Медицински факултет

Дискусија во 'Образование' започната од Victorya, 24 ноември 2010.

  1. zaki96

    zaki96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2016
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    114
    Кога запишував втор семестар изборниот не го пишав на листот, а веќе добив оцена за него. Може да има некаков проблем или нема врска тоа они ќе средат?
    И затоа што до крај на студиите треба 3 изборни да избереме дали е паметно два да земам во една година или подобро е по еден скеоја година?
     
  2. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.335
    Допаѓања:
    18.233
    Пол:
    Женски
    Штом одма на шалтер не ти рекле ништо, тогаш нема врска.
    А, зошто мора да земеш стриктно 3? Толку треба, ама може и повеќе. Земи ги кога сакаш, и кои сакаш. Мене ми е пологично, и онака се лесни изборните, и најчесто се бара само однесена семинарска, без презентирање и полагање, да си зимам повеќе, лесни оценки, да ми го креваат просекот. Ти како сакаш.
     
  3. NOVAVON

    NOVAVON Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2016
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    441
    Пол:
    Женски
    За ОПШТА МЕД. ВОВЕД ВО МЕД. кој професор предава и дали знае некој утре дали ќе се полага од 8-15саат пишува во амф1. Знае ли некој точно што-како?
     
  4. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.335
    Допаѓања:
    18.233
    Пол:
    Женски
    Па истите професори како за тригодишните студии се, Ќосевска, Тозија, Донев. А за полагањето не знам да ти кажам.
     
  5. nikolija26

    nikolija26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2014
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    590
    Во врска со преполагање како оди тоа прво со поништување на оценка, дали се плаќа ? Како оди тоа ?
     
  6. Marchu18

    Marchu18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2014
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    1
    Дали може некој да ми каже колку се плаќа презапишување на предмет т.е колку чини еден кредит ако си во приватна квота ???
     
  7. Arja

    Arja Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2016
    Пораки:
    831
    Допаѓања:
    1.350
    Пол:
    Женски
    200 денари чини еден кредит за државна квота, а за приватна е 400 денари за еден кредит. Претпоставувам знаеш дека треба да множиш 400 со колку и кредити да ти носи предметот и ќе ја добиеш сумата која треба да ја уплатиш на уплатница. Само за која жиро сметка не знам, не сум презапишувала досега, ама можеби пишува на страната на медицински кај делот со жиро сметки на медицински факултет :D
     
  8. Arja

    Arja Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2016
    Пораки:
    831
    Допаѓања:
    1.350
    Пол:
    Женски
    Мислам дека не би требало да се плаќа, немам преполагано досега затоа не сум сигурна. Ама не би требало да се плаќа, ќе одиш кај одговорниот професор ќе кажеш дека имаш намера да преполагаш и дека сакаш да ти ја поништат оценката. Ама ова може само во рок од 4 месеци од датата кога си го полагала предметот првиот пат да знаеш, за тоа сум сигурна затоа што ме интересираше да преполагам еден предмет ама на студентски така ми кажаа. После со нова пријава и на испит, дека старата ти ја поништуваат колку што знам. Поздрав и со лесно! :D
     
    На nikolija26 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ancii

    ancii Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    11
    Што се полага првиот колоквиум анатомија 2 и хистологија 2, а што завршен анатомија 2?
     
  10. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.335
    Допаѓања:
    18.233
    Пол:
    Женски
    Анатомија 2 е само еден колоквиум, за торакс, и на кадаврите усно се полага. Завршниот испит е писмено, усно и практично за абдомен.
    Хистологија 2 мислам беа два или три колоквиуми, и беа поделени по системи, писмено и на микроскоп, ама не ми текнува во кој колоквиум кои системи се проаѓаа.
     
  11. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.368
    Допаѓања:
    2.475
    Пол:
    Женски
    Хисто 2 првиот колоквиум е за гастроинтестинален, вториот е урогенитален, третиот се полага респираторен, кожа и ендокрин само практично затоа што материјалот за тој колоквиум е споен со завршниот за око, уво и нервен.
     
  12. LoveMeNow

    LoveMeNow Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2013
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    1
    Здраво, јас сум од средно медицинско и сакам да продолжам на медицина.. Дали некој ќе може да ми каже со колку поени се влегува и дали ќе биде проблем бидејќи прва година завршив со 4.00?
     
  13. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.368
    Допаѓања:
    2.475
    Пол:
    Женски
    Ти дур стигнеш до факултет... којзнае што се ќе се издешава на факултетов. Мојата генерација испод 90 поени не беа примени и тоа 250 студенти примаа. Лани примија скоро 400 и просекот беше катастрофален со 70+ поени. Така да, дур ти дое време ... уживај просекот е само 40%, матурата игра најголема улога со 60%.
     
  14. LoveMeNow

    LoveMeNow Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2013
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    1
    Не сум многу далеку трета сум сега
     
  15. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.368
    Допаѓања:
    2.475
    Пол:
    Женски
    Исто.. многу работи се менуваат од денес за утре на факултетов, затоа ти реков.
     
    На LoveMeNow му/ѝ се допаѓа ова.
  16. clickysh

    clickysh Активен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2015
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Каде се одржуваат вежбите Патофиза, ОСНИР и Хигиена и дали бараат задолжително присуство некој од предметите во 4 семестар?
     
  17. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.335
    Допаѓања:
    18.233
    Пол:
    Женски
    Хигиена во едно сопче во подрумот на Министерство за Здравство. Патофизиологија на институтот за Патофизиологија и Нуклеарна медицина, а ОСНИР мислам дека каде што ќе се најде слободна просторија (би требало во некоја од просториите на Сојуз на Студенти, сега по ново е Институт за Епидемиологија).
    И секако дека се задолжителни вежбите по се, имаш право на најмногу две отсуства. А ако прашуваш за задолжително присуство на предавања, битно е да се куцаш, а дали ќе си ти физички присутна таму е твој избор, така да може и некој друг да ја куца твојата картичка наместо тебе. Сега ми текна, не се сеќавам точно кој семестар се слушаше Имунологија, дали во трет или во четврт, ама битно само по тој предмет бараа задолжително присуство.
     
  18. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    1.790
    Допаѓања:
    9.959
    Пол:
    Женски
    Извинете да прашам само....

    Добро бре овие од промоција т.е. “институт за социјална мед.“ ретардирани ли се што не можат да организираат индекси и постојано што ги губат?
    Ако им нацртам индекс на хартија верувам дека и тој ке го изгубат. (wtf):^)
     
    На NOVAVON и Arja им се допаѓа ова.
  19. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.335
    Допаѓања:
    18.233
    Пол:
    Женски
    На портирницата на влез во Министерство обично ги оставаат готовите индекси.
    Е сега ако некој им се затури јбг, го гледам тоа на скоро сите катедри. :|
     
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  20. babyit'sme

    babyit'sme Активен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2017
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Јас размислувам да запишам МедФ, на што треба да обрнам посебно внимание додека сум сеуште средно, дали знаењето биологија би ми било од голема корист или пак физика, хемија. Било какви насоки би ми биле од голема помош.