здраво кога од прилика излегува распоредот за август-септември сесијата и од кога до кога обично трае истата?
Во тек на јунска излегува, последните недели од јунска поконкретно, обично од 20ти август до 20ти септември трае, со тоа што до почеток на нов семестар може да се извлечка некое усно полагање.
Zdravo, znae nekoj kako odi procesot za prefrlanje na druga programa konkretno od opshta medicina na trigodisni strucni studii i dali priznavaat polozeni predmeti?
Здраво на сите, се надевам некој има одговор или претходно искуство, би ми значело. Ме интересира за работа надвор од Македонија со диплома Радиолошки технолог од факсот во Ск или вишата во БТ, односно колку се дипломите признати генерално низ светот, со исклучок на Германија и Балканот, и колку е воопшто професијата барана. Фала
Зависи од професорот, нас проф ни даде едно две недели колку што памтам, ни даде повеќе датуми и се организиравме сами.
Зависи од држава до држава , генерално во повеќето европски држави се признаени горе доле. Америка не знам баш бидејќи таму имаат сосема друг систем на образование и не верувам нашите дипломи да се признаени таму (и да се , следи долг процес на документации , дополагања , нострификации и други бирократски процедури). Во некои европски држави стручни студии веќе не постојат т.е се заменуваат со академски 4 годишни па така нашата диплома е половина важечка. Пример во некои ех. Југословенски држави смерот Радиолошки технолог се учи 4 години и називот му е инженер по медицинска радиологија. Кај нас за сега само логопеди ги направија академски , другите студии треба веќе да се реакредитираат во академски пошто 80% од европа тоа го има направено уште одамна. Кај нив мед.сестра , рад.технолог , медицински лаборант и други професии можат да се надградуваат и академски со магистерски па дури и докторски студии (сестра со докторат , научна фантастика за кај нас).
Здраво колеги! Имам забуна во однос на предметот Клиничко испитување. Се е многу измешано има многу книги и катедри не знам од каде да почнам. Дали ќе може некој што знае да ми каже од каде да се учи за тестот и за усното? Дали од практикум или од книгите за секоја катедра посебно? Исто така ме интересира и за колку време би можело да се подготви и како се одвива полагањето?
Интерна делот од Штипската скрипта, хирургија исто некоја скрипта имаше, педијатрија од презентации. Лесно е многу за положување, за една-две недели се спрема топ.
Здраво дечки . Со другар зборувавме за темата просек . Што мислење имате вие кога станува збор за истиот ? Што е висок просек , среден просек на медицински .
Зборете си на други теми Во оваа држава просекот не вреди за апсолутно ништо, а воедно не е ниту показател за знаење.