Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Медицински факултет

Дискусија во 'Образование' започната од Victorya, 24 ноември 2010.

  1. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.902
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    3 предклинички, 2 клинички
     
  2. lolly2000

    lolly2000 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2020
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Женски
    Ti blagodaram. Moze li vo 4 i 5ta da se zapisat i predklinicki dokolku ne sme zapisale prethodno?
     
  3. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.158
    Допаѓања:
    5.375
    Пол:
    Женски
    Може
     
  4. $ophia

    $ophia Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2018
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    932
    Пол:
    Женски
    Слушнав дека е Бети Зафирова, не била веќе Ирина одговорна.
     
    На Dorisce му/ѝ се допаѓа ова.
  5. nallla

    nallla Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2023
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    дали проф богданска е во пензија?
     
  6. Adary.16

    Adary.16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2017
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Како оди со термините во сесија , во еден термин се полага и паднати колоквиуми и усен и практичен?
     
  7. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.397
    Допаѓања:
    12.057
    Пол:
    Женски
    Не
     
  8. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.158
    Допаѓања:
    5.375
    Пол:
    Женски
    Зависи од предметот, некои катедри дават да бираш усно во коj рок сакаш, додека писмено обично мора во првиот рок. Или ако има само еден рок, најчесто тогаш се полагаат писмените делови, па за усно нахнадно даваат датуми.
     
  9. Iris009

    Iris009 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2022
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    158
    Зависи од катедрата. За да добиеш информации за соодветен предмет треба да ги прашаш координаторите или евентуално нивните секретарки.
     
  10. marsilia

    marsilia Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2023
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    2.515
    Пол:
    Женски
    За завршен усен патологија од каде е најдобро да се спрема? Искуства некои? Дали од практикум претежно прашуваат теоретски или ви бараа и на микроскоп? За усно како прашуваат, Робинс или пак да се водиме по презентациите што ќе е предавано и да си комбинираме што од кај да спремаме? Од делов што беше за колоквиум што ве имаат прашувано? Побарав во темава некои постари мислења ама немаше премногу напишано или јас не можам да најдам?
    Знам дека има уште време, ама сакам полека постепено да си почнам со спремање, па било кој совет е добредојден.
     
  11. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.902
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    За практично, освен Башеска никој не носи на микроскоп, Петрушевска можи само на макроскоп. Ама во главно само теорија од практикумот бараат.
    За теорија комбинација на скрипта со Робинс (за да ти се разјасни нешто ако заглавиш или нешто некој професор ако конкретно прашува, а го нема во скрипта).
    Од делот за колоквиум прашуваат скоро се', хемодинамски, воспаление (и грануломатозните) и регенерација, туморски раст, имунологија (хиперсензитивни и автоимуни) и клеточна патологија.
     
    На marsilia му/ѝ се допаѓа ова.
  12. marsilia

    marsilia Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2023
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    2.515
    Пол:
    Женски
    Фала ти многу за секој одговор тука, колешка за пример си. :hug:
     
    На mira.mira и Glowy им се допаѓа ова.
  13. Selena01

    Selena01 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2020
    Пораки:
    1.879
    Допаѓања:
    7.491
    Пол:
    Женски
    Единствено можам да ти кажам дека во моја генерација освен од Башевска се жалеа од Магдалена. Бидејќи она бара збор до збор од големиот Робинс. И некако е скржава за оцени. Можеби некој има и друго искуство или па може е нешто сменето. Поминаа 3-4години. Кај другите е многу океј. Јас полагав кај Петрушевска Пато 1 најдобар испит. Исто и кај Рубенс и кај (проф што беше претходно шеф на катедра) исто супер се поминува. Главно скрипта, презентации и мал Робинс да си разјасниш. Е сега ако решат да те зезнат ќе го направат тоа, битно ти тргни оптимистично
     
  14. ilovemedicine

    ilovemedicine Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2014
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    698
    Пол:
    Машки
    Здраво на сите
    Општо познато е дека студентите по медицина и голем процент од општи доктори и клиничари не се вешти во интерпретација на ЕКГ.
    Често тоа не е по нивна вина, бидејки кај нас пристапот кон учење на интерпретација се базира на чиста теорија без адекватна пракса. Тоа подразбира читање од некоја книга како Дабин и разгледување на сликички. Или учење по образец или по фотографска меморија. Но проблемот се јавува во пракса затоа што секое екг си е приказна за себе и честопати постојат бројни варијации од еден до друг запис. Пр учете дека вентрикуларна тахикардија е тахикардија со широк QRS со потекло од комори и отсуство на П бран. Во суштина не секоја тахикардија со широк QRS е со коморно потекло.
    Исто не секој ирегуларен ритам е атријална фибрилација и не секој неспроводен п бран подразбира АВ блок..
    За да стекне соодветно знаење освен теорија потребен е и добар ментор. Јас имав прилика да учам ЕКГ од специјалист за ритам - електрофизиолог при што ми се промени целосно пристапот кон читање екг. Почнав аналитички и потоа и електрофизиолошки да анализирам запис. Повеќе од 5 години учам и работам екг секојдневно и би сакал да пренесам дел од моето знаење до останатите колеги кои би имале интерес.
    Што мислете дали е добра идеја да почнам со приватни часови за екг интерпретација?
     
    На mira.mira, moon14, Lollipop_123 и 5 други им се допаѓа ова.
  15. .hopeful.dove.

    .hopeful.dove. Активен член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2021
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Здраво колеги. Прво ви посакувам среќна Нова година и многу успеси во студиите.
    Сега имам некои прашања за усен и практичен испит хистологија 1 (за ткива; за прв пат оваа година воведуваат усно и практично за самиот колоквиум, но претпоставувам дека во главно би било слично како и завршниот испит)
    1. Дали усното и практичното се одвиваат истовремено (додека сме на микроскоп не допрашуваат)?
    2. Дали препаратите што ни ги даваат се истите што сме ги имале и на вежби (или може и некои други)? Исто така претпоставувам дека не пишува што се препаратите за време на испит?
    3. Дали на еден препарат прашуваат за повеќе ткива?
    4. Дали даваат еден или повеќе препарати?
    5. Кои препарати најчесто ги даваат?
    6. Искуства со професорите? (Лена Какашева-Маженковска, Елида Митевска, Ирена Костадинова-Петрова)

    Извинете ако ова е многу, но навистина не можам да го замислам колоквиумов и би била многу благодарна ако можете да помогнете:)
     
  16. Selena01

    Selena01 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2020
    Пораки:
    1.879
    Допаѓања:
    7.491
    Пол:
    Женски
    Види не знам како било предходните неколку години, ама јас кога полагав пред 6 години после колоквиум тие што ќе положеа одеа на практично пред микроскоп. И плус нешто малку усно ќе те потпрашаа. И препаратите се тие од вежби нема ништо ново
     
  17. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.158
    Допаѓања:
    5.375
    Пол:
    Женски
    Не се сеќавам баш, ама пред 4-5 години кога полагав, мислам дека првин се полагаше теорија кај проф., па ако положиш таму, практично кај асистент на микроскоп (или обратно, не ми текнува точно).

    Јас само кај проф. Лена имам полагано, тогаш таа беше доцент, па истовремено, паралелно ме прашуваше и теорија и практично.
    Ми даваше време да го разгледам препаратот, па требаше да погодам што е препаратот, и потоа со стрелка, ме прашуваше на препаратот, што е ова, што е она… Како што кажав, напоредно со практичното, ме прашуваше и теорија. Бараше логички да ги поврзуваме работите, си бара знаење, ама коректна е.
     
  18. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.902
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    И подобро тој колоквиум што го направиле усно и за теорија, секако прашуваа на практичното теорија.
    Ќе ти кажам како беше за завршен испит, дека ние колоквиумот теоријата ја полагавме писмено.
    1. Јас кога полагав практично испрашуваа и асистентите, па ако беше кај нив распределен, прво се полагаше практично, па теорија кај професор, ама ако беше кај проф или доцент распределен најчесто одеше паралелно и едното и другото. Сега ако испрашуваат само трите проф, би требало да е паралелно, но секако постојано во склоп на практичното испрашуваа и теорија.
    2. Исти се препаратите, само не пишува што се.
    3. Зависи каков препарат ќе ти дадат некогаш знаеа мускулно, епително, нервно ткиво да прашаат на еден препарат, ако препаратот беше таков, да има се'.
    4. Исто зависи може да свртат повеќе препарати, може на еден препарат да те испраша се'.
    5. Сите ги даваат, не се многу ткива, се' што е работено на вежби може да ти се падне.
    6. Сите три се коректни.
     
  19. Dorisce

    Dorisce Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2020
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    79
    Пол:
    Женски
    6та година на стаж сум, сакам да се вработам како медицински претставник па сакам да ве прашам дали случајно имате информација за фирмите дали бараат фиксно работно време од 8-16 или имаат флексибилно работно време? Имам слушнато различни муабети, па ако некој знае нешто поточно нека сподели инфо :)
     
  20. Selena01

    Selena01 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2020
    Пораки:
    1.879
    Допаѓања:
    7.491
    Пол:
    Женски
    Полно работно време е, можно да зависи и од компанија до компанија. Па затоа ти кажуваат различни искуство. Но сметам дека е многу понапорно работа отколку што се мисли. Нон стоп си во трчање, па особено ако те пратат по клиниките нема заинтересирани и само ќе ти вртат очи демек ти дојде на нас да ни кажуваш што лекови се даваат. :puke::whew::?::?::?:
     
    На Dorisce му/ѝ се допаѓа ова.
  21. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.287
    Допаѓања:
    12.366
    Пол:
    Машки
    Јас не сум работел, но бев на интервју во една фирма. Бараа на полно работно време, а релациите беа претежно надвор од Скопје - Струмица, Гевгелија, Штип, Велес итн. шо реално за таа плата шо ја нудеа(пролетта 2023), 25.000ден., е too much. Секако не прифатив.
     
    На nallla и Dorisce им се допаѓа ова.