно до роковите утврдени на конкурсот (30,31 август)
Точно, можиш како дипл. психолог да се запишиш на спец по мед психологија/клиничка психологија. Не ти треба општа медицина, а подетално за предметите мислам има во правилникот за специјализации шо можи да се најди на веб страната на факултетот или на гугл ќе ти излези од други веб страни кај шо е прикачен. Како и да е, за начинот на аплицирање и сл. најдобро во студентски прашања.
Колку предмети само од втора година може да немам положено,а притоа да имам услов за стипендија од трета група? Втора година сум.
Мислам дека треба да имаш 80% или 90% од предметите положени, пишува на повикот за стипендии, отвори од минатата година како било за најсигурно.