Здраво. Искуство од колеги кои имаат полагано завршен Епидемиологија? Што прашуваат од општ а што од специјален дел најмногу и дали бараат да се знаат најголемите епидемии на болестите, години, број на заболени и сл. ? Ви благодарам.
Здраво колеги. Дали може да се преполага предмет по завршување со факултетот? Каква е процедурата ако некој досега го има направено ова? Ви благодарам однапред.
Минатата година бев да прашам во деканат за ова, ми кажаа дека откако ќе го положиме испитот имаме право 3 месеци за да го поништиме и преполагаме. Претходно (пред 6 години можеби) имало опција и откако ќе завршиш со факултет да преполагаш кога сакаш со тоа што плаќаш за поништување на оцената, но набрзо ја укинале таа опција. Ако некој има нови информации нека сподели
Од општ дел обавезно епидемиолошки студии, методи, типови епидемии, кривите, резервоар, извор, механизми и патишта на пренос, нивоа и степени на превенција, имунизација, серопрофилакса и имунопрофилакса. Од специјалниот дел нема правила, може да ти се падне било што, сѐ зависи од професорот кај кој се паднеш. Инаку не навлегуваат многу во детали за бројки на заболени, години и слично. Ако знаеш такво нешто секако е бонус ама најбитно е да знаеш за секое заболување причинителот, механизам на пренос, резервоар, влезна врата, имунитет, од прилика да кажеш за време на инкубација (има во книгата за општиот дел табела за полесно памтење), нешто да кажеш како се одликува заболувањето со симптоми, и да знаеш да кажеш од прилика каде најмногу е распространета болеста, по некоја мерка за превенција и сузбивање и обавезно да ги знаеш вакцините со вакциналниот календар.
Здраво дечки, тие што го имате слушано изборниот „Ангиологија и тромбологија“ кај проф Марјан Бошевски, ве молам споделете искуство како беше, дали се прави само семинарска или треба и да се презентира, имавте вежби и предавања?
Јас имав претходниов семестар, по неколку студенти заедно правевме семинарска (не се сеќавам дали и power point презентација правевме), и само му ја дадовме, не презентиравме.
Дали работи библиотеката и ако да со кое работно време? И дали прават проблем при запишување на семестар доколку немаме вратено книга?
Дали има некој што прв пат слуша само патологија и клиничко (значи трета година да запишува по втор/трет пат), а се друго му е ислушано од 5 семестар, веќе да запишал семестар? Сакам да го прашам околу плаќањето на семестарот нешто.
А, ако прв пат ги слушаш дел од предметите од трета, а веќе еднаш си платил за трета и пак ја запишуваш колку се плаќа? Редовно цел семестар или? Извинете, не знам како да си го спојам претходното напишано со ова, веројатно ќе разберете за што прашувам.