Ми треба литература во пдф формат по предметот имунологија. Дали има некој кој би можел да ми испрати?
Dali nekoj znae pedijatrija e dvosemestralen se prezapisuva otkako pominat 6 sesii se racuna kako cel predmet Ili se racuna kako prv del so krediti pa vtor del so krediti dokolku se prezapise? (Se broi od vtor del (leten semestar) pedijatrija koj zavrsuva juni pa naredni 5 sesii ?)
А нонстоп се збори на тв и на вести дека нема медицински кадар во болниците. Ептен е лоша ситуацијата за медицинарите без врски. Ем ќе си плаќаш приватна специјализација и после ќе работиш за безпари во некое приватно пзу ако успееш да најдеш по специјалност, а ако не како матичен. Баш се заинтересирав која е цената на специјализациите и се изненадив, не очекував дека се толку високи. За хируршки специјализации се движат од 9600 евра до 13 600е. За не-хируршки специјализации од 3300 до 9600е.
Здраво, дали ќе може некој да сподели искуство за полагање завршен патофиза 1 кај проф. Даниела Поп Ѓорчева? Ви благодарам однапред
Ниеден професор нема да те падне на усно генерално. Прво влечеш регија и одговараш, после ќе те прашаат ЦНС, сетила и евентуално органи. Ретко носат на леш, ама може да те прашаат нешто на модел.
Здраво, може ли некој да сподели искуство за проф. Лабудовиќ биохемија 2 што најмногу прашува и на што треба повеќе внимание да се обрати?
Добра вечер завршив средно за мед. сестра од почетокот планирав да се запишам општа но сега се двоумам, не знам дали вреди, дали ќе имам доволно слободно време за други нешта , споделете мислења со мене. Исто така додека го пишував ова ми слета златна бубамара на екранот можеби знак...
Поздрав! Полагам завршен медицинска хемија кај проф. Тошеска некои дали има искуство за кај неа и рпиближно кои датуми таа ги фаворизира по што само колони има нема датуми уште.
нема да имаш искрено ти кажам од моја искуство но додека си векје фатена врз работа и учење нормално дека ке имаш и друштво со кои ке споделиш кафе пред и после предавања, вежба и полагање... не трба да значи дека само лошо искуство ке имаш, да има тешкотици но тоа е што ја прави текот на студирање по медицина убаво, секој има свој пат и секој треба да си ја знае таа вредноста
ако си дисциплирана, знаеш да си го распоредиш времето и си немала никаков проблем да учиш и излегуваш во средно тогаш ќе се снајдеш и на медицински факултет. меѓутоа ако немаш никаква навика на учење ќе ти оди многу потешко. не е вистина дека нема да имаш време за се - излегувања, кафиња, слободно време за себеси. меѓутоа за да ја имаш таа слобода треба сама да си ја создадеш. некогаш ќе правиш жртви меѓутоа тоа е на секој факултет само кај нас е почесто. размисли си убаво ако ти е толкава желбата пробај си ја среќата првата година па ако не иде отпиши се
Здраво, сакам да се запишам на Медицински факултет во Скопје, дали во електронското пријавување има можност да се одбере ако не влезам во државна квота со 200 или 400 евра, да одберам следна опција да студирам на англиски јазик со 5000евра?
Искуства завршен физиологија 2 кај Манчевска? Помош колеги стварно не знам што да спремам за кај нејзе
Најмногу обрни внимание на рефлекси, нистагмус знам дека давала ЕЕГ да знаеш да распознаеш бранови. Јас полагав 1, професорката е предобра и атмосферата е преубава тоа ми е најубаво полагање, бара само да ти е сфатен логички материјалот и да ја имаш во глава големата слика не само да и кажуваш неповрзани факти. Без паника.
Проблемот е што ЦНС не ми е материја што најдобро го владеам и знаејќи кај другите со 2 збора дека се минува ме фаќа ептен страв. Пошо не знам колку детално бара теорија и што да повтарам некако се мислам нема да е доволно
Дали знае некој да ми каже на кој начин ги оценуваат табелите на поврзување микро 2, дали има негативни поени?