Одвоен живот ги следува ли и приватните специјализанти? Сакаш да кажеш дека покрај тие 27 000 што ги земаат приватните специјализанти, им плаќаат плус и дежурства 120 денари од час, значи тоа е 2880 за 24 часа? Те испозамарав извини.
Па тоа е супер ако плаќаат 20к за одвоен живот. Ова важи само за тие што се вработени во државните болници и амбуланти така во други градови така? А приватните специјализанти ем што сами си плаќаат специјализација па и помалку се платени...
Не познавам никој сега од март шо почнал, но како шо ми кажуваа прив специјализанти од други години, платата отсекогаш доцнела. Исто така и исплаќањето на дежурствата. Еве дежурства за октомври, 2024 им исплатија сега во мај. Како што ви кажа колешката погоре, одвоен живот само за државните специјализанти што се пратени на спец. од ЈЗУ од подалечни градови, а приватните специјализанти земаат моментално 27 или 28000 + дежурства, но тие крајно нередовно се исплаќаат. Се случувало за 3,4,5, па и повеќе месеци да доцнат со исплата. Ако реално овој приход ти е важен, не знам како ќе се потпреш на него во вакви ситуации… Меѓутоа, јавна тајна е ваквата ситуација, а износот на платата го пишува и во договор, така да многу е познато во шо влегуваш како приватен специјализант.
Не можеш да се наречеш будала, едноставно тоа ти е опција за тука. Не е решение добар дел од животот да работиш како општ доктор во некоја пзу или да се молиш да влезиш во државно за државна спец (зборувам ако немаш врски и ако не си партиски поттрчко).
Дали некој има некои скрипти за анатомија 1 за повторување и ако има дали може да ми прати? Благодарам многу однапред
Хелоуу, би сакала да ве прашам колегите кои сте полагале или ќе полагате Интерна, како се одвива усното? На кој принцип е самото полагање, реално гледано сите томови во една сесија да се поминат не е возможно има премногу а не може да се запамти се што се учело за колоквиум.. Не знам што да правам со предметов од каде да почнам и секој совет би ми бил добредојден дали тука дали во инбокс
Jac целиот том го повторив за одделот кај што полагав, плус од томовите ги повторив поглавните лекции од другите оддели. Нешто што сметав дека не е толку важно, го повторив од Михич. Инаку проф ме прати на пациент, земав анамнеза и статус, и потоа ме испраша околу тоа, и плус уште неколку прашања од другите оддели. Сепак зависи од проф, различно испрашуваат.
Здраво, јас сум прва година на медицинскиот факултет во Скопје. Дали ќе може некој од постарите колеги да ми каже од прилика во кој период трае августовско-септемвриска сесија? Дали имаме пауза помеѓу септемвриска сесија и 1 октомври?
Августовско-септемвриската сесија започнува при крајот на август,некаде 21-22 август и трае речиси цел септември. Инаку има околу една недела пауза до 1 октомври.
Dokolku fakultetot e staven vo miruvanje, no nemam dostaveno dokumenti za da go prodolzam bidejkji ne vidov na resenieto deka vazi samo za edna godina, dali seuste se vodam kako student ili sum otpisana?
Zdravo, dali moze nekoj da spodeli iskustvo za polaganje usno raka i noga... dali ima nekoj del na koj treba poishe da se fokusiram, dali moze da pobaraat tocen pripoj ili pa da raskazeme cel soodnos na nekoja arterija... fala vi odnapred na odgovorot
Ќе може ли некоја колешка што од Скопје се префрлила Штип да ми пише порака? Ме интересира како е процедурата и дали можам регуларно да продолжам 4та таму без сите условни во Скопје.
Значи вака накратко за мене, јас сум млада лекарка која дипломираше лани, моментално извршувам пракса шестмесечна предвидена во Здравствен дом. Ме интересираат искуства од поискусни колешки и колеги на форумот, околку перспектива на нашите лекари во странство во Германија или пак некоја друга земја. Се надевам дека следна година на почетокот ќе положам Б2 ниво германски. Какво искуство имате во странство? А оние колеги што останале тука, does it get better? Гледајќи ги моите опции како некоја што нема политичка позадина или друг тип на врски, максимумот што го гледам дека би го постигнала во Македонија е матичен лекар со мизерна плата. Имам колеги и колешки постари од мене и до 10 години, и преку комуникација разбирам дека не постои човек кој е влезен во државно како специјалист што не влегол без врска. Значи буквално нула проценти шанси да станеш специјалист без врска. Разни малверзации на државни конкурси, местени бодови, лажирани просеци. Од друга страна приватна специјализација изгледа како лоша инвестиција бидејќи немаш гаранција дека ќе бидеш вработена откако ќе ја завршиш,нема да ви се верува колку специјалисти знам кои завршиле приватна, а работат како матични. А за матичен да направиш нова амбуланта тешко, бидејќи сите пациенти се веќе зафатени од амбуланти и поликлиники со илјадници пациенти. И од тука испаѓа дека најдобра опција е да се запишеш на курс за програмирање. Сакам да поттикнам дискусија меѓу постари и помлади колеги на форумов, да споделиме свои искуства и перспективи.