Дали некој знае како се бира ментор во Градска за хирургија? Дали менторот треба некој да ни го додели или ние си бираме и дали треба да е професор или нема врска тоа? Прашувам за стажот од лекарска комора
Здраво. Ми требат документите од средно образование,но ми се на факултет. Дали може да се земат и да се направам копија заверена на нотар па повторно да ги вратам на факултет или ќе морам да извадам од средното дупликат на свидетелства?
Ќе доставиш молба и наредниот ден ќе си ги земиш, ќе ти дадат да потпишиш кога ти се подигнати. Не се враќаат после тоа
Е супер,фала ти. А молбата рачно се пишува или треба од студентски да земам,и дали треба да се плати?
Молба имаш испечатени на студентски прашања, ќе земиш ќе ја пополниш, иначе по ново молба се наплаќа 100 денари, плати си да не те вратат, ќе ја завериш во архива, и ќе ја однесиш, најдобро е кај Игор да му ја дадеш, другиот ден ќе си ги земиш
А тие 100 денари на иста уплатница како за потврда да ги уплатам? А за документите не треба ништо да се плати?
Еден е главен ментор. Му го заборавив името. Од траума мислам дека е. Го бараш него и он те прашува кај сакаш да одиш. И после те препраќа. Јас одбрав амбуланта пошо најмногу имаше што да видам. И ми даваа да боцкам. А во сала само ќе дремев за џабе
Здраво, колку време е доволно за да се убаво научи ортопедија и физикална? Кои професори на ортопедија и анастезија се проблематични?
Здраво, книгата медицинска микробиологија- Дејвид Гринвуд дали некој ја продава? И дали можам да ја најдам на плоштад кај старите книги?
Прашање до постарите колеги Ми спомнаа исто дека е можно наместо да се работи во ПЗУ како матичен да се волонтира 6 месеци. И со волонтерски договор да се добие право за специјализација. Имате нешто вакво слушнато?
Дечки една помош ако случајно знаете Јас регуларно сум запишана со генерацијата што сега е 4та година, меѓутоа немам фатено услов и сега имам презапишано предмет и не слушам нови, притоа не одам на вежби, минатата учебна годима менувавме групи и не ми е групата која стои во iknow, а мојата генерација од годинава има сосема нови групи. Дали некој знае со која генерација и со која група треба да оставаѓ индекс за потпис и печат, или да отидам лично на шалтер да ги замолам да ми стават печат?