Логопеди денес имавме биофизика акустика и професорот рече дека на страната на факултетот можеме да го најдеме материјалот за учење. Се најавив, барав но не најдов нешто такво. Знаете каде е точно?
Нас лани ни ги ставаше во предавања. Најави се и потоа оди од страна во предавања, па во делот за логопеди тука би требало да биде. Ако не од оваа година, од лани сигурно.
Најави се, долу лево пишува предавања, одиш тука и ти се отвараат документи, бираш логопеди и тука се 3 документи во pdf формат
Логопеди поискусни, како е хистологија на колоквиум, дали има прашања со опишување, дали е тешко во глобала?
Девојче те прашав со убаво можеш да ми одговориш и ти на ист начин а не така арогантно.Ок?Значи прашав повеќе луѓе сите различно ми кажаа затоа те прашав дали си сигурна. А ако незнаеш да зборуваш така немора ни да ми одговараш.Незнам што ви е бре!Шо сте толку опнани.Цццц.....
Епа јас не знам кој ти кажувал различни цени, очигледно тие луѓе се недоволно информирани, а ако ти е толкав проблем тоа појди до факултет и види, и за тоа има на студентски. А за ароганции и слични етикети не ми прави муабети на темава. Поздрав.
Хахаха девојче тебе у животот ти се нема случено некој да ти каже едно а да излезе сосем трето?И да прашаш повеќе пати за да се осигуриш? аа и ти ако можеш секаде да отидеш директно да прашаш неможат сите!Не ми е мене факултетот на 2 чекори....Незнам само што е тешко да се одговори со убаво.... фала сепак многу и на непристојниот одговор
Дали ако не сме задоволни со бодовите од првиот колоквиум за морфологија на клетка може да го преполагаме заедно со тие што го паднале?
Прашање до медицински сестри и радиолошки технолози. Како ви оди со учењето ,дали многу барат за 6ка ,тешко ли е,напорни ли се предавањата и праксите? Поздрав
Мислам дека можеш да преполагаш било што, само со предходен договор со катедрата. Иако мој предлог ти е да не си ја отежнуваш џабе сесијата, МиФ и онака е досаден предмет, имаш куп други многу пообемни, потешки и поважни на кои ќе треба да им обрнеш внимание, а може на преполагање да извадиш помалку поени ако ти се погодат незгодни прашања и што тогаш.