Дечки, може да споделите искуство Анатомија 2 усен колоквиум за торакс? Како оди полагањето, на што највеќе да се обрне внимание? Благодарам однапред
Здраво, Дали ја има Медицинска физиологија на Гајтон на македонски некој? Како pdf? Пратете плиз, благодарам )
Здраво, матурантка сум и сакам да се запишам на општа медицина. Прво да прашам како било претходните години, дали би ме примиле со 98 поени? Ги побарав ранг листите ама не ги отвара веќе. Друго прашање на кое веќе го знам одговорот ама ајде да си ја пробам среќата. Дали е возможно да имам добар баланс меѓу факултетот и социјалниот живот? Ако си почнам навремено да учам по неколку саати секој ден, дали сепак ќе биде премногу стресно да не знам главата кај ми е или ќе можам и по некоја пауза/искачање да имам? Фала однапред
Секоја година зависи од конкуренцијата и успехот на останатите. Јас со 98.5 или така нешто бев во приватна квота. Негативни имав само поради трет екстерен несоодветен (математика ми беше). Инаку може да се има и социјален живот, и дружење, дечко и се по ред. Само треба добра организација и баланс. Прва година е најстрашна во однос на имање време за себе, бидејќи ново е се', професорите ќе ти изгледаат строги и страшни. на три недели колоквиумска, па задолжителни практични, усни завршни во сесија. Крај нема на учењето. Ама со тек на време се навикнуваш и како да учиш, како да распоредиш време за учење. Битно е само да не изгубиш од континуитет со учење бидејќи е после многу потешко и материјалот се насобира. Моја препорака е да си одиш во читална, мене ми беше многу полесно така. Ќе запознаеш и колеги од факултет, и повозрасни за совети, и сите седат и учат околу тебе - тоа дополнително мотивира. Ќе си излезеш на пауза, ќе пиеш кафе, муабет со некој кратко. Јас претплатена бев во Браќа Миладиновци и во ГТЦ.
Фала ти многу, реално првата год секогаш е најстрашна, дури и во средно кое е секако полесно него факс. Имам пракса да си учам континуирано, се надевам нема да се изгуби. Фала ти уште еднаш
Здраво, знаете ли дали примаат студенти што завршиле гимназија, општествено-хуманистички смер, подрачје Б, имам уште време за до факултет, но да си знам да испланирам
Не е битен смерот од гимназија, никој не го гледа тоа, за матура предметите да ти се соодветни и со добри перцентили.
Здраво Сакам да прашам во врска со тригодишните студии за медицинска сестра што се при УКИМ, дали е изводливо да се студира вонредно, притоа не сум од Скопје, претпоставувам се оди на вежби,пракса.. како функционира тоа доколку си обврзан со работа .. Доколку некој има запишано вонреден на овие студии слободно може и во порака да ми се обрати пошто би сакала подетални информации ..
Бидејќи на ова што е објавено на страната на институтот по анатомија во испитни прашања ги нема regio deltoidea, regio cubiti posterior, carpus и metacarpus, digiti manus, regio genus anterior и posterior, дали ги прашуваат тие делови од топографска на завршен практичен? Ви благодарам на одговорот однапред