Колку сесии важат положени колоквиум и практично фарма? И дали е услов Фармакологија за Клиничка Фармакологија за VIII семестар?
До презапишување. Ќе можеш да слушаш Клиничка фармакологија, ама нема да можеш да полагаш усно, колоквиумот можеш да го полагаш.
Zdravo na site. Jas baram cimer, dokolku znaete nekoj sto nema cimer i studira medicina vo skopje ve molam pisete mi vo chat
Zdravo, dali nekoj gi pamti prasanjata histologija 2 od kolokvium 11 ili da gi ima prasanjata od testot mi treba itno. Dokolku ima neka mi pise vo privatna poraka.
Сакам да Ве прашам колку вкупно изборни предмети треба да имаме и каде точно може да се провери оваа информација?
Последно кога прашавме на студентски беше 5 изборни до дипломирање, 2 клинички со 3 претклинички или обратно.
Зависи која генерација си, за тие 2017/2018 е 3 претклинички со 2 клинички. Постари генерации имаа повеќе изборни (само не знам точно колку клинички, колку претклинички), а за новите не знам како е
Здраво, би сакала искрен совет. Сакам да се запишам општа но не знам каде, постојано се мислам помеѓу Скопје и Плевен, Бугарија. Кога и да разговарам со некој од Скопје ми кажува не вреди те третираат како животно, освен ако не си нечии син, а пак за Бугарија не ми се оди сама а уште помалку учење нивен јазик и историја за да ме примат. Искрено совет, знам дека треба учење, но вие да имате шанса каде би се запишале?
Бугарија, ако имаш финансии за студирање во друга држава. Јас многу сакав во Бугарија да студирам, финансиите ми беа пречка. Без размислување да имав финансиски можности ќе одберев да студирам таму зошто многу поубави услови имаат. Сум слушала многу пофални зборови за факултетите таму, а и диплома од еу земја ќе имаш, претпоставувам дека тоа носи и повеќе опции и можности за понатаму, за специјализација во странство, за работа. За јазикот само не знам како би ти било, јас тие што ги знам што студираа таму добро го знаат јазикот, ќе ти треба тоа. Распрашај се убаво, најубаво ќе е ако познаваш луѓе што студираат таму или да запознаеш преку интернет за лични искуства и да ти помогнат да се снајдеш подобро.
Во Бугарија не знам како е и не би да коментирам, ама тоа што е во ЕУ, е плус според мене. Студирам во Скопје, точно е дека има неправди и нервози, ама не би се сложила дека ако немаш некој на клиника, сите ќе те третираат како животно, и дека се е толку црно. Да, факт е дека тие со врски далеку полесно ќе поминат (за жал), факт е и дека има искомплексирани професори што лечат фрустрации на студенти, ама и дека е толку престрашно и лошо ако си обичен смртник, не е. Јас доаѓам од работничка класа и в од врски немам, прв медицинар во семејството сум, па еве сега ќе бидам 5та година и туркам, со тоа што имам време и да излезам, и да отидам на кафе и се тоа.. Е сега, реалност е дека треба мноооогу учење и жртва, особено до трета година, особено анатомиите, и вистина е дека некогаш не е до тебе, и можеш многу лесно да се сопнеш и да изгубиш година буквално поради еден предмет (што и не е ништо страшно), ама со добра организација и сериозност, сѐ може да се постигне. Факултетот навистина е напорен и некогаш ќе ти доаѓа преку глава, и ќе си се караш сама со себе дека си се запишала тука , ама одма нервозите ќе ти испаруваат кога ќе слушнеш “колешке, положена сте”, и ќе се смееш до колегите на кафе после полагање, за тоа дека испитот и не бил толку страшен. Така да, ако ја сакаш медицината, и си спремна да се вложиш во неа, ќе успееш сигурно, go for it. Со среќа каде и да се запишеш!
За Литманите, доколку директно нарачаш од веб страната можиш да избериш гравирање. А вака некој да гравира на лице место, не знам.
Здраво. Дали доколку запишувате семестар само со неположени предмети поради кои не фаќате услов, треба да однесете пријавен лист за заверување на летниот и запишување на зимски семестар?
Dali uslov za napreduvanje od 3ta za 4ta god e da imas polozheno i tri izborni predklinicki predmeti?