Kolku se plakja drzavna vo sopredba so pivatna specijalizacija? dali zavisi od grankata sto ja biras ili ?
Kolku se plakja drzavna vo sopredba so pivatna specijalizacija? dali zavisi od grankata sto ja biras ili ?
Имаше еден период поодамна нешто као ценовник за специјализации на страната на медф ама мислам е тргнат. Цената зависи од хируршки гранки или нехируршки. Мислам дека хируршките се 10.000е или 12.000е. Ама не сум сигурна за цените. Нешто така ми се врти во глава. С нехируршки гранки се малку поефтини. А за државни мислам дека не се плаќа ништо, или нешто малку (ама не ме фаќај за збор- не сум се распрашувала детално)
Не мора да се распрашувате посебно за цени на специјализација, утврдени си се во службен весник. Цените се тие, разлика меѓу приватна и државна е само во тоа што приватната сам си ја плаќаш, семестар по семестар, а државната не ја плаќаш сам туку за тебе ја плаќа установата во која си вработен, со тоа што услов е откако ќе завршиш или да останеш уште исто толку години да работиш за установата која ти плаќала, или дупло да и отплатиш за да можеш да се вработиш на друго место. Условите, времетраење и сè останато пак е наведено кога се распишуваат конкурси
Бидејќи последните денови на уписите за семестар местото каде што беше книжарата на факултет се користеше за уписот и книгите беа тргнати, дали книжарата сега е пак на тоа место или е преместена некаде на друго место, и ако е на друго каде е? Ви благодарам многу за одговорот
Книжарата е преместена кај библиотеката. Односно, во бараката до Министерство, фактички спроти институти, спроти биохемија
Здраво, дали некој знае која е скриптава која се користи за патологија 2 од медицинскиот факултет во Скопје (со подобро објаснети макроскопски и микроскопски карактеристики) и од каде би можела да ја најдам, ви благодарам многу
Август најчесто. Како што памтам, лани имаше летото конкурс. Мислам дека на страната сеуште стои, би требало да има датум на објавување. А не сум сигурна, како да има некогаш и во Јан/фев, ама ова како да приметив пред некоја година, сега не сум видела. Не ме фаќај за збор за второво
Дада ама пошо ќе си на крај со стажот, мислам можеш да се пријавиш. Исто како за лиценца. Стажот од комора беше до 8ми а можеше до 1ви да се пријавиш. Пошо секако ќе завршиш