Фала вии! Баш ме разочараа, после толку години спремање, а после тоа, уште толку фалење за нејзиното издавање, особено од страна на кардиолозите.
Немаат некако целина, униформност. Кој за што си предавал си напишал, па така некои делови (лекции) се добри, јасни, разбирливи, некои се заборавиле, цела семинарска што е зборот напишале предетално, а скроз непотребно. Искрено претерано фалење, а напишани се колку да се напишани, многу треба да се досредат и да бидат онака баш материјал за учење.
Прашање до дипломираните колеги во врска со стажовите од Лекарска комора. Стажот кај матичен лекар ми завршува во сабота, дали можам да почнам со друг стаж (интерна) во недела или ќе изгубам ден и ќе почнам од понеделник? Некој вика може некој не може и ми треба сигурна информација Исто така, ако можете во порака да ми пратите пример како треба да се пополнат страните во книшката за потписи, никој ништо не споделува божем државна тајна е
Инаку има поделени информации баш за ова. И некои викаат само првиот стаж не може да почне во недела а после другите може да почнат во недела. А некои викаат не можело никогаш во недела да почнеш. Една работа, не е битно. Имаш краен датум секако почеток на декември ќе му дое. И во комора не бројат. Само гледаат првиот и крајниот датум да се океј. Инаку за тоа со потпишувањето не знам што да ти кажам. Има име на доктор најгоре. Второто поле мислам е име на институција. Третото е датум. Четврто треба докторот да напише "стажот е успешно реализиран". И последното поле потпис и факсимил
Страниците како што се по колони: на првата треба да напишеш или "ПЗУ [име на ординација]" или "Медицински факултет Скопје, катедра по [пример хирургија]", втората колона е значи или само "Ординација по општа медицина" или име на одделот, пример "Хирургија", на третата го пишуваш времетраењето - или 30 или 45 дена, не се сеќавам по колку траеја, и тука во оваа колона најгоре сама си пресметуваш и запишуваш од кој до кој датум точно си на тој оддел, а четвртата и петтата колона се за да ти ги пополнат (најчесто секретарите), четвртата или ја оставаат празна или тука пишуваат дека стажот е успешно обавен, а на петтата ставаат потпис и печат од професорот и институцијата. Денови не губиш, туку ако денес завршуваш на едно место утре веднаш започнуваш со друго, прост пример ако си пишала дека на интерна си до 16.08., на наредната страница пишуваш дека на хирургија си почнала од 17.08., без разлика на кој ден паѓа, и така за сите оддели на кои треба да пројдеш. Се надевам дека едноставно објаснив.
Токму за ова прашувавме и ние, добивме одговор дека под "припадници на безбеднисни сили" важи само лично за припадникот но не и за неговото дете, не е наведено никаде и мислам дека не е во ред, затоа најдобро распрашајте се, никаде не е објаснето убаво.... Доколку некое дете на бранител влегло вака претходни години, замолувам да ми одговори....
Дали има некаде објаснето дека важи и за дете на припадник на безбедносни сили? Прашавме ни рекоа дека важи само лично но не и за детето!?
Не, тоа важи за дете чиј родител е припадник на безбедносни сили лично познавам што се запишани во таа категорија
Кој е наидобар учебник по гинекологија? Дали некој учел от учебникот на Марјан Стојовски и Весна Антовска? или некој подобар да препорачате?
Точно така за дете на припадник на безбедносни сили, на студентски прашања ни кажаа дека не важело тоа за детето туку лично за припадникот доколку се запише (тоа некако не ми оди) затоа и барам некое објаснување и неможам никаде да најдам кои закони и правила важат...
https://www.ukim.edu.mk/dokumenti_m/nastava/Konkurs_I_ciklus_ 2024-25.pdf Види на конкурсов на 10та страница имаш подетално
Ти благодарам, неколку пати го прочитав но не ми е јасно пишува за членови на семејство лица утврдени со одредба од член 23, тоа важи за дете на припадник кој го загубил животот за време на војната ?!
Кога јас се запишував пред десетина години исто прашав на шалтер на Студентски, и ми одговорија баш како што е тука во член 23 пишано: значи ако е инвалид или е загинат тогаш можеш да аплицираш за таа категорија, а ако е бранител кој е жив и здрав не важи, па затоа јас си аплицирав најнормално, без посебни категории зошто секако имав доволно поени. Ама секако би било добро ова јавно некаде да го истакнат за да се знае точно, зошто многу е невкусно на шалтер да те распрашуваат дали ти е родителот инвалид или починат