Ова го пиши на огласот најдолу, на страницата на мед фак, и јас сега гледам, значи е во тек... 15 Барањето за одобрување на специјализациите заедно со комплетната документација се поднесува од страна на Јавната здравствена установа каде е вработен здравствениот работник, односно здравствениот соработник, приватната здравствена установа во која е вработен здравствениот работник односно од невработениот здравствен работник, во согласност со одредбите од Законот за здравствената заштита и Правилникот за специјализациите и супспецијализациите на здравствените работници и здравствените соработници со високо образование од областа на медицината, најдоцна во рок од 30 дена од денот на објавување на Огласот, до архивата на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, ул. 50 Дивизија бр.6, 1000 Скопје. 23.08.2023 година е објавен огласот.
Дали електронски во iknow можете да запишете нов семестар? Уште немам таква опција, не знам дали е до кај мене нешто или не е уште пуштена опцијата да може да се запише?
Здраво, Сакам да полагам Имунологија, но не знам дали скратената верзија на Куби е доволна за висока оценка, или ќе треба да учам од оригиналот? P.s. Ако можете да ме дадете некои совети како да го научам материјалот од практикумот за Имуно, бидејќи за мене лично, многу лошо е напишано. Добрината насекаде нека ве следи! ❤️
Јас Куби не прочитав буквално ниту една страна, комплетно го спремив од презентации, и ги преслушував сниманите предавања повеќе пати, и положив со висока оценка.
Добра е професорката, не сум полагал ама колеги имаат убаво искуство. А проф миронска предава имуни делот. Мене вежби ми држеше и е многу фина
Da bidam iskrena, imuno spremavme 1 nedela od skripta pisuvana od mojata generacija odnosno sega cetvrta godina, taa skripta i predavanja prezentacii i site polozivme so 7,8,9, zavisi na koj kakov test mu se pogodi na kolokviumi i kakvi prasanja na usno, a znaes za usno treba i praktikumite
Ако може да каже некој што полагал анатомија 2 тестовите за торакс, абдомен и карлица какви прашања се и на што да се обрне внимание? Фала однапред
Здраво, сестра ми е бруцош и се запиша на еден од тригодишните смерови. Нејзина другарка и рекла дека првите 10 примени не ги плаќаат првите 2 семестри,односно првата година. Дали оваа информација е точна?
Првите 10 на ниво на факултет се ослободени од партиципација 2 семестри, барем така беше, дали уште важи не знам.