Здраво, дали има некој што студира општа медицина на англиски јазик? Од лани за прв пат била воведена оваа програма. Дали вреди да се плати 5.000 евра? Дали фунционира се како што треба, дали има достапна литература на англиски јазик?
Кај нас македонската програма не вреди да ја учиш камо ли англиската. Подобро заборави ја таа опција.
Ако имаш две точно поврзани и две грешно ти се анулираат фактички, поврзувај само тоа што си сто посто сигурен дека е точно, ако имаш едно поврзано или две и ти се точни ќе ти дадат поени, а ако имаш и точно и грешка тогаш 0 поени.
Колеги ве молам за искуства со полагање на усниот дел од генетика, како оди и дали е строго? Може и приватна порака..
Некој ако може да ми каже како оди процедурата за поднесување барања за платениот стаж? Дали мора барањето лично да се однесе во Министерство или може некој друг?
https://medf.ukim.edu.mk/wp-content...а-специјализации-за-2025-година-јули-2025.pdf Овој конкурс сега за приватни е или за државни специјализации?
приватни. Инаку ние што почнавме од Март упте немаме плата земено. Тие што беа после нас од Септември ќе започнат. А, овој конкурс бог знае од кога може од Јануари 2026. Во секој случај, ако некој има било која деуга опција нека бира. Приватна спец нека ви биде ептен ептен ако немате избор во животот
Вие што почнавте во март, најверојатно плата во септември така слушнав, веќе и пишав тука мислам… А и то шо викаш, овие од септември, здравје во 2026…
може да бидеш пријавен и да работиш друго, но ако си во доо, дооел, ад тогаш не можеш да ја зимаш платата од спец. Ако случајно си најдеш некаде да работиш како општ доктор у некое пзу тогаш можеш
Прашав и во друга тема, некој поускусен медицинар да не знае конкретно почетна плата на општ лекар кај Жан Митрев? Има оглас: https://kariera.mk/job/cEVKPTXbbkCHiVFigaOnhg/doktor-na-medicina @Waverly Raven
Не знам искрено… Мое мислење, да аплицираш. Оди на интервју, види лично што нудат во однос на услови, вклучувајќи и плата, ако не ти се допадне, никому ништо, бараш друго…