Онкологија некој да полагал со физичко присуство колоквиуми и испит да пише за колку време спремал и од каде?
Онкологија некој да полагал со физичко присуство колоквиуми и испит да пише за колку време спремал и од каде?
Не може. Кога ќе одиш на специјализација факсимилот ти е во мирување и мора да имаш замена. Барем вака е за стоматолозите, а верувам и за докторите.
ПЗУ стана малтене бизнис. Луѓе што наследиле амбуланти од родители, а немаат допирна точка со медицина се газди и лапаат пари на сметка на нечиј труд. 60000 месечно? А ќе им даваат плата на вработените 45000 и ќе им вика дека и тоа е многу за доктор без искуство. Инаку мислев дека ФЗОМ "помага", не знаев дека е МЗ. Инаку си прашал погоре дали се планираат државни вработувања. Колку што јас имам инфо (на институционално ниво, не партиски) дека ЈЗУ имаат поднесено барања, моментално сѐ уште немаат добиено дозволи. Очекуваат во скоро одобрувања за да завршат вработувањата пред локалните избори, оти нели пред изборите мислам дека 3 месеци не смее да има конкурси за вработувања. Јас познавам двајца доктори што работат како матични и се на приватна специјализација. Најточно инфо мислам дека ќе добиеш во деканатот, ако се волни да ти одговорат.
Доколку некој бил/е координатор во ЕМСА имам неколку прашања,доколку може да ми пишете. Ме интересира колку е захтевна улогата,кои се обврските и сл.Благодарам.
Всушност тоа е “премногу” за доктор без искуство. Со таа плата, јас досега сум забележал огласи само за лекари со искуство. Екстремно ретки се тие кои нудат “толку високи” плати за некој без искуство. Тоа се ситуации, каде навистина не можат да најдат лекари, пример во рурални амбуланти.
и јас и моите блиски што работиме како општ доктор платите ни се движат од 30до 40.000ден. Ова 45.000 е стварно само во рурална средина. Мислам дека ниту искуство не менува многу
@Waverly Raven како што гледам излегоа некои огласи за лекари на Клиники за Пулмологија и Неврохирургија во Скопје? Ме интересира дали имаш информации дали овие се од овие огласите за вработување на специјализантите? Бидејќи онлајн гледам пишува огласи за доктори по медицина?
Ова од релевантен извор е или рекла казала муабети? Ако ги одложат до 10ти месец ќе настане целосен колапс на здравствениот систем бидејќи вработувања чекаат (вклучувајќи и јас) 1200 луѓе медицински и немедицински персонал (мед.сестри , лаборанти , болничари , хигиеничари). Јас не знам како може да си играат вака со човечки судбини земајќи во предвид дека пола од тие што сме со договор за дело немаме земено плата за 2 месеци (јануари и февруари) а другите договорите им истекуваат во март. Министерот кажа од април ќе има огласи во ЈЗУ , ако пак излажат значи заслужуваат цел колектив од ЈЗУ да даде отказ и здравството да колабира.
Да, така гласат огласите - за доктор на медицина на специјализација таа и таа. Од потребни документи треба доказ за започната специјализација.
Дали е морално семестарот да се завери во предвидените датуми за тригодишните студии или пак може некој ден покасно да се оди?
Неврохирургија огласот е за др што пишуваше по статуси и портали дека не ја вработуваат. 99,9 %сум сигурна