Предметот е обемен, ама со добра организација може без проблем да се совлада. Јас и за двете патологии почнував со учење на почеток на семестарот, па како се ближи колоквиумот си повторував. Нешто учев од скриптата од професорите, нешто од Робинс и стигнував. А и за патофиза одвој доволно време бидејќи 2ката иако е поинтересна (барем за мене) бара и повеќе време за учење, а тука можат да ти помогнат и предавањата.
Здраво дечки, дали може во втора година да се бира промоција на здравје како изборен, иако пишува дека е за прва?
Предмети кои важат 6 сесии а немам оценка на iknow ми ги има ставено да ги запишам овој семестар.По никој предмет немам потпис на iknow, но имам во индекс. Треба повтоно да ги запишам или да ги тргнам?
Гледај условните најпрвин обавезно. Патологија си бара време ама интересно е и барем мене лично ми беше полесно за спремање од патофиза пример Почни си навреме за да ти легне материјалот, мене најдобро ми беше комбинирано учење од скрипта, презентации и робинс. За патофиза зависи како и учиш но мене ми беше полесно да го разберам материјалот и механизмите откако научив и положив патологија. Микробиологија 2 е исто така интересно и во споредба со другиве условни релативно полесно и за спремање. Радиологија зависи и до вежби кој ќе ви држи, според мене преобемен предмет што не би требало да биде за 3 зошто си бара време ама се стигнува да се научи барем кога е за услов да се фати. И клиничко лесно се положува, оди на вежби сите обавезно се научува доста барем од дел од асистентите, испитот мене ми беше еден од подобрите искуства професорите во глобала сите се океј и ако другите предмети ти се научени до јуни нема што нешто посебно да се спрема освен да се научи земање анамнеза. Многу среќа на сите во 3 година доста е тешка да бидеме реални, но не дека е невозможно да се положи се на време. Само упорност и најважно организирање на времето а се разбира и малку среќа за кој кого ќе полагате.
Тргни ги доколку имаш оценка и потпис во индекс, доколку ти прават проблеми при упис, само покажи ги во индексот.
Фала колешке, фала и на тебе @medstudents. Сажо патологија и клиничко прв пат ќе слушам, затоа реков посебно за пато ме интересира, но прашав за сите колеги да видат искуства и за другите предмети. Да пишам и мои искуства за тоа што сум положила: - микро преубав и преинтересен предмет, лесен ми беше за спремање и разбирливо е, се положува, омилен предмет од 5 семестар ми беше. - радио учев од презентации и положив, малку ми беше тешко да се снајдам првата сесија зошто немаше конкретно книга за учење ама се положува и тоа Патофиза би рекла да одвоите повеќе време за учење, а и малце потежок ми беше во споредба со останатите предмети што ги слушав. Интересен е ама си бара баш детално учење заради механизмите. Патофиза 1 беше многу полесен во споредба со патофиза 2.
Ќе може ли совети за тие што почнуваат прва година, каде да се набават книги, како се првите испити и барања од профедорите?
@Adary.16 книги ќе си набавиш од скриптара, за практикумите ќе ви кажат ќе треба да си ги купите од скриптарата од деканат. За професорите ако прашуваш за испитите зависи кај кој ќе се падниш, за колоквиумите навреме спремање особено анатомија и хистологија. Најдобро е прво да ги спремаш условните предмети затоа што влечат година
Совети за офталмологија, од каде сте учеле? Усното од каде го имате спремено, на што најмногу да се посвети внимание?
Ако ги имам положено сите испити и ако запишам празен семестар до дипломска дали сеуште ке можам да извадам потврда за редовен студент?
Вака по неколку збора за катедрите од прв семестар: 1. Анатомија 1 - за мене еден од омилените предмети до сега. Има 3 колоквиуми со 3 прелиминарни теста за секој колоквиум (рака, нога, глава + аксијален скелет). Совет е да не заостануваш со колоквиумите, завршниот испит е само на регии и е ко повеќе формалност, лесен е. По неколку збора за катедрата (кај тие што имам полагано) : проф. Живадиновиќ - една од најдобрите на катедрата, се труди да го извади најдоброто од тебе, се осврнува на поглавните работи, потсетува, трпелива е и ствара релаксирачка атмосфера. Доколку види дека знаеш не те допрашува или воведува во повеќе детали. проф. Додевски - хм, многу студенти се плашат кога ќе видат дека полагаат кај него, ама за мене на полагања беше супер. Секогаш се трудеше да го извлече најдоброто, и да награди доколку си се трудел/а, иако понекогаш за да провери колку знаеш знае да постави екстра бонус прашање, ама сепак е коректен. проф. Чадиковска - исто за мене една од најдобрите на катедрата. Многу темелно, професионално пристапување, а и многу знаење дава и бара. Сака да е сфатен логично материјалот, и ми се допаѓа што испрашувањето е на принцип кратки објаснувања и одговори, а не на долго и на широко. проф. Зафирова - за мене секогаш била одлична на колоквиум/испит. Има необичен начин на испрашување: со асоцијации, игри на зборови, брзо испрашува, бара логика во нештата а и убаво предава. доц. Трпковска и доц. Бојаџиева само од вежби, не од испрашувања (иако и тие испрашуваат), океј и ферски, понекогаш навлегуваат во детали (за анатомија 1 не толку), повеќе форсираат движења и нерви. Другите професори од таа катедра каде полагав мислам се веќе во пензија. 2. Хистологија - има 2 колоквиуми 1 испит и 2 практични. Практичните како што се одвиваа во наша генерација во однос на тие од лание се на различен принцип. Асистентите се океј и пристапни за нешто нејасно, совет е да сликате со мобилен на микроскоп и да обележувате делови се што се гледа, и се тоа тоа да се прави со брзина на светлината. Од професорките на катедрата имам пофални зборови за предавања, а за испрашувања само за проф. Елида, бидејќи со други сум немал искуство. 3. Морфологија и физиологија на клетка - ја делат катедра за хистологија и физиологија. Главно за катедра за физиологија се малку покомплексни, знаат да постават правила и треба да ги почитувате, оти одма ве наоѓаат последици. Проф. што го води предметот е доста принципиелна, сака дисциплина, ама е и една од најдобрите предавачи општо што сум го сретнал на факултетот и доста го цени туѓото знаење а и наградува. 4. Биофизика - 2 колоквиуми или 1 испит, како ти чини. Не бараат ептен во детали, генерално се е на принцип препознавање тешки формули или пишување лесни формули. По некое кратко есејско, цртеж, дополнување кратко. Проф. многу се труди околу предавањата а и попушта за поубави оценки и е доста коректен. За англиски, мед. психологија и вовед во медицина очекувај дека нема од каде конкретно да учиш (едни се книгите а други се тестовите), а и начинот на оценување е пишување оценки од ракав (најголем број од случаите). Со лесно.
Здраво, ако може некој да ми каже дали има слободни места на општа медицина на англиски јазик? Никаде не можам да ја најдам конечната ранг листа, а оваа студиска програма не е спомната на листата со слободни места. Секоја инфомација плус многу би ми значела
Искрено не знам дали таа програма функционира воопшто, од кога е воведена нема никогаш ни ранг листа, ни распоред за предавања и вежби, а ниту имам слушнато дека има студенти кои слушаат на англиски.
Со по едно предавање или семинарска знам дека се овие: Морфофункционални карактеристики на сперматозоиди, Безбедност на храна и ризици по здравје, Научниот труд да се напише и објави, Подготовка и одговор на здравствениот систем во кризни состојби, Право и јавно здравство, Еволуциска генетика на човек, Здравје на мигранти, Клиничка имунологија, Оценка на здравје и стратешко планирање во заедницата. Општо со семинарска се сите предмети кај катедрата што го води предметот Вовед во медицина.
Таа програма мислам дека е без ранг листа, односно се запишува секој кој има 3000 евра да плати и претежно се однесува на странски студенти. Но, нема посебни предавања и вежби, туку заедно со другите студенти се слуша. Мое мислење е дека не вреди да се даваат толку пари. Ако имаш финансии, подобро заврши приватен факултет барем нема да се малтретираш.