Радоста поради укинатата ИКСА, очигледно кратко траеше… Аирлија, од летниов семестар, студентите ќе плаќаат по 3500 денари/годишно за “материјални ресурси”. Да не ја заборавме и повторно воведената административна такса. Претседателката на УСС, без никаков конструктивен одговор - “Тоа се плаќа и на другите факултети, не е само кај нас. На некои факултети се плаќа дури и по 6000 ден.” Како шо гледам, УСС си остана тоа старо, добро портпаролско тело. Далеку сме од Шангајската, ама не требаат промени само кај професорите…
Ауу, јас мислев ја укинале! Памтам имаше ептен загреано движење шо гарантираше укинување на ИКСА-та. Значи, пола од оброкот ќе оди назад во државен џеб.
Дали може некои совети за изборен предмет за 4 година што е со семинарска? Дали кај проф. Никодијевиќ се со семинарска за епилепсии изборен предмет? Или посочете ми друг.
Прејако.... тие што се со кофинансирање кутрите под 16-17000 за семестар нема шанси. А платата машала 30 000, прејака држава
Ами сега допрва шо се најавува покачување на школарината?! RIP За платите, апсолутно немам коментар. Дури и искуство да имаш, платата за општ лекар е мизерна!
Да се надоврзам на дискусијата, бидејќи денес од деканат дале образложение за тие 3500 ден. Тие пари ќе се користеле за набавка на реагенси, стакленца, амортизација на микроскопи, потрошен материјал за шиење, интубација, растворање лекови. Ајде за реагенси за биохемија и микроскопи ќе сфатам, ама останатото?! Дискусијава веќе станува трагикомична. Срамота е воопшто да спомнат онакви работи, како причина за трошоци! На сите веќе им е јасно каде ќе завршат парите. Ако и ова се дозволи да помине, како и “укинувањето на ИКСА”, ужасните вежби и стаж, сѐ ќе си продолжи по старо.
Во државава наместо олеснувања, добиваме се поголеми пречки и сопки за трудот и мотивацијата што ја вложуваме. Во нормални услови, досега ќе имаше милион протести или воопшто немаше на памет да им падне ваква глупост да спроведат. Ова повеќе зборува за нас, студентите одошто за тие на високи позиции.
Само за до трета можеби би рекла има смисла, за предмети како хисто, хемија, биохемија, микро, евентуално пато. За другото никакви ресурси не се користат. Како да не знаеме какви се вежбите и што се случува. Да не зборувам што дел од тригодишните се изјаснија дека скоро и да не држат вежби.
3500 денари од студент е премногу, не мислат дека малку од ракав им е сумата? Ова е грабеж... Ајде да беше 1000 денари ќе разберев ама годишно 3500? За што ќе се плаќа кои ресурси? Зошто се плаќа партиципација?
Можда треба да се вклучат малце и новинари да се направи медиумски притисок па да кажат стварно каде ќе одат и што ќе прават со тие пари. Значи да имавме некои вау практични вежби ајде ама за расипаните 3 реагенси и распаднати лешови 3500 малку се прецениле
Спроти паркчето не од кај страната од црквата туку од другата, одма до трансфузиологија, напиши на мапа клиника за хематологија најлесно ќе се снајдеш ја има локацијата.
За ваква младина пасивна, летаргична, себична, самобендисана, егоцентрична малку им е што им прават. Ако им е убаво нека продолжат да си спијат во длабок зимски сон, а џебот на родителите ќе си трпи.