@MagsDestiny после тоа да се обратиме на студентски прашања, печати нешто да стават? Оваа по анатомија рече со пријавите да сме иделе во институтот за анатомија па таму да сме ги оставиле. О.о Каква е процедурата понатаму?
Не бе ништо какви печати. Тоа си зависи до политиката на катедрата. Пример анатомија ги бараат да им ги однесете кај секретарката зошто нели на анатомија има и картончиња за бодови (ова има барем на општа, кај вас не знам како е), и полесно им е за организирање на испитот. За други предмети пак си ја носиш со тебе пријавата на денот на испитот, и кога ве прозиваат пред да влезете во амфи им ја предавате на професорите или кој и да биде тој што ќе ве надгледува.
Ти благодарам што одвои време да ми одговориш, значи за кај чакар да повторам тоа прашањата од трио и да ја прочитам уште еднаш таа "скриптата" Иначе за пријавување на испитите денес излезе на страната и треба да се пријават до 12ти јануари. Среќно на сите
Па треба добар просек но во пракса не е така. Оваа година на општа и на стоматологија гледам примија некои со по 40-50 поени, а викаа мора да имаш над 85, така да не се оптеретувај многу со успехот Иначе гледам на страната објавиле јануарска сесија со термини од 9ти и од 20 и некој таму. Они не делат кој од кога ќе полага или тоа е ние кога сакаме да пријавиме?
Ние од мај немавме резултати, ги добивме крајот на ноември и тоа со жалби до деканат и краен притисок извршен врз него, така да наредна година можда ќе имате среќа за резултати
Некоја да не е од вас на три годишните за радиолошки технолог, втора година, утре полагаме радијациона физика па да да ми кажете какви биле отприлика тестовите, на дополнување,објаснување,заокружување итн..
здраво девојки ,ми треба мала помош некоја од вас што е на медицински факултет, ако сака да ми пише, да ми помогне нешто околу биологија за 2 година средно
Па сите тука сме на медицински факултет пиши ми лп ако сакаш, мада не ни знам што се учи биологија средно, ама ако знам нешто да објаснам ќе пробам
Колешки 1ва година сум, па да ве прашам искуство од практичен Хистологија Полагам во вторник и незнам на што точно да се концентрирам
Во главно е лесно и не е страшно ,ама зависи кај кого полагаш. Асс.Ирена,Асс. Лена и проф.Грацилија и проф.Миленкова се според мое лично искуство најсмирени,најфини и најреално оценуваат. Посебно проф.Миленкова,таа е пример за тоа како треба еден професор да се постави кон студент. Инаку за материјалот колку што се сеќавам полагате ткива така да сконцентрирај се на препознавање препарати, и главните одлики на секое ткиво.Сепак не треба да те изненади и ако добиеш прашање за некоја ситница,хистологија е во прашање. Со среќа )
Малтретира за судска?? О.о Ние баш гледавме списоци од студенти од општа оценките се над 7 им беа. Воопшто немавме таков впечаток дека е тежок професорот
Па он не става лоши оценки, туку психички малтретира дур да ја добиеш таа оценка. А и судска не предава само он, така да може и да не се негови пошо списоци он не објавува баш