И го заборавив името, поминале траумите. Ме прашува fundus ventriculi. И викам дно на желудник и почна да ми се дере, ти колешке не ги знаеш поимите ...лууда
Девојки, ај тука да прашам. Во која банка се најмали провизиите за да уплатам рата треба па да не фрлам еден куп пари. И дали системот за таксени марки работи преку смс?
Исто е сегде и во банка и во пошта колку што иам плаќано прошливе семестри. 35 ден е провизија а и само на 2 уплатници треба да платиш провизија значи 70 денари ќе ти отидат само. Системот за таксени преку смс работи, да. Најубаво така да си плаќаш за пријавите за испит.
Здраво, јас сум 4та година општа гимназија и здравје од септември планирам на Општа медицина во Скопје. Сакам да прашам дали навистина е ТОЛКУ претешко како сите што ми велат, дека навистина немаат време за ништо. Јас сум подготвена и очекувам многу повеќе учење одшто сега во средно но дали навистина е така или сепак ја преувеличуваат работата?
"Толку тешко" е мерило веријабилно од индивидуа. Средно е гола вода за Општа и колку и да мислиш дека си спремна вака, коа ќе се соочиш директно сфаќаш дека не си уствари толку спремна А за време, можеш за се да најдеш, зависи кој ти е приоритетот, зависи колку брзо сфаќаш медицина, колку учиш, со колку се задоволуваш (оценки), дали бркаш просеци така да многу ствари влагаат у игра. А материјата е и тоа како обемна и те како тешка.
Јас сега за семестаров уплаќав во пошта, и ми зедоа 92 денари провизија, што не беше така за првиот семестар, не знам зошто така. Иначе мене за таксениве марки од вип не ми прима, можеби 50 пати пробав, а на т мобиле од прва ми беше успешно
Од ВИП овој пат и мене со денови не ми прима,а колоквиумите кога ги полагав и не тераа некои предмети пријава да носиме за 15минути ми прифакаше и даваше код. Во Стопанска банка-Битола на плоштад до Сваровски дуќанот што е 25денари е провизија на се до 10 000 и таксени марки а по други банки е 40денари провизија 50 таксената и 2 денари уплатница=92денари.
Стопанска банка-Битола на плоштад што е до Сваровски дуќанот се за уплата до 10000 дали рата 100евра или 50таксена земаат 25денари провизија.
Некој да сподели искуство како изгледа полагање на завршен испит по Вовед во медицина кај проф. Дончо Донев?
Инаку јас сакам да прашам за медицински сум за заинтересирана сега сум четврта година, ама се мислам дали ќе ме примат оти сум со општа гимназија и плус за матура читав кои се потребните предмети, стручни како хемија и биологија ако може некоја да ми помогне и да сподели искуство како и каде дали Скопје или Штип многу би ми помогнало.
Нема врска од кое средно си, скоро секоја година на општа се запишуваат повеќе луѓе од гимназии отколку од средното медицинско. Јас бев медицинско ама за матура не земав хемија па сепак тоа не ми влијаеше. Хемија и биологија се бараа стриктно порано кога имаше приемен испит, сега нема приемен, така што ако имаш просек од средно и добри резултати од матурата друго ништо не е битно, ќе бидеш примена. Јас сум при УКИМ во Скопје, и таа диплома е секаде признаена, а и впрочем, образованието кое се добива во Скопје и во Штип е воопшто неспоредливо, барем кога се работи за општа медицина.