Пази си со нив. Бидејќи малку се терсене. Оди на предавања, запишувај што има инфо од слајдовите. И оди на вежби, сега не знам како е. Но ние бевме првата генерација што почнаа да бараат вежби и имаше доста драмење за не одење на вежби
Dali moze nekoj da mi preporaca prodavnica za medicinska uniforma i koj stetoskop e dobar, a da ima prifatliva cena?
Здраво колеги, сакам да прашам дали после завршена прва година на општа медицина на УГД и трансфер на УКИМ испитите ќе ми бидат признаени?
Здраво Дали некој знае дали доколку ми е презапишана прва година,а во меѓувреме има промени во програмата (предметите) по која програма треба да се водам?Односно дали предмет по кој по стара програма е за 4 семестар,сега по нова е за 1 семестар.Дали треба да го слушам?
dali moze da mi kaze nekoj dali za zavrsen pismen i usen opsta farmakologija spagja i materjalot od kolokviumite? dali gi prasuvat voopsto
Морам да признаам дека нашата генерација едвај една вежба одржа по предметот Радиологија и тоа после астрономски напори од наша страна. Таква незаинтересираност од катедра, дотогаш не сум видел. Како воопшто факултетот тоа го дозволи, ден денес ми е чудно. Ова го потенцирам, како споредба со сегашната состојба како шо велиш, шо е комплетна спротивност, а се одразува врз студентите. Значи кога НИВ им се држи вежби, сите се напиздени и мора да се присуствува, а обратно нема никакви реперкусии.
Мене не ми е јасно како факултет при УКИМ, демек нели најпрестижен дозволува да поостои предмет без никакви учебници, вежби и тоа со ГОДИНИ.. Учиме медицина или земјоделие
Тоа “најпрестижен” универзитет/факултет е само во теорија, а во пракса е др муабет. Инаку навистина е срамота да се нема учебници, шо не е случајот само со Радиологија, за жал. Имено, по предметот Ургентна медицина исто така нема книга/учебник и кога правевме притисоци да се обезбеди такво нешто, паметните ни рекоа: “ее како нема учебник” и ни ја пратија предметната програма со официјална литература по предметот, каде беа наведени странски книги, преведени на македонски јазик, односно оние од проектот 1000 книги, шо досега никој не ги користел, ниту пак се соодветни за предметната програма! Нешто слично беше и по предметите Физиологија 1 и 2 со Гајтон. Тогаш, д-р Бети Дејанова призна дека Гајтон е супер, ама предметната програма не е соодветно прилагодена за да се предава предметот по таа книга. Впрочем, како што кажав, така е со многу др. предмети. Се учи од скрипти, презентации, флаери итн, односно сѐ освен книга, а на хартија наведени преведени учебници кои врска си немаат со предметната програма! Ова според мене е недозволиво и треба да се санкционира! Шо се однесува до вежбите, од Радиологија бев најразочаран, воопшто. Сега ми е дури смешно и неповерилво шо се напнуваат толку, сепак сметам треба да имаат разбирање, трпеливост и соработка, како шо имаа генерации и генерации студенти чии вежби никогаш не биле реализирани ради најразлични смешни изговори од нивна страна.
Ни во теорија не е. Тој што мисли дека нешто од образовниот систем кај нас е престижно, е тежок делулу. А за учебниците, барем во денешно време не е толку тешко еден учебник да составиш, секој да се ангажира од катедрата, ќе се состави. Една добра конструкција да се направи и потоа само на одреден период да се обновува. Се решава голем проблем и останува понатака за генерации. Зашто ова навистина нема смисла, по некои воопшто нема учебник, за некои има ама се застарени, а тие преведените не се за коментирање.
Толкави плати да зимаат е океј и пак да мрчат малку им биле, ама да седнат да поработат нешто да ги оправдаат не може