Здраво Некој да сподели искуство со полагање Ургентна медицина? Исто така дали строго се водат според поени од тестот?
Здраво, полагам за лиценца во декември, дали некој има прашања (одговорени) , материјали и слично да ми прати?? Како се одвива самиот испит ?
Здраво! Ако некој знае и сака да ми одговори, оваа година со колку поени отприлика беше примен последниот на општа медицина. Дали навистина се точни муабетите дека под 95 поени е тешко да се влезе? Од успех ми се сите 5, но не знам што ќе извадам на матура... Меѓу медицина и фармација се мислам, не знам што ќе одлучам дефинитивно, но битна ми е информацијата да знам. И за предмети од матура признаваат само Биологија и Хемија како соодветни така? Проектната ми е Хемија, ама тоа игра некаква улога во бодувањето или не? Фала ви однапред
Не знам точно али 94,95 поени не можи да се најди ранг листата избришана е, не можиш да знаеш предвреме како ќе биди зависи многу од матурата, од пријавените колку поени имаат...Биологија и Хемија се соодветни за медицина. На фармација нема толку голема конкуренција како на медицина, и со помалку поени примаат
Под 98.5 поена јас би рекла слаби ти се шансите. Колку и да е испод 98 немаше влезено никој овие неколку години од јас кога студирам така да ако сакаш ептен медицина а си со помалку поени пробај Штип за посигурна варијанта па префрли се
Варираат поените, а и бројот на студенти за кои отвара место факултетот. Супер што си 5,00! Ти останува за матурата да се спремиш најдобро што можеш (почни си порано да учиш). Предметот за проектната не игра улога, ама знам пред некоја година правеле селекција и според темите од проектна (заради короната најверојатно). Битна е матурата сега, кога ќе добиеш резултати ќе се мислиш за факултет 98 поени и над ти е најсигурно, но имам и другарки што со 96 ризикуваа годинава и ги примија, а и со 94 па не ги примија и се запишуваа на стоматолошки. Како и да е со тоа дали ќе те примат сега не се замарај, туку насочи ја целата енергија кон учење за матура! Со среќа!
nema vrska proektnata ne ti dava nekoi dopolnitelni poeni kolku sto znam jas najnisko sto bi mozelo da primat e 94/95 se zavisi od uspehot na generacisko nivo za matura mozes da odberes biologija/hemija/fizika zavisno od toa najveke sto znaes i vo sekoj slucaj koga ke ucis povekje skoncentriraj se na eksternite predmeti tie najveke moze da te zeznat
Здраво колеги. Прва год. сум на општа,од првите две колоквиумски ми е положено се,е сега ми е страв од третава и како да се организирам.Дали имате некакви совети? Анатомија ќе ја спремам стандард како и претходно,а Биофизика најверојатно ќе ја оставам за во испитна. Да ставам приоритет на Хисто или Миф (Физио), за да барем тој услов го тргнам скрос зашо првиот дел ми е положен? Колку време ви требаше да го спремите овој дел од миф? Како го спремавте хисто,бара секојдневно учење како анатомија? Секој совет и насока се добредојдени.
Јас сум континуирано одлична, еве се спремам и за матура. Не знам какви поени ќе имам затоа прашав како информација да знам, можеби ќе имам за да влезам можеби и не се зависи од матурата.
Jas na tvoe mesto bi gi polagala anatomija, histologija i biofizika sega, bidejki od biofizika se pagjaat prasanja najveke sto mozes da se skoncentriras e na esejskite. mif delot fiziologija bara chitanje i ucenje i mislam deka mozes da go zavrsis toa vo januari i zaedno so nego da go polagas i vtoriot kolokvium biofizika, sekako e podobro da go podelis materijalot mesto da go polagas kako ispit potesko e. mif porano se pagjale prasanja ama sega ne bas, smeneti se i za nijansa poteski (barem lani bese taka) Histologija bara ucenje bidejki se polaga i usno vo sesija (ili pred zavisi kako ke vi go stavat) i bidejki e kompleksen materijal bara povtoruvanje. Najvekje skoncentriraj se na epitelno, svrzno, nervno i muskulno tkivo (srce i mazno najvekje).
Od koja kniga ucat studentite vo Stip za ispitot po interna medicina? Ako moze da mi kaze nekoj student koj studira tamu? Blagodaram.