Здраво, исто така и јас видов дека постои посебна квота за националности кои се помалку застапени во нашата држава, како власи... Ме интересира дали доколку аплицирам во таа квота ќе бидам рангирана посебно без да имам врска со преостанатите кандидати од државна и приватна квота, односно дали доколку во квотата за националности имам највисоки бодови (пр.95 бодови) ќе бидам примена иако во преостанатите квоти, државна и приватна ќе имаат повисоки бодови од мене, дали тоа така функционира?
Значи бе Значи да пробам во национална квота, и најверојатно ќе бидам примена со 95 бодови на општа медицина во Скопје
Здраво Слушам кажуваат дека оваа година била премногу слаба државната матура,дали би ме примиле на општа медицина во Скопје со 90 поени?
Дали некој знае каде да ја најдам книгата Интерна Медицина од Серафимовски и соработници? Исто така би сакала да повторам интерна за државен испит дали е океј да учам од Михич бидејки томовите искрено ми се крш не ми се допаѓаат воопшто
Ке може ли некој да ми препорача учебник по интерна медицина ,но да не се томовите? И по педијатрија учебник исто ,од кој учебник е наидобро да се учи педијатрија?
Da za da slushash toa prepishuvanje na lekovi. Imash vreme do januari sose jan da polozish samo farma. Klinicka farma ne e uslov za staz
a sega za da pocnam so staz treba site tri predmeti da mi se polozeni (planiram interna, gineko i semejna... no sega treba da polagam semejna i gineko... ako slucajno ne polozam gineko dali vo taa kaznena sesija mozam nekako da polozam za da prodolzam so staz? I dali po interna blok moze da slusame semejna, a vo tret blok gineko...ako moze da mi objasni bidejkji ne mi jasno... Dali e pametno sega da se zapocne so staz ili otkako se bi polozila?
Не е условен Фармакологија за да слушаш стаж (освен ако не е сменето нешто во меѓувреме, ама до лани сигурно не беше). Во врска со стажовите, ако положиш семејна сега ќе го слушаш во вториот блок (после интерна), па потоа има казнена (во неа можеш да полагаш гинеко/педијатрија/трудова и тоа само два од нив) и пример ако положиш трудова само ќе ја слушаш во трет блок (пред јануарска сесија).
Книгата од Серафимоски ја имаше во Трио и во таа карши Мама пекарата. Инаку зошто не ти се допаѓаат интерна томивите, прашувам бидејќи бев во план нешто да копирам/купувам дека понови книги? Инаку воопшто не сум ги разгледал.
Еве јас ќе ти кажам како тазе слушано и положено интерна. Од томот деловите пулмо и кардио се катастрофа. Нефро, хемато, гастро и ендо се во глобала добри, разбирливо напишано е и објаснето и ревма е исто океј, а токсико искрено од српските учев дека бо томот апсолутно една реченица не разбирав.
Премногу глупости пишувани има како прикаски раскажување, патофизиологија е прво 4 страни а коа ке прочиташ гледаш дека уствари тоа можело во пола страна да се пише не е обрнато мн вннимание на самата болест дијагноза лекување илустрации слики туку некако мн внимание на патофиза е