Ве замолувам за совет за предметот Хигиена, не знам од каде да спремам знам дека има 2 книги, но големи се и двете така да нема да стигнам од нив спремајќи со Патологија Патофиза Микро.. не ми се ризикува да изгубам толку време. Сите колеги што ги прашав и положиле учеле од прашања и презентации, но мене минатата сесија не ми успеа тоа.. Сега сакам повторно да полагам, но не сум сигурна од каде да почнам Ако некој има некаков материјал ве молам пишете ми, предметов ми прави притисок а сега е услов за 4та Секој совет е добредојден <333
Јас со презентации положив усно + воведот од книгата бидејќи тоа го немаше во презентации. Кај проф. Кочубовски полагав.
Ме интересира за тригодишните студии по радиологија, што точно може да се работи после тоа, какви се по тежина, и дали со нив можеш ти самиот да пишуваш извештаи според снимките и да упатуваш луѓе на вистинскиот специјалист ако забележиш нешто? И општо, помеѓу сите тригодишни студии (логопедија, физиотерапија и радиологија) кој е најинтересен и најперспективен за изучување?
Можам да ти одговорам само за делот за извештаите, читањето на снимките и пишувањето на извештаи е должност само на специјалист по радиологија. Техничарите се погрижуваат само за подготовката на апаратурата, на пациентот, дали е океј ренген снимката од аспект на преголемо просветлување. Но остатокот е дел од специјалистичка работа. Искрено мислам дека со овој смер е најлесно да се најде работа. Иако тоа е веќе друга тема, бидејќи кај нас техничарите ги сметаат за нула и се со години со договор на дело, партиски.... Ама тоа е веќе друга тема, вака за да дипломираш не е тешко. Ако веќе сакаш тригодишни, одбери за медицинска сестра, најголема перспектива имаш за надвор
Има и испитни и кои тематски единици од теорија исто да се повторат. Побрајте шефот на катедра сигурно ќе ви ги испрати.
Е баш за тоа имам нејаснотија, како се станува специјалист по радиологија? Има како постдипломски четврта година за да станеш специјалист? Зошто знам дека има тригодишни за логопедија и четврта година како постдипломски за клиничка логопедија. Зошто не би сакала да бидам техничар, туку специјалист радиолог. Не сакам инаку за медицинска сестра, мислам дека ќе се онесвестам таму , сакам нешто од тригодишниве, моментално радиологија најмногу ме влече.
Ти пиша погоре членката, ако решиш тригодишни, после можеш мастер или докторски ама тоа е колку за повисока плата и некои бодови. Толку, пак ќе си техничар. Во никој случај нема да читаш резултати и да упатуваш кон друг доктор.
Јас хигиена учев од книги 2 недели и имам 9ка, напорен предмет е, но ако се сконцентрираш и читаш интензивно ќе го положиш, не е толку тешко, повеќе те плаши материјалот дека е обемен
Лани го спремавме од Џекова, освен деловите Хормони и Биомембрани што беа скрипти од професорката Богданска, ги има во фотокопир. Највеќе фокус на ензими, нивни кофактори, исто и хормоните повеќе ги прашуваа, поретко биомембрани тоа што нема во книгата, но не значи дека не може да им текне и тоа да прашаат во главно се што е во материјалот бараа.
Може да споделите искуства од каде најдобро е да се спрема завршен испит патологија1 скрипта или Робинс и презентации?
Погоре е пишано, од се по нешто. Зависи од професорите. Главни скрипта и Робинс да си подобјасниш нешто. И презентации пошо знаат да бараат особено ако е нивен дел. Пример Рубенс и имуно Или Магдалена бара стриктно Робинс за одредени партии. Бели дробови мислам беа (тоа што предавала)