Благодарам на одговорот. Дали приватните специјазанти се платени за време на траењето на специјализацијата? Дали е потребно и таму врски или партиска книшка? Фала многу ❤️
За приватна специјализација не ти требат врски, те рангираат во однос на пријавените, а земаат плата 26 000, е сега ќе имало некои законски измени за приватните дека ќе бидат вработени
Decki do vcera bese rokot za prijavuvanje ispiti, denes mi tekna i gledam pominal rokot. Sto treba sega da pravam? Ima li nekoj. Nacin da prijavam
Медицинскиот Факултет во Скопје от пред 2,3 години прима студенти от другите факултети (Штип и Тетово) кои сакаат да се префрлат во Скопје.Пред тоа не примаа но колку што знам, доста се префрлија во последните 2,3 години и мислам дека се уште може ,веке 2,3 година по ред прават трансфер !.Нажалост квалитетот и тежината на МФ во Скопје со текот на годините многу опадна и искрено не се разликува многу от другите факултети по медицина во Мк,така да можеби и затоа одлучија да дозволуваат трансфер.Така да јави се во деканатот во Скопје и разпрашај се детално,поздрав !
Шансите ти се огромни за прием ( да не речам со сигурност ке бидеш примена ) доколку го исполнуваш условот за специјални околности , така да обавезно пополни го тоа поле ( штиклирај го ) ! и се разбира однеси го документот от МВР,Многу успех !
Дали е подобро изборни да се земат сега или во летен семестар? За клинички изборни за 4та зборам. Гледав дека послабо опции за клинички изборни има сега за зимски за 4та што може да се земат, па се мислев дали во летен подобро да земам? Кои би ги препорачале?
Сеедно е кој изборен ќе го земеш. Во принцип бирај некој каде што нема да те малтретираат као да полагаш условен во последна сесија. И запази го правилото за колку предклинички колку клинички треба да имаш. Тоа е во принцип фората со изборните.
Завршив со претклинички, уште 2 клинички треба да имам. Се мислев годинава да си ги завршам, само што не знам кои се полесни така за земање. Нешто само семинарска сам да правиш, некои такви има ли?
Уф имаше еден со ангиологија и тој скоро сите го зимаат. Знам дека кај Докиќ е многу тешко да се помине изборен. И тоа не би земала. И на трудова се лесни изборните. Зависи дали имаш слушано трудова.
Значи по нострификација и по основ работна виза, за специјализација можеш да аплицираш по земање на државјанство, т.е. по 8-9г? Па во Германија нема толку чекање иако е долгогодишна членка на ЕУ ако одиме по таа логика. Да имаше соопштение од М за З дека во две етапи ќе се овозможи вработување на 600 приватни специјализанти. Прва етапа 300 оваа година, па уште 300 следната. Оваа одлука искрено, би била контрапрпдуктивна доколку и понатаму се овозможат приватни специјализации бидејќи трајно проблемот не се решава. Идните прив. специјализатни би се соочиле со истите проблеми: ниска плата, без здравствено и пензиско осигурување и стаж, а јавното здравство реално не можи бесконечно да прима специјализанти, ниту е толку голем обртот на лекари особено со моменталните квоти.
Да, така е, со тоа што ЕУ нема врска конкретно за специјализациите, тоа си е политика на државата. Кај нас пример потребни документи се диплома, стаж и сл., значи сè поврзано конкретно со факултетот, државјанството нема врска, но во Хрватска еден од потребните документи за жал е нивна домовница. Порано имале посебна квота на специјализации за страни држављани, но таа сега е укината.
Здраво, не пријавив усен испит на iknow, дали ќе можам во студентски да платам за да го полагам ? Би ви била многу благодарна на одговорот
Здраво, кој е начинот на полагање на предметите во 5та година? Како се полагаат физикална, медицина на труд, семејна медицина, орл? и која комбинација на предмети обично ја прават студентите за во јануари. благодарам
Физикална се полага само писмено, многу е лесно; семејна имаш еден колоквиум па усно, исто така е многу лесно; трудова се еден коловиум, завршен писмен и усно, голем е предметот ама не е тежок; орл се два колоквиуми и усно, материјалот не е претежок, ама досадни се за тестовите, ситници некои даваат и сакаат скроз како во книга пишано, усното е лесно, сите проф се океј.
Можеш да си комбинираш повеќе предмети. Во принцип се е океј. Единствено очно ние имавме проблем ама и тоа се решаваше само после неколку паѓања, нажалост.