Не знам што не ти е јасно. Тоа беше конкурс за кофинансирани специјализации пред околу 10 години, тогаш и толку. Не постои закон за вработување на специјализанти/доктори. Има услови и критериуми. Имало еден куп огласи од приватни установи кои барале специјализант од конкретна област. Тоа што ти го пишуваш е трансфер од приватна во државна специјализација кое по закон мора да е така ако некој што почнал приватна специјализација се вработи во државно здравтво.
Ти благодарам за советот, секако дека е важна и битна одлука и треба размислување. Ме интересира процедурата и постапката како оди се тоа, дали нешто се плаќа и колку, дали се чека итн. Доколку некој има инфо би ми било добредојдено. Благодарам
Дали мора да се носат кломпи во хируршка сала или може да носиме патики (посебно наменети за во сала), бидејќи секако се ставаат каљачи одозгора?
За која работна позиција прашуваш? Како мед сестра или лекар? Еве јас, пред да се вработам не знаев. На општа медицина, никој ниту ни покажал, ниту нѐ научил, барем такво искуство има јас, не зборувам за сите. Откако се вработив, сѐ од тоа научив, а и многу други работи шо требаше да ги знам, а не ги знаев благодарение на “квалитетот” на праксата шо ја добив.
Мислам дека можи, ако не се сменило нешто, оти јас носев. За жал каљачи немаше секаде, пред 4-5г, сега не знам како е. Најинтересно ми беше шо, нас студентите, нѐ гледаа како да сме дошле од Африка со Ебола. Додека, кога ќе видев како изгледа и се однесува дел од останатиот персонал во сала, косата ми се креваше.
Zdravo! Dali na medicinski imame dopolnitelna sesija? Prvicno znaev deka nemame, no na iknow, kaj delot dokumenti, mi kazhuva deka mozhe da platime baranje za dopolnitelna sesija koe e na sila od 2024. Isto taka, slucajno nekoj da ne ja ima knigata promocija na zdravje vo pdf? Fala mnogu
Може ли да се работи како матичен доктор? И да се оди на приватна спец паралелно? Законски дали е дозволиво? Каде да прочитам/ прашам
Најдобро да се обратиш во ФЗОМ или во Лекарската Комора. Некаде прочитав дека, кога одиш на специјализација, факсимилот ти оди во мирување. Колку е то точно, не знам. Него, дај кажете дали се планираат државни вработувања на општи лекари или да си го бараме чарето со приватни специјализации?! Два конкурси за спец, пропуштив ама мислам доста е.
Каде земате убави стетоскопи (не мора да е литман)?? Во аптеки најдов само ефтини како за притисок мерење
Здраво дали има некој добронамерен што може да ми каже каде можам да ја најдам книгата по патофизиологија2 за ОПШТА медицина? Или доколку ја има во пдф да ми ја прати ќе бидам премногу благодарна
@GoodnightMoon мое мислење е да не потпишуваш обврзувачки договор за работа во ПЗУ. Во време кога се затвораат амбуланти заради дефицит на општи доктори што секако ја диктира и висината на платата за оние што одлучуваат да работат како матични лекари, време на конкурси за вработување во ЈЗУ секако со можност за специјализација, јас не би брзала. Имаше едно време и финансиска "помош" од ФЗОМ за прв факсимил од 35000 месечно во тек на година-две, не ме држи за збор, распрашај се, ако постои уште, ти дава можност да преговараш за повисока плата, доколку веќе одлучиш за ПЗУ. http://plagijati.mon.gov.mk/
Навистина е парадоксална ситуацијата. Едвај се наоѓаат огласи за работа во ПЗУ, а како шо кажа, се затвараат амбуланти, се жалат дека нема кој да ги наследи и преземи пациентие итн. Инаку финансиска помош од министерството за здравство*, се уште постои. Сега таа, ако не се лажам, е 60000 ден./месечно за работодавецот, доколку на лекарот тоа им е прв печат, но во времетраење од 1 година. Всушност затоа и голем дел од амбулантите бараат потпишување на вакви договори, за да ги земат парите, а многумина и не знаат за ваквата финансиска помош. Еве јас, во две или три ПЗУ, шо сум аплицирал за работа ме прашале дали ми е прв печат. Бидејќи не ми е, ми викаат, се извинуваме, бараме кандидат на кој шо ова ќе му е прв печат. Тогаш сфаќаш колку е часот.
Дали има лимит на пациенти што една ординација треба да ја има за да може да ја земе таа финансиска помош? Од типот дека ако имаат 10 000 пациенти (тоа се смета за голем број на пациенти) не им следуваат тие 60 000?