Кога се специјализира дали само се работи или и и се учи, се слушаат предавања и се полага? Од кого се собираат потписи? Кој има право за државна а кој за приватна специјализација? Ако трае специјализација 60 месеци дали најчесто се завршува за тој период или трае повеќе?
Да расчистиме една работа за специјализации. Треба врски. Ај за приватна не толку (зависи од област до област). Пример приватна спец трудова нема таква конкуренција како приватна хирургија спец. Е сега бидејќи местата за државна се однапред зафатени, останува борбата за места на приватна. Се добива мислам 26.000 на месец, патем работиш како што работат и сите други. Но, немаш регулирано здравствено, не ти тече пензиско и немаш платени дежурства. Што е огромен проблем, особено кај хируршки гранки, каде што и над 24ч очекуваат дека магично ќе работиш. Трета битна работа, е што да - некои колеги работат и втора работа, бидејќи со 26.000 можеш г* да си избришеш, мораат да работат и друго. Но, сметај дека нема да имаш време за дополнително 8 часовно работење. Јас знам доктор што "работи" како матичен, односно само му тече стажот додека специјализира, а на второто работно место не се ни појавува (што пак не е во ред). Е сега дали има предавања, мислам дека еднаш како да видов да седат специјализанти во амфитеатарот ама тоа беше на биохемија. Потписи зимаат и има некоја специјалистичка книшка. Ама тоа е најмал проблем во рпата проблеми што ги набројав погоре.
Им ги плаќаат и дежурствата 120ден/ч е мислам пон-саб и 140ден/ч недела.. Приватен специјализант зема 26.000 со што после специјализација е "сам свој газда", додека државните земаат 36.000 + некаков си додаток за двоен живот околу 20-22.000. Во малите градови реално треба книшка ама веќе како што се редуцира кадарот се повеќе, може да се дојде до државна специјализација само што ќе специјализираш тоа што болницата има потреба, не што те влече.
Имам неколку прашања во врска со стажот 1. За стажот од лекарска комора дали ние си бараме ментори или треба они од комора да ни доделат? Пример дали ќе ми кажат дека сум на Дигестивна хирургија кај одреден ментор или ние само одиме и од било кој професор, асистент земаме потписи? 2. За платениот стаж откако ќе се земе лиценцата, доколку ние сами си најдеме работа дали тоа треба да биде во ПЗУ или може да работиме како општ доктор било каде (градска болница, 8ми септември, клиника, систина, центар за јавно здравје) ?
Можам да ти одговорам само за првото прашање, бираш оддели. Пример интерна ја зедов реума, токсико и нефро. И секретарката на и терма ти кажува кои се ментори на тој оддел. Пример за реума беше проф. Крстиќ. И одиш кај професорот, може он да те препрати кај некој друг, може он лично да ти е ментор. На нефро е второто. Ама ретко даваат ти да бираш кај кој сакаш асст, проф. Потписот е на крај од менторот што ти држел стаж Исто и за хирургија. А за гинеко е како на вежби, ти дава секретарката лист со имиња и после ги бараш. Е сега некои колеги збореа дека се договориле со секретарката да бидат кај кого сакаат. Ама тоа не знам колку е точно.
Може сум грешка, ама колку што знам на приватните специјализанти не им ги плаќаат дежурствата, само на државните им се платени.
Бидејќи се отвори тема за специјалзации, ќе си кажам мислење од мое гледиште како стојат работите. Државна специјализација, како шо кажа колешката погоре, најчесто се добива со врски. Треба претходно да те вработат во државна институција(ЈЗУ), а всушност за тоа ти требаат врски. Не дека нема исклучоци, да влезиш без врски, ама тоа се ретки ситуации. Приватна специјализација, како поим и појава ми е многу чуден и апсурден феномен. После приватна специјализација, специјалистот нема загарантирано работно место, ниту пак ден работен стаж, воедно во текот на специјализирањето нема ни здравствено осигурување. Ммм... молим?! Уште потрагичен е фактот шо и покрај ужасно катастрофалните услови за приватна специјализација, кои сите многу добро ги знаат бидејќи такви се со години, тековно има околу 400 приватни специјализанти. Ова особено ме лути, бидејќи се уште е актуелно побарувањето на повисока плата и подобри услови од нивна страна. Зошто некој, било кој, свесно би прифатил толку лоши услови за специјализација? Тоа, според мене, е едно огромно омаловажување и лично деградирање! Гледам новодипломирани колеги, вјасаат за пред-специјалистички стаж за да ги фателе роковите за конкурс специјализација! За шо? За да исплаќаат илјадници евра годишно, а за возврат да добиваат 26000 ден/месечно, шо тековните специјализанти од прва година 5 месеци ги немаат видено?! Свестете се! Крајно време е да се каже СТОП за приватни специјализации и ужасни услови за работа во здравството! Крајно време е да се обединиме како колеги, како фела и да бојкотираме нови приватни специјализации, нови договори на дело, волонтерски договорим, работа за минималци и сл глупости!
@Waverly Raven се што напиша е така, но се е залудно, нема ништо да се смени, а сите немаат врски за да се добие државна специјализација, и се ќе си остани како што си е, на никој не му е баш гајле, сакале или не здравството ни пропаѓа
Да точно, немаат врски па мораат да се борат барем за приватна спец, колку да можат да се обучат. Но, да гледаме и од една друга страна. Колку од колегите доктори не ги бива, им го завршил некој трет факултетот. И сега гледаат само да зафатат место, пошо за надвор не ги бива без знаење. Дел од нив и државни специјализации земаат. На таквите баш им е гајле дали е државно или приватно, битно да земе нешто (а многумина вакви познавам). И на крај што останува за тој што учел. Нема да се сменат условите се додека постојат оние кои знаат дека им е се средено и нема зошто да се буни, а тоа се нажалост и не така мали бројки
Приватните специјализации се добри за да си одбереш да работиш тоа што сакаш (не што ќе ти доделат), свесно се нафаќаш да си се финансираш да. Плус за нас што немаме докторска фамилија и партиски книшки, можеби се некое решение да добиеме специјализација, како што веќе и кажавте државната претешко се добива. Во ред е што се плаќаат поголеми суми, го гледам тоа како приватна квота. Лошиот дел е што има поделба меѓу специјализанти, како државни и приватни и немаат исти права. Како може да немаат стаж, да немаат здравствено, да не се пријавени, на што личи тоа. Треба да е како за студентите, без разлика која квота сме, државна или приватна, освен финансиската разлика во ратите за плаќање, да нема друга разлика. Ова да си го регулираат, нема толку лошо да е сепак. Не е решение и сите да се иселиме, некој мора и тука да остане. И да имаш желба да останеш, пак со овие работи што се случуваат, ќе те примораат на крај работа во странство да си бараш.
Редовно сум на факултет но немав фатено услов за оваа година дали ако работам сега и после доколку фатам услов и дадам отказ на работа може да си останам редовно или морам вондредно?
Кога се запишуваат по речиси 100 доктори годишно на приватна специјализација, тоа не дава слика дека нешто не чини. Испаѓа дека се избира “помалото зло” и се прифаќаат условите какви што се. Дополнително, се шушка дека се очекува зголемување на цената на приватните специјализации за 100% од наесен. Па уште од ЗЛС, го поздравуваат зголемувањето на платите за 5%! 5% на 26000! Навистина се гледа колку си се цениме… ама како и за се друго во државава.
Zdravo, ja sum na opsta med 4 semestar ugd. Dali nekoj sto polagal imunologija kaj prof Sotirija ima baza na prasanja? I Dali Samo od nejzinata skripta bara da se uci ili potrebni se I dr literaturi? Fala od napred ☺️
Бидејќи веќе се отвори темата за специјализации, ме интересира од што зависи дали ќе има специјализација за одредена гранка од медицината. Оваа година пример фалат доста големи гранки како Дерматологија, Судска медицина итн..
Од каде е доволно да се учи торакална/васкуларна/кардиохирургија? Презентации и книгата од катедра или Сабистон треба? И Гинекологија од каде?
Па не е баш како приватна квота, овде ти како приватен специјализант испаѓа дека работиш 6 години скоро волонтерски, знак прашалник е дали ќе бидеш вработен/а откако ќе завршиш, немаш здравствено, добиваш некоја мизерна плата ама бидејќи веќе плаќаш нема ни поента, имаш дежурства кои не ти се платени....искрено, нема ништо убаво во ова, ако е за работење тоа што сакаш може да има опција да аплицираш на повеќе гранки. Приватна специјализација постои во многу малку земји, меѓу кои и нашата.
Торакална од Кондов книгата, васкуларна презентации (ако евентуално сакаш и Сабистон) кардио исто презентации, ама на тестот не даваат прашања од кардио. Гинеко презентации само.