Молам за совет Запишана сум на ТСС и ми остана само уште еден испит кој го полагам веќе две години Неможам никако да го положам кај таа професорка Што да правам ? Несакам да го баталам факултетот за еден испит
Lugje treba da upisam semestar vondredno sum, mi falat 2,3 ocenki za predmeti koi gi iam polozeno. Dali ke pravat problem nesto pri upis?
Најискрено прашање- Дали Вие во текот на вашите студии секогаш сте исполнувале по 60% присуство од предавања? Велат задолжителни, па на крај излегува само за бодови. Како слон во циркус се чувствувам после цел ден такозвани задолжителни предавања и вежби. Претходниот семестар имаше само по еден-два предмети, па ајде..
Види во курикулум за некои предмети е 30% искрено јас гледав да направам 60 или 30 % и после не одев, пренапорно е цел ден на предавања и вежби и после треба да одиш дома да учиш. Досега не сум слушнала да не даде некој потпис заради помалку %од предавања
Со проценти со картица да, во реалност за секој предмет, не. Толку е пренатрупан распоредот, па и паузите измеѓу предавања и вежби, а и одржувањето на вежбите по договор, реално тешко изводливо е, зашто треба и да учиш. На крајот на денот сите добиваме потпис, а и најчесто сите поени од предавања, ретко некој да крати.
Ве молам за совет!! Доколку го добиеме правото на избор кој проф. е најпаметен избор при полагање Анатомија 1? Доколку не, каков е процесот понатаму? Пс. Секој друг совет за 1год. на општа мед. би ми значил ❤️
Анатомија самата катедра право распоред кој кај кој професор полага, досега немам чуено дека може да се бира кај кого
Се има случено за Анатомија 3, конкретно за тие што беа најредовни на предавања (затоа и пуштаат списоци.) Ја лично би идела со Живадиновиќ.
Проф. (сега и директор на катедрата по анатомија) Билјана Зафирова објасни за тие што се поактивни во дискусии на предавања ќе се здобијат со таква привилегија
Кај Живадиновиќ, али мене ако ме прашуваш најискрено подобро е да исполниш процент за предавања колку што бара катедра и после да учиш дома затоа што 1ва година дур да влезиш во шема е прилично комплицирано. Подобро е да не се посветува премногу време на предавања, затоа што е пренапорно да бидиш цел ден на фах, а после тоа кога ќе се вратиш да учиш, не се постигнува се
Лани истото го кажа професорката па никој не бираше професор по желба како што знам. Така што не се ослонувајте на тоа многу