Медицински факултет

Discussion in 'Образование' started by Victorya, Nov 24, 2010.

  1. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Joined:
    Jun 9, 2011
    Messages:
    2,352
    Likes Received:
    18,268
    Gender:
    Female
    Ќе следиш на МедФ кога ќе го отворат предметот кој те интересира за пријавување, ќе си го пријавиш електронски, и потоа или ќе имате соопштение во врска со него, или ќе треба да појдеш кај секретарката од таа катедра, или професорот/ката одговорен/на за тој предмет, за да се договориш за правењето на семинарската (велам семинарска зошто бар на општа најголемиот дел од изборните предмети се состојат само од тоа - правење семинарска).
     
    *Amethyst* likes this.
  2. NOVAVON

    NOVAVON Истакнат член

    Joined:
    Sep 11, 2016
    Messages:
    313
    Likes Received:
    441
    Gender:
    Female
    @MagsDestiny за 3годишните сега се отворени само Научен труд и Физиологија на спиење,а мене ме интересира друг предмет од изборните да чекам вотекот на 2017ма да го отворат за пријава или обврзана сум сега да изберам од овие 2 некој?
    И да те прашам во врска со евалуацијата, тие што сме запишани 1ва немаме евалуација направено а на студентски велат дека сме морале на почеток на семестар тоа и сега да платиме казна 1000денари за да ни прифатат сега евалуација,објасни ми нешто во врска со ова како оди.
     
  3. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Joined:
    Jun 9, 2011
    Messages:
    2,352
    Likes Received:
    18,268
    Gender:
    Female
    Не си обврзана да одбереш сега моментално еден од овие два, изборните предмети ги отвораат во различни термини, и кој што сакаш, тој можеш да го избереш. Не е ништо морално, јас пример во прва година немав земено изборен зошто ниеден од понудените не ми се допаѓаше.

    Евалуација се прави кога си веќе запишан, значи пред запишување на нареден семестар, и точно е дека мора да ја извршиш пред да запишеш нареден семестар. Но, што и кого ќе евалуираш, кога допрва запишуваш прв семестар побогу? Евалуацијата е всушност оценување на предметите и професорите кои си ги слушала т.е. кои ти предавале. Да не дошло до некое недоразбирање на студентски? Евалуацијата сега во моментов не е отворена, би требало да биде во нареднава недела дена, а гледам дека заверка и упис на семестар за I година ќе е од 09.01., така што имате време да ја извршите пред да запишете 2. семестар.
     
    NOVAVON and *Amethyst* like this.
  4. zaki96

    zaki96 Истакнат член

    Joined:
    Aug 14, 2016
    Messages:
    127
    Likes Received:
    114
    Малку помош ако може:DD
    На 9ти треба да однесам пополнета пријава за семестар на студентски прашања со уплатница од 200 евра или кога ќе биде уплаќањето на втор семестар?
    Пишува од 13-24.02 се прави упис преку студентски картон (што е тоа??) и треба да се направи студентска евалуација. Што е евалуација?? @MagsDestiny напишала дека тоа е оценување на предметите и професорите кои се слушани, но на страната пишува евалуацијата е затворена. Кога ќе се отвори треба да дадеме оцена за колку сме задоволни од предметот и професорот или што оцена мислиме дека треба да добиеме?? Знам може глупости лупам но не ми е јасно воопшто што како треба да направам.

    Кога сме кај изборни предмети моментално активни се Физиологија на спиење и Научниот труд да се напише и објави. Што е конкретно тоа Научниот труд да се напише и објави, пишуваме семинарска и ја презентираме? Дали има некоја врска што ќе избереме за изборен или тоа е исто како проектната за матура колку да добиеме поголем просек? Уште нешто, дали може да се падне на изборен? :DD
     
  5. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Joined:
    Jun 9, 2011
    Messages:
    2,352
    Likes Received:
    18,268
    Gender:
    Female
    Ајде вака. Прво, не се буни со 13-24.02., тоа се термини за упис на вонредните студенти, така што тие термини не ги гледај воопшто, не ти се тебе потребни.
    За вас редовните студенти од прва година, уписот е од 09-13.01., без 12.01. Во еден од тие денови треба да одиш на шалтер на студентски прашања со: индекс, уплатница од 100 (ако си државна) или 200 евра (ако си приватна квота) секако уплатени во денарска противвредност, лист за заверка на тековниот, и лист за упис на наредниот семестар. Индексот ќе ти остане неколку дена таму, за да ти заверат нова страна.
    Во мојот предходен пост убаво пишав дека точно, евалуацијата е сѐ уште затворена, но во теков на нареднава недела би требало да се отвори. Сега, не работам јас на студентски за да знам за сигурно кој ден ќе ја отворат, ама логично е да е сега скоро, бидејќи вие од прва година мора да ја завршите пред уписот на 09.01. Без да извршите евалуација, не можете да запишете нов семестар. Евалуацијата е всушност, твоја оценка за предметите кои си ги слушала, и професорите кои ти предавале (од аспект, колку се поклопуваат вежбите со предавањата, дали има доволен материјал за учење, дали се бара од студентите премногу, и сл.). Не е ништо посебно, можеш на сѐ да ставиш оценка 10, можеш на сѐ да ставиш оценка 6, можеш мешано, како сакаш, битното е да ја извршиш пред упис.
    Истото важи и за електронскиот упис на семестар. Сѐ уште не е отворен, ама каде и да е треба да се отвори (ги отвораат обично во исто време со евалуацијата). Преку твојот профил на МедФ сама ќе си запишеш кој семестар сега наредно ќе го слушаш, и ќе ставиш кои редовни (задолжителни) предмети ќе ги слушаш во истиот (изборни предмети не се запишуваат тука и вака, за нив погоре пишав како се бираат во текот на семестарот). Исто и електронскиот упис на семестар мора да ти е обавен, како и евалуацијата, пред да одиш на студентски за да поднесеш документи.
    Во врска со изборните предмети, и предходно кажав дека не мора да изберете ниеден од овие два во моментов, доколку не ви се допаѓаат. Сите изборни предмети всушност се состојат само од правење на семинарска, а тоа дали само треба да му ја доставите на професорот, или ќе треба пред него и да ја презентирате, зависи од самиот професор - некои бараат, некои не. На изборен предмет во никој случај не се паѓа, и најчесто оценка е 10, многу ретко некој на изборен предмет да добие 9. Предметот научниот труд да се напише и да се објави е од катедрата по имунологија, и за овој предмет не треба ниту семинарска. Единствено треба да го пријавиш електронски, и кај секретарката да однесеш пополнета пријава за испит со твојот индекс (во индексот секако запишан предметов), и професорот ви пишува 10 (да напоменам, вака е на општа; доколку има некоја разлика на тригодишните тогаш не знам, иако мислам дека не би требало да има никаква разлика во изборните).
    Мислам дека ова е сѐ. :D
     
    zaki96 and *Amethyst* like this.
  6. krasivass

    krasivass Нов член

    Joined:
    Dec 29, 2016
    Messages:
    2
    Likes Received:
    1
    Gender:
    Female
    Studiram za fizioterapevt i za prv pat kje polagam klinicka, nekoj so povekje informacii?
     
  7. zaki96

    zaki96 Истакнат член

    Joined:
    Aug 14, 2016
    Messages:
    127
    Likes Received:
    114
    Благодарам премногу <3 само уште да прашам кај се наоѓа тоа на страната за да пријавам следен семестар?
    И кај изборните за Научниот труд да се напише и објави пишува почеток и крај 09.12.2016-15.01.2017, тоа е рок за пријавување и потоа надокнадно професорот не известува што и како или во овој рок ти кажува за што да пишуваш ако воопшто дадат да се прави семинарска?
     
  8. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Joined:
    Jun 9, 2011
    Messages:
    2,352
    Likes Received:
    18,268
    Gender:
    Female
    Убаво пишав во предходното мислење, евалуацијата и пријавувањето на семестар сѐ уште не се отворени, така да не можеш сега ништо да пријавиш. Кога ќе отворат пријава на семестар, на твојот профил на МедФ од лево тоа малото зелено топче што свети зелено и покрај кое пишува уписот е одобрен ќе се смени во црвено и ќе пишува упис не е направен или така нешто, и тогаш ќе можеш да пријавиш нов.
    Тие дати што стојат десно од насловот на изборниот предмет се од која до која дата е отворен уписот на тој предмет, така да ако сакаш да го пријавиш овој најдоцна можеш да го сториш тоа до 15.01. И за овој предмет ти кажав, нема правење семинарска. За други предмети за семинарска, откако ќе го пријавиш си се договараш со одговорниот професор за тој предмет.
     
    zaki96 likes this.
  9. zaki96

    zaki96 Истакнат член

    Joined:
    Aug 14, 2016
    Messages:
    127
    Likes Received:
    114
    Уште ова да прашам, знам многу прашувам :P
    Според вас дали е паметно да го изберам Научниот труд или не? Затоа што ако во индекс стои Научниот труд и оцена 10 без никакви испити и правење семинарски тогаш ова е најдобар предмет.
     
  10. Oscar Lady

    Oscar Lady Популарен член

    Joined:
    Jan 14, 2015
    Messages:
    1,227
    Likes Received:
    6,417
    Gender:
    Female
    Каде се наоѓа катедра по имунологија? Имам изборен , па да прашам како ќе биде : )
     
  11. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Joined:
    Jun 9, 2011
    Messages:
    2,352
    Likes Received:
    18,268
    Gender:
    Female
    Во ходникот од физиологија, скроз до крај лево, тука е генетика и имунологија.
     
  12. Arja

    Arja Популарен член

    Joined:
    Mar 9, 2016
    Messages:
    843
    Likes Received:
    1,361
    Gender:
    Female
    Јас студирам исто физиотерапевти, сега сум втора година, трет семестар. Положен ми е клиничка но има еден проблем. До лани, неколку предмети, вклучувајќи го и клиничка, беше под одговорност на професорката Мира. Лани професорката се откажа и сега сите предмети, повторно вклучувајќи и клиничка, се под одговорност на Ериета. Така да што и да кажам во врска со полагање, ќе биде различно оваа година. Научи си ја добро книгата, не знам дали ќе полагаш како колоквиуми или како цел испит, ама сконцентрирај се на главните работи. Писмениот дел не е тежок но за усниот треба повеќе внимание. Мислам дека веќе ви кажале но еве сепак да спомнам за усниот дел. Првото прашање е за мерење на должина или обем на екстремитет, второто прашање е за мерење на обем на подвижност во некој зглоб а третото прашање е ММТ (мануелен мускулен тест). За усното би ти советувала да влезеш меѓу првите за да ти дадат некој од поголемите мускули. И посветувај многу внимние на пракса, не се срами, пробувај да мериш обем, должина и особено ммт бидејќи едно е да учиш сама дома а друго е да ти објаснуваат терапевтите таму. Се надевам дека помогнав и со среќа!
     
    krasivass likes this.
  13. NOVAVON

    NOVAVON Истакнат член

    Joined:
    Sep 11, 2016
    Messages:
    313
    Likes Received:
    441
    Gender:
    Female
    @MagsDestiny ако знаеш одговоривми иако ми треба совет од поискусниве на 3годишните. Пропуштив електронски да пријавам што сакав да полагам,конкретно денес гледам до вчера било пријавувањето и пишува во ваква ситуација да се обратам до секоја катедра кај што сакам да полагам. Ќе ми прават проблеми или се случувало и друг пат?
     
  14. zaki96

    zaki96 Истакнат член

    Joined:
    Aug 14, 2016
    Messages:
    127
    Likes Received:
    114
    @MagsDestiny јас направив евалуација и го запишав втор семестар електронски, но ми дава дека имам само 30 кредити а за просек под 8,5 треба 35 максимум. Тоа значи дека треба да пријавам 2 изборни предмети за да добијам нешто над 35 кредити?? Во листата за предмети за во втор семестар го нема оној Научниот труд.
     
  15. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Joined:
    Jun 9, 2011
    Messages:
    2,352
    Likes Received:
    18,268
    Gender:
    Female
    Значи во листа на предмети при електронски упис ги имате само задолжителните предмети, не и изборните, го нагласив тоа убаво и предходно!
    И редовните предмети секој семестар ти носат по 29 или 30 кредити, а ти доколку имаш просек под 8,5 можеш да земаш изборни за максимум 35 кредити во семестарот, а ако имаш над 8,5 просек можеш да стигнеш до максимум 40 кредити во семестарот. Ама не мораш да обрнуваш внимание на тоа, битно ти е да ги положуваш редовните предмети за да ги добиваш кредитите што тие ги носат, пошто секој изборен носи само по 1 кредит па не е ништо посебно (изборните најмногу вредат за кревање просек).
     
    zaki96 likes this.
  16. SelenaGomez

    SelenaGomez Популарен член

    Joined:
    Jul 26, 2010
    Messages:
    967
    Likes Received:
    1,980
    Gender:
    Female
    Да ве прашам во врска со семестралните листови,треба да се пополнат заедно со си предметите кои ги заверуваме и запишуваме со си име на професори и фонд на часови? Ако да, немам место уште за два предмети, каде да ги пишувам? И дали се пишува предмет што ќе ти е во втор семестар?

    Можда е глупо прашањево, ама бруцош, тоа е :D:D:D:D
     
  17. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Joined:
    Jun 9, 2011
    Messages:
    2,352
    Likes Received:
    18,268
    Gender:
    Female
    Да да, и на листот за заверка на семестар и на листот за упис ги пишуваш предметите кои си ги слушала т.е. кои ќе ги слушаш сосе одговорните професори и фонд на часови. А за тоа што нема место за сите да се пишат во графата, мене кога прв пат ми се случи такво нешто на шалтер на студентски ми рекоа дека нема врска тоа и дека може да го упикам каде било, па си го допишав надоле кон графата за изборни, иако се работеше за редовен предмет. На шалтер им е поважно бројот на предмети на листот да ти се совпаѓа со бројот на предмети кои ти се пишани во индекс, не обрнуваат многу внимание на тоа каде се напишани. :)
     
    SelenaGomez likes this.
  18. JanMor55

    JanMor55 Активен член

    Joined:
    Dec 13, 2015
    Messages:
    10
    Likes Received:
    5
    Gender:
    Female
    Можете да ми кажете која е разликата од општа и медицина-нова и што е подобро
     
  19. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Joined:
    Nov 22, 2012
    Messages:
    2,368
    Likes Received:
    2,475
    Gender:
    Female
    Истото е :D Само поради акредитацијата направена во 2014 е сменет називот. Сите генерации запишани пред 2014 се водат како Општа медицина, а сите запишани од 2014 навака се водат како Општа медицина-нова.
     
    JanMor55 likes this.
  20. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Joined:
    Jun 9, 2011
    Messages:
    2,352
    Likes Received:
    18,268
    Gender:
    Female
    Разликата е што смер медицина се сите оние генерации заклучно со 2013/14. Сите кои запишуваат општа медицина од генерација 2014/15 наваму, се водат како смер медицина - нова, зошто со новиот закон за медицински студии има промени во предметите и плус полагање на дополнителни испити од Лекарска Комора, кои порано ги немаше. Така да нема подобро, ако сакаш општа медицина да запишеш - немаш избор, само таа една е. :)
     
    JanMor55 likes this.