Да, но има некои разлики кои се важни за услов. На пример во прва година се учи само хистологија 1, а тука во прва се завршува и со хистологија 1 и 2 уште во прва. Исто така, предмет морфологија и физологија на клетка тука нема. Има предмет клеточна биологија, но не знам дали би бил признат како замена за горенаведениов. Затоа не ми е јасно како би се извршил трансфер понатаму.
Затоа реков скоро се признаваат. Ќе слушаш хисто 2 во втора година ти, најверојатно и морфологија и сите други предмети кои не си ги слушала/имала од прва. Требало на старт да се префрлиш сега гледај анатомија да положиш дека каде каде е полесно во Штип и хемија дека се условни за 2ра.
Дали има некој што пред брзо полагал за лиценца? Ако може да споделите искуства како сте поминале Фала
Јас лани декември. Ако мислиш за тие новите прашања (базата на прашања) мене од таму ми се паднаа. Прелесно и дури зафрканција. А случај сите ние имавме наши случаи. Само треба да гледаш да не се поклопиш со другите колеги. Ќе се договорите интерно кој каков случај би презентирал. Нема апсолутно никаква шанса да паднеш. У никој случај
Фала ти за одговорот, но откако од јуни го сменија начинот на полагање колегиве се жалат дека е претешко. Прашањата што се објавени на страната на лекарска комора не се паднале последниве сесии, за жал.. а реално никој нема време да повторува од почеток цели интерни, хирургии, дерма, инфективно и ред други работи
Види не би знаела како е во последните неколку месеци. Но, јас колку што имам увид нема паднати. Можеби да го поминеш тестот со последни бодови но тоа не е ни битно. Види и прашања од предходни генерации не само од тие на страната. Така да, се на се нема да паднеш сигурно
Старите? Јас не ги чувам. Побарај од колегите. Сигурно некој има постари прашања. Има мислам и во копирниците. Ама не сум сигурна.
Dali 6ta godina, staziranjeto, moze da se zavrsi vo druga drzava? I dali nekoj ima iskustvo kako odi toa?
Dali moze da se zeme socijalna stipendija dokolku kvadriras godina ili dve, no sega ispolnuvas uslovi vo smisla na broj na polozeni ispiti?
Organiziranosta e def najgolem minus, barem sprema mene . Kasnat so datumite za kolokviumi i ispiti ama na kraj im se dobri pa taka da nemoj da se stresiras mnogu okolu toa . Vo vrska so predmetite prva ke ti bide polesna za razlika od kolegite od UKIM , no vtora i treta ne , a osobeno treta godina paklena e .
Колеги дали и претходните години радиологија се имаат заканувано дека нема да дадат потпис ако нема присуство на 60% од предавањата, и дали си стојат на зборот или сепак даваат на сите? ))