Искрено тешко е....Мораш да седнеш и ако треба 10 по страни да ги учиш.. а тие термини се среќаат и понатака низ цела книга се е поврзано едно со друго...и низ други реченици ќе сватиш што значат...Ама ти треба време да и посветиш...со 1 недела патологија не се научува па и ако доаѓаш од гимназија(си знам по мене)Јас додуша слушнав и дека не била таа книгата дека имало некоја друга најдобро распрашај се на катедра.А исто така во трио имаш цела скрипта со прашања доста се паѓаат и од нив....
На книгава пишува за фармацевти дека е ги прашавме ни рекоја дека е таа книгата и пример има работи што во книгата се две реченици а за нештото ни предавале два сати и тоа е многу лошо
Проблемот е што професорите забораваат дека за 3годишни студии станува збор и често се забораваат и предаваат ко за општа ама скратено пак.
Мислам дека тоа е зградата до психијатрија. Дали за логопеди е потребен практикум за вежби физиологија?? Дали ќе ни се потпишуваат на практикумот?
Здраво..ми требаат препарати за хистологија..имам микроскоп дома..дали знае некој каде можам да најдам препарати ?
Јас го имам ама не знам колку е потребен затоа што петокот на вежби не го користевме а ниту се потпишаа, дали од утре ќе се потпишуваат незнам
Трета година гимназија сум, ме интересира дали на медицинските факултети има приемни испити, и дали просекот мора да ти биде одличен сите четири години oд средно, т.е. што се бодува повеќе можеби резултатите од државна матура? можеби се глупи прашањата ама не сум упатена многу у овие ствари
Нема врска од кое школо си, за во Скопје на УКИМ приемен испит нема, се гледа вкупниот успех и од средно и од матура, и секако дека ако си одличен сите години ќе имаш многу поголеми шанси, особено ако сакаш општа медицина каде што секоја година е многу голема заинтересираноста и многу висок критериумот.
Втора година сум на медицина и најискрено не знам дали да продолжам. Сите испити ми се положени освен оние кои сега ги спремам. Кога беше времето за уписи имав огромно влијание од моите и на секој кикс или паднат колоквиум имам огромен притисок. Нервите ми попуштаат и не знам веќе ни кај да се обратам за совет. Дали да продолжам или да се префрлам на друг факс. Финансиски како знам и умеам ќе се снајдам ама психата ми се поремети и не можам да слушам како не ме бива,ме прецениле и слично.Како и да е и да се префрлам тоа се веќе две години поминати и испити положени со добар просек. Не знам што да правам затоа Ви се обраќам тука. Дали има можност да се префрлам на Дефектологија бидејќи има доста слични предмети и ако се префрлам дали ќе ми се признаат испитите или ќе почнам се од почеток,а се до сега ќе падне у вода?
Не знам на кој смер си на медицина, ама и без разлика на смерот кој во муабетов не е битен, ти сигурно веќе имаш 20-21 година, зошто дозволуваш родителите да ти кажуваат такви работи? Особено што тие не знам ни како се нарекуваат родители. Наместо да те поддржуваат, ти вршат притисоци и ти велат дека не те бива? Бог да чува. Мислам дека е крајно време да престанеш да им молчиш и да им возвратиш на ударите, ќе видиш после тоа како ќе се свестат дека муабетите не им биле на место. Доколку ова што го учиш навистина те влече и го сакаш, не е битно дали на време ги чистиш колоквиумите или тоа го правиш во сесија. Штом велиш дека до сега се ти е исчистено значи дека си го имаш капацитетот за учење и положување на нештото. Остави што друг ти вели, не ти треба ни арно ни лошо од нив, само може дополнителни беспотребни главоболки да ти нанесат. Но доколку самата мислиш дека едноставно не си ти за ова, не се малтретирај себеси и најди нешто кое го сакаш. За дефектологија не би можела да ти помогнам зошто нит знам што учат нит кои им се условите, најдобро да си појдеш и да си прашаш, ама пак ќе ти кажам: размисли убаво што е она што ти го сакаш, а не твоите.
Девојки како сега се пријавуваат испити, на страната и плус пријавни листови? Треба нешто плус пари или само си ги пријавуваш дека ќе ги полагаш? И да ве прашам ако случајно знаете за Етика кај Чакар, имавме еден колоквиум октомври и од него ни резултати ни ништо како и што веќе кажа една од вас да не очекуваме резултати од етика и сега на 9ти имаме пак испит. Мораме да го полагаме без разлика на колоквиумот или ?
@SelenaGomez Ке купиш пријавен лист и ке уплатиш таксена марка. Останатото ако сакаат да ни го објаснат колешкиве како оди процедурата. @MagsDestiny
Ај прво прашањето за етика. Резултати ни кај Св. Петар од етика колоквиум нема да видите а инаку не се потресувајте ни за испит, зашто испитот е уствари скроз истиот тест, со скроз истите прашања (мора да се полага) и на крај после многу молење и колење од ваша страна ќе ви извадат резултати со рандом одбрани кој ќе има 9, кој 8, кој 7, и еден единствен среќјлија во цела генерација ќе си има 10. Во врска со пријавувањето испити, ќе си следите на МедФ кога ќе се отвори пријавувањето за испитна сесија, ќе си ги пријавите испитите кои планирате да ги полагате, и кога (прв или втор рок), а од книжара/трафика, сеедно, ќе си купите листови за пријава на испит, тие мислам дека беа по 30 денари. На нив се пополнува нели општо: име презиме, смер, број на индекс, семестар, прв или втор пријавен рок, кој предмет, ова она, итн., ништо посебно, и треба или да платите на уплатница со назнака „таксена марка“ 50 денари, или по СМС да си пратите за таксена марка на ваше име и презиме 50 денари (бројот и тоа што точно треба да го пишува во СМС-от го има истакнато на шалтер на студентски прашања во деканат). Не би ви препорачала да плаќате на уплатници зошто ова ви е 50 денари а плус ќе ви мавнат уште 30-40 денари провизија, јас лично од Google Play си имам симнато апликација која се вика Таксена Марка и преку неа плаќам по 50 денари, па не ми зима ни помалку ни повеќе. И сеедно е дали ќе платите преку СМС или и вие ќе си ја симнете апликацијава, како повратен СМС ќе ви стигне рандом број кој треба да го впишете долу лево на пријавниот лист, каде што исто така пишувате на која дата ќе го полагате испитот.