Zdavoo dali znaete koga ke pocnat pak da rabotat kopirnicite? Denes bev i nitu edna ne rabotese od ovie okolu faks a i na vrata nemaa staveno nisto
Здраво, додека ја пополнував пријавата за упис за прв циклус видов дека кај Специјални околности може да се одбере Припадници на безбедносни сили (мојот татко е припадник) и ќе треба да се однесе и документ од МВР. Сакав да прашам дали да постапиме така со тоа што ќе однесам документ од МВР но така пак ми е мисла дане ми се намалат шансите да бидам примена и затоа можеби е подобро да се пријавам без специјални услови, што мислите вие?
Баш со тоа би ти се зголемиле шансите, има одреден број на кандидати што ги примаат од тие специјални услови односно деца на бранители. Нека потврди само некој што е поупатен у ова.
Може ли да ми помогнете писменото клиничко од каде е најдобро да се спрема и какви прашања се паѓаат на тестот? Бидејќи нема книга многу ми е страв незнам од кај да учам...
Здраво. Сум студент на Медицинскиот факултет во Тетово, сега завршив втора година (општа медицина), кога се запишував не бев примана во Скопје, па се запишав овде. Полагав на македонски имам доста колеги македонци кои сите предмети до сега ги полагавме на македонски, но предавањата се на албански, па затоа сакам да дојдам во Скопке. Сакав лани да се пробам да направам трансвер, но поради одредени проблеми кои ги имав лани не успеав да го средам тоа. Сакам да ве прашам дали може да се направи трансвер после втора година од Тетово во Скопје и дали положените предмети го признаваат, дали има некој да ми каже или некои пд колегите што ги познавате што успеале да се префрлат, ве молам пишете ми , ќе ми значи многу. Благодарам, поздрав.
Има скрипта од Штип за клиничко, од таму спремај за интерна делот. А, за хирургија и педијатрија од презентации.
Дали на завршниот испит (усниот дел) по Микробиологија 2, некој прашува вируси од колоквиум? За бактерии и габи имам слушнато дека проф. Кафтанџиева, проф. Докиќ, проф. Каќа знаеле да прашаат.
Има друга скрипта, доста поголема, ама не ти треба цела бидејќи има материјал и за предметот интерна.
Dvosemestralni predmeti hirurgija, ginekologija koi treat po 6 sesii , od koga se racunaat, dali se racunaat kako celosen predmet otkako kje pominat I dvata semestra ? Ako nekoj sega e završil 5ta godina, dali vo januari ovaa kje mu e 3ta sesija hirurgija I 4ta sesija gineko ili vo januar se prezapisuvaat? Fala
Види најдобро објаснување е дека ако пример хирургија не положиш до јануари нема да ја презапишеш но нема да слушаш стаж и автоматски имаш уште една година. Така да предметите мораш да го полагаш во зависност од распоредот на стажови. Ако добро објаснив.
zdravo, bi sakala da postavam prasanje vo vrska so stipendii za redovni studenti od vtora godina nagore. koga obicno se aplicira i koi uslovi treba da bidat ispolneti? fala vi odnapred
Здраво, дали некој има информација случајно за нострификација на диплома во Хрватска ми кажаа дека не било тешко бидејки имаат дефицит на кадар да не знае некој точно процедура или искуство да има?
Госпоѓа Жарка Рогич која е одговорна за ова прашање во хрватската љечничка комора е премила и многу достапна жена, ако оствариш контакт со неа сè детално ќе ти објасни. Сите потребни документи (треба убаво да се информираш за точно сите зошто еден да ти фали ќе те вратат) судски треба да ги преведеш и нотарски да ги завериш (заверуваш и копија од оригиналите на македонски а не само преведените), па сите нив заедно со (одредена) уплата ги поднесуваш во хрватска комора, таму прават споредба и те известуваат што уште треба да дополагаш или преполагаш. Си бираш на кој факултет кај нив сакаш да полагаш (на тебе е каде ќе полагаш со тоа што не е иста цената на сите факултети), договараш датуми и одиш. На крај полагаш во нивната комора како што се полага во нашата. Што и колку ќе полагаш зависи и од предметните програми што си ги слушал/а на факултет ама и од тоа дали и колку и какво работно искуство имаш. Откако ќе земеш нострифицирана диплома со неа таму можеш да работиш само како општ лекар, или матичен или во брза помош, но немаш право да аплицираш за специјализација зошто кај нив меѓу другото, еден од потребните документи кои се услов за да добиеш специјализација (за разлика од кај нас), е хрватска домовница (државјанство), а таа се добива или после 4 години по основа на брак со хрватски државјанин, или мислам дека беа 8-9 години по основа на работа (со работна виза) во Хрватска. Не е екстремно тежок процес, ама пак не е ни толку едноставен со оглед на тоа што иако имаат голем дефицит на кадар сепак се земја членка на ЕУ па си држат до одредени критериуми.
Здраво, би можел некој да ми каже, кои се условите за добивање на државна специјализација, и колку актуелно, чини приватна специјализација? Барав информации низ страните на Министерството за здравство, за жал не успеав да најдам. Ви благодарам однапред ❤️ Убав ден❤️
Цена на чинење на специјализацијатаза кандидати во приватни установи, други правни лица и невработени - хируршки гранки 1600 ЕУР годишно - нехируршки гранки 1280 ЕУР годишно - теоретска настава1000 ЕУР (се изведува само во првата година на специјализацијата, а се плаќа на два семестри по 500 ЕУР) - специјалистички испит 600 ЕУР За државна треба да си вработен во државна болница и да имаш добри врски