Здраво, дали може некој да ми каже каде се наоѓа одделот за студентски прашања? Дали е кај деканатот или на друго место? Бидејќи пишуваше на iknow дека универзитетската пријава со такса треба да се купи од книжара а на крај испадна од студентски прашања.
Да, студентски прашања се во зградата на деканатот, црвената зграда, веднаш на влезот се шалтерите од студентски прашања.
Дечки здраво, барам две книги што се издадени од Медицинскиот факултет, од каде точно можам да ги купам? Во деканат или?
Не е веќе во деканат книжарата, не знам дали си студирала тука или не, ако си студирала книжарата сега е каде што беше катедрата по социјална медицина, а ако не си студитала тука до Хипократ кафичот, во бараките, во редот со министерство за здравтсво.
Дечки здраво. Мала помош. Како најлесно да ги спремам колоквиумите и испитот по патофиза 2 на медицински во скопје? Мака мачам веќе година дена, никако да го положам
Aко ти е веќе сфатен материјалот само неколку дена пред колоквиум исчитај се. Ако не, АМBOSS, интернет, па и патофиза од Таџер од библиотека ќе ти се најди многу. Испитот од нивните предавања на тимс е доволно.
Здраво дали се има некој префрлено од Битола од високата школа на некој од смеровите на мед факултет?
Здраво, имам прашање до постарите колеги. Каде можам да ги следам огласите за вработување во ЈЗУ и какви се шансите за државна специјализација моментално? Исто така, дали платата и условите кај приватните специјализанти е подобрена?
Дали ќе може некој студент што скоро полагал Анатомија 2 да сподели искуство за завршен испит? Бидејќи нема конкретен посебен материјал за завршен како за Анатомија 1, што всушност прашуваат за завршен? Ви благодарам многу однапред
јануарската сесија полагав кај проф.Матвеева ,имаше ливчиња влечеш и одговараш беа од испитни прашања што се на страната на факултетот објавени.За торакс медијастинум ме праша ,карлица за мускулите сфинктери нешто и абдомен имаше органи да ги препознаеш ,за бубрег ме допраша само нешто.Се на се супер беше полагањето со тоа што многу бавно испрашува ама дава време да размисли и помага
Mnogu ti blagodaram na odgovorot! Dali samo ovie prasanja koi se napisani pod delot ispitni prasanja za zavrsen ispit gi prasuvaat, kako regii, ili i od tie shto pisuva ispitni prasanja za usen del od trite kolokviumi? https://anatomija.mk/општа-медицина/анатомија-2/испитни-прашања/