Претклинички предмети се всушност базичните медицицински науки т.е институтските предмети како напр. Анатомија , Хистологија , Физиологија , Хемија, Биохемија , Патологија , Микробиологија итн.. Клинички предмети се оние кои што се одвиваат преку болничка (клиничка) настава и нив ги држат проф. од универзитетските клиники при државна болница. Пример за клинички предмети се Интерна медицина , Инфектологија , Хирургија , Гинекологија и акушерство и слично.
Здраво. Дали се држат изборните Растројства на спиење и Морфофункционални карак. на сперматозоиди? И дали може да се запише изборен предмет сега, а да се слуша во другиот семестар (летен)?
Да cе држат тие изборни. За Морфофункционални изборниов пред 2 години имаше и список на катедра да се запишеш директ, оди потпрашај кога би имало список. А за таква опција немам слушнато да се запише сега, а да се слуша во летен семестар.
Здраво дали некој знае ако во семестарот треба да запишеме само презапишан предмет се плаќа целосна школарина + кредити за предметот или само за предметот се плаќа. Некаде прочитав дека се плаќа само за предметот ама не сум сигг. Ви благодарам однапред
Сите предмети кај кој во програмата пишува дека се извршуваат пред шести семестар се предклинички. Сите предмети од седми семестар па натака се клинички. Вака сигурно нема да згрешиш
Zdravo, dali moze nekoj da spodeli iskustva od farmakologija usniot ispit? Kakvi se profesorite, dali se pagjaat kombinaciite, dali e dovolno od prezentacii da se sprema i slicno?
Сосема се доволни презентации, проф се сите коректни. Предметот е тешкичок ама се положува кај сите проф.