Бодирањето зависи многу од матурата каква ќе ти биде, гледај да извадиш висока оценка со големи поени
Дали доколку предметот трае 6 сесии, а притоа не си посетувал вежби и не си добил потпис, мора да чекаш да поминат тие 6 сесии за да можеш да се стекнеш со потпис, или може да посетуваш вежби со следната генерација?
Здраво. Ако дали нркој знае како се збираат поенитр, како се пријавува на семинари и слично, бидејќи на лекарска комора има само Календар за КМЕ, а не може да се пријавиш. Немам студирано во Скопје и пола работи не знам ни каде се наоѓаат. Дали може некој да ми го објасни овој дел бидејќи вчера вртев на лркарска комора но никој не ми крена.
Од акредитирани предавања или онлајн во континуирана едукација на твојот профил на ЛКМ. Треба 20 поени годишно со исклучок на специјализанти на кои им треба 5.
Ми стигаат пораки или ме контактираат медицински претставници. Има настани организирани од разни организации кои објавуваат по социјални мрежи, на пример оваа што беше пред два дена. Кажи им на колегите кога ќе има некој настан да те викнат и тебе.
Здраво на сите, јас студирам на ТМФ, биотехнологија (4година) и ме интересира дали можам да запишам мастер на друг факултет односно би сакала да запишам медицинска лабораториска дијагностика овој смер што го има на медицински факултет и дали воопшто тоа е можно и која е процедурата??
Колеги кои имате полагано физиологија 2 завршен изминативе две три години ако може да ми пишете во приватна порака искуство со професорите, Ви благодарам однапред
Нема нешто побезвеза од ова со акредитираните предавања. ЛКМ, според мене, е должна да ги известува сите свои членови за предавања што ги акредитирала, бидејќи сепак на крајот поените се приложуваат кон комората. А не еве вака да “ловиш” предвања, да бараш други да те известуваат или од фармацевтските компании да добиваш известувања да одиш на нивните настани со цел и промоција на нивните производи, па земање на процент. Просто се запрепастив кога дознав дека матичните лекари(и специјалисти) земаат паричен додаток од фармацевтските компании доколку препишуваат нивни производи, а воедно на медицнските конгреси шо за лекари и специјалисти коштаат и по 180€, трошокот го подмирува фарм. компанија. Некој што сака да оди и да се едуцира, ако тоа може да се нарече едукација, ќе си тропне пари од џеб.
Траењето на лиценцата е 7год, после тоа мора да се продолжи. За да се продолжи потребни се вкупно 140 поени или по 20 поени годишно кои се добиваат од КМЕ(континуирана медицинска едукација) настани(предавања, симпозиуми, конгреси итн) што се акредитирани од комората.
Овие поени почнуваат да се собираат откога ќе земеш лиценца или и сега за време на додипломски студии може?