Дада но пример ако матичниот ме вработи и сум вработена кога ќе излезе конкурсот, се тоа супер. И пример на денот на почнување на специјализација морам да бидам одјавена од кај матичниот? Или не?
Е тоа не знам, ама по некоја логика би можела да останеш вработена, бидејќи приватните специјализанти се на договор на дело. Само дали ќе можиш да постигнеш и едно и друго. Најдобро да пратиш мејл со прашањава до danica.stevkovska@zdravstvo.gov.mk Јас со неа контактирав во однос на овие проблематики.
Не знам како е законски регулирано сега според новите измени, ама од примери знам дека продолжуваат со работа како матични и покрај приватната специјализација (сепак зависи и за која станува збор).
Мислам дека нема потреба да поништуваш (ако добро знам тоа се плаќа ), наједоставно е да си избереш друг предмет и да имаш повеќе изборни предмети од потребното (над 5 вкупно) и кога ќе треба да дипломираш ќе си избереш кој предмет од изборните да ти се поништи/тргне. За секој случај можеш и да препрашаш во деканат (студентски прашања).
Запишав семестар внесов предмети сега тие документи за заверка/упис кај да ги барам? Во делот документи нема ништо такво излегуваат подоцна или како?
Сакаш да кажеш дека само со внесување предмети, како досега што запишувавме во iknow, сега само чекаме да ни направат верификација, па да платиме?
Здраво. Јас сум втора година општа медицина на Уким. Сакам да прашам дали некој знае дали треба да чекам да ми стигне верификација за запишан семестар во iknow системот ако се одлучам да го платам во банка и да однесам уплатници на студентски прашања, или само да ги внесам предметите и ќе си средат тие кога ќе појдам?
@Future doctor ♡ би требало да имаш верификација, па потоа да платиш на уплатница, прашај на студентски али ни тие не се нешто баш информирани....
Бев да прашам денес ама биле во тек уписите на нови студенти и не ме остави ни да прашам. А дали кај некој има стигнато верификација?
Па уписите на посебен шалтер беа. Од тие двата едвај едниот работеше само, бев јас друго да прашам ама ништо не знаат и тие ти викат ќе видиш системот што ќе ти даде
@Future doctor ♡ и јас прашував за сосема друга работа и ми рече не знам сега ќе е електронски само, ама и кажувам дека во соопштението е наведено дека може да се носат и уплатници што на тоа добив одговор не знам. Најдобро ти е да исконтактираш со фсс да видиш преку нив тие да прашат. Не си троши време оваа недела, немат никаква информација на студентски
Така и ќе направам бидејќи вака нема да се добие одговор очигледно. Каде најдобро да им пишам на фсс?