@srcence1607 не да не сум запознаен, тапа сум со факултет ствариве. Посебно ова со општа што дури ме излудува понекад од што е толку комплицирано и тешко . Инаку фала за објаснување што мислам дека горе-доле го сфатив отприлика. Само три работи ме интересираат: -Мислиш на 3 колоквиуми у еден семестар така? -Што значи тоа двосеместрален, дека материјалот за еден семестар се поделува упола? - Завршен испит секад се полага Јуни и Август ? И што претставува тоа завршен испит, на цел материјал така прашања?
Чекај, по прашањава во овој коментар, и од се предходно, заклучувам дека ти воопшто се уште не си ни студент, така? Затоа ќе си земам за право да ти кажам да не размислуваш уште отсега за work and travel, особено не доколку имаш во план да запишеш општа медицина, а пак особено при УКИМ во Скопје. 1. Во еден семестар има по три колоквиумски недели (значи, секој месец се полага по една недела). Во таа колоквиумска недела најчесто има три колоквиуми, поретко по два (колоквиумите се писмени тестови). 2. Да си се редактирам, зошто сега убаво го прочитав на срценце предходното мислење: она таа што ти го пишала е всушност дека клиничките предмети од четврта год. и понатаму се слушаат во тек на два семестри (пример интерна, хирургија, гинекологија, итн.), се полагаат одеднаш и не се услови за ништо, додека до четврта, претлиничките предмети се поделени на 1 и 2, бидејќи се полагаат одвоено иако се во суштина ист предмет, и се услов за слушање на други предмети понатаму, така што ако не го фатиш условот, автоматски заглавуваш. 3. Испитите се преостанатиот дел од материјалот по предметите, кој не се полагал во текот на колоквиумите. Испити се полагаат во тек на испитна сесија (јануарска, јунска, или августовска). Истите се содржат од задолжителен писмен тел (тест), и усен дел (одговараш усно пред професор), а по некои предмети се полага и трет, практичен дел (пример, анатомија се полага практично на кадаври).
Иначе па не сум де на факултет, матурант сум затоа и прашувам. Многу сакам да идам на УСА ама и општа сакам ама и претпоставував дека неможе да се постигнат и двете работи. У секој случај фала за објаснувањето сфатив сеа. Инаку па има уште у прв семестар двосеместрални предмети, Анатомија 1 пример. Баш го гледав распоредот. Инаку за испитиве, значи тоа фактички се оние ние финалните работи што останале не до учени, као што би рекол ја, како последна тема од некој учебник (за средно школо зборам) плус практичниот дел што би му дошло ко употреба на цело знаење од претходно наученото. Него да ве прашам друго нешто. овој што е лекарскиов испит на крај на 2ра тежок е многу, пошо ко што иам слушнато нешто, демек цел материјал од 1 и 2ра што ми се чини ептен тешко скоро невозможно. И вака по вас од искуство што е потешко првите 3 или последните 3 години на факсот?
Мислам, ти технички можеш да одиш на work and travel, ама рачунај дека губиш години, а општа како што и онака е предолга и тешка, не е баш исплатливо да се жртвуваш така. Познавам лично луѓе кои отишле така и се заебале, па сега наместо да се шеста или завршени, тие допрва се трета и четврта. Не, не, ова двосеместрални како поим те буни, зошто види, пример интерна еве да го земам за пример, се слуша и во седми и во осми семестар, ама не влече услов, и полагаш се одеднаш бидејќи се води како еден предмет, иако се слуша во текот на два семестри. Додека, анатомија се слуша во тек на три семестри, и иако е истиот предмет, се води како три посебни, значи анатомија 1 се полага во прв семестар, анатомија 2 во втор, анатомија 3 во трет, и ако не положиш 2 не можеш да ја слушаш 3. Тоа е разликата со претклиничките и клиничките предмети. Знам дека е вака збунувачки, и реално тешко можеш да сфатиш како е навистина, дури не почнеш да студираш и не „осетиш на своја кожа“. Те сфаќам зошто мене немаше кој да ми објасни па бев како изгубен германец, дури да се уходам со се. Испитите, па да, може да се каже и така како што велиш ти, последните теми од материјалот, со тоа што на усниот дел од испитот (и практичниот), зависи до професорот, може да те прашува од цел материјал, не само од завршниот дел. Испитот од Лекарска Комора, кој се полага по завршувањето на втора година и обавувањето на таа 45-дневна пракса, е уствари жива глупост. 4000 и нешто прашања на заокружување, кои се однапред дадени, само треба да си ги одговориш сам (ама сега веќе можеш да ги најдеш веќе одговорени од предходни генерации), само треба да ги набубаш, и потоа на самиот тест од нив ќе ти се паднат 50 и нешто. Веќе дадени прашања не е тешко да се научат, особено не кога се на заокружување па можеш да ги учиш на принцип на препознавање. Плус, за утеха, доколку не положиш од прв пат, има неколку термини за полагање, па можеш да одиш да полагаш се додека не положиш. А тоа кои години се потешки - штом си на општа, се е тешко. Зависи како сам ќе се поставиш.
@MagsDestiny фала ти за рефератов, сеа те сфатив комплет сериозно. Иначе за тешка знам дека е тешка него онака мислев ко заутеха, пошо сите само лошите работи ги кажуваат. Инаку се размислувам ко опција и у Бугарија као наводно немало толку условни предмети или уопште нема, битно праксата била на повисоко ниво. Инаку ова со лекарскиов испит е жива глупост колку само дополнително да се отежни веќе тешката ситуација на општа. Срамота е што уопште постои али ај... Иначе она 6+3 за општа што е тоа?
Абе види, јесте да е тешка и најобемна наука ама како што ти кажа Магс, се зависи од тоа како ти ќе се поставиш. За во Бугарија не знам како е со пракса и теорија, меѓутоа на УКИМ праксата мене лично ми е никаква (ако ги рачунаме вежбите за пракса). Вежбите не се одвиваат паралелно со предавањата и материјалот за колоквиум и тоа многу не ограничува од старт. Еве пример Анатомија 1( Предаваат за глава што е материјал за трет колоквиум, на вежби се работи нога што е материјал за 2 колоквиум, а ти уште учиш рака за првиот колоквиум) и додај на ова уште 6 предмети со истото темпо и неорганизираност за да ти се сврти од сите страни. Овој пример го кажувам со цел да ти доловам зашто вежбите ретко по кој предмет служат да научиш стварно (Патофиза на пример, секоја чест, капа им симнувам како катедра) , иначе по другите предмети досега ми се стварно безпотребно губење на време а од друга страна присуството на нив е задолжително за да добиеш потпис. Нас праксата ни е најпотребна, а во тој дел сме ограничени и тоа многу. Се работи на трупање теоретско знаење кое подоцна не знам колку може да се вратиш назад за да го изведеш практично, кога дел и ќе заборавиш (јер меморија) *Ова 6+3 каде го најде, пошо не можам да се снајдам за да ти одговорам?
@srcence1607 мислам дека мисли на ова: Тоа е уствари стажот. Старата програма беше 6+1, а сега новата програма е 6+3. Уствари треба по завршување на општа да стажираш - работиш под закрила и печат на друг лекар, пред да добиеш свој печат. Уште да напоменам дека искрено не знам како е за Бугарија бидејќи немам информации, ама гледам дека оттаму доаѓаат тука во Скопје да студираат, така што не знам колку би ти се исплатело 5 пати повеќе да плаќаш за студии, па плус за живеење, итн. А тоа дека на праксата, која е најважна, не се обрнува внимание, и студентите се притиснати и преоптеретени со се и сешто, тоа да, така е, ама јбг, Македонија.
Фала ви за објаснувањата, тоа у Бугарија со праксата е потврдено дека е многу подобра од тука. Али сепак ќе видам, пошо се мислам меѓу стоматологија и општа медицина, пошо незнам кој факс ми е повеќе просперитен, бидејќи стоматологија има една предност што е 1-2 нијанси полесен од општа
Аметист на УКИМ или УГД си? Доколку си на УГД од проф.Панова можеш да земеш оценка. Патем,која година си?
Некоја да не знае од СРТ, како се полага физиологија, каков е испитот/колоквиумот, и со колку поени се положува, затоа што проф. не ни кажа ништо поврзано со тоа
рентген техничари? Искрено за СМС испитот беше прелесен. НА прв колоквиум т.е. тест имавме 30 прашања се положуваше со 18 бода на вториот 40 се положуваше со 24. Беше многу лесно, или барем мене ми беше зашто ми е убав материјалот. Најопштите работи ги бараа. На вториот дел имаше повеќе за хормони.
Како што разбравме ние како испит го полагаме сега физиологија, а во другата колоквиумска полагаме испит патофизиологија, затоа мислев некој да не се сеќава од минатите години како било
Паднал некој до сега на изборен предмет или да добил нешто пониско од 9 оцена?? Ова терапија на болка тешко да било://
Здраво на сите! Јас сум нова на форумов, па уште учам како идат работите тука. Јас сум четврта година средно и планирам да се запишувам на Медицина. Слушнав многу муабети дека се паднати критериумите и дека последниот кандидат што бил примен во приватна квота имал 59 поени. Доколку ги имам сите 5 на матура ќе имам 94 поени, па сакав да прашам дали има шанси да ме примат. Освен тоа, би ценела доколку споделите импресии од факултетот како течат работите, кои предмети се најтешки/најлесни, како си го распределувате времето, совети и слично.
При УГД во Штип сигурно ќе те примат, а при УКИМ во Скопје, исто така со 94 поени ќе те примат, ама зависи од конкуренцијата, знак прашалник е дали ќе бидеш во државна квота, можеби ќе бидеш примена но во приватна квота. Факултетот не е основно/средно школо, така што коментари од типот најлесни/најтешки предмети се излишни, особено на факултет како медицинскиот, кој трае 150 години и има 763284 предмети А за распределување на времето, и што и како, се е тоа индивидуално.
Имам едно прашање.. Посветена сум на природните науки уште од почетокот на моето образование. Имам просек 5.00 сите години до сега и имам желба да се запишам на медицина. (искрено се мислам помеѓу медицина и електро) Учењето не ми е проблем пошо имам стекнато огромна навика со оглед на тоа што учам во Корчагин. Само имам еден проблем.. Определена сум за смерот ПМА и бубањето не го обожавам баш, поточно тешко ми е да запамтам нешто се додека не го поврзам и продлабочам убаво.. Па затоа како искусни студенти на медицина барам совет од вас, поточно прашувам дали би ми препорачале да се запишам на медицина, земајќи ги во обзир сите околности.