Не сме примени на општа медицина во Скопје за жал... за малку. Немавме друга опција освен ова. Некој со вакво искуство, што да се прави? Дали да се упишува нешто што останало од вишите (сестри, акушерство.. )или пмф, па до година да се проба Штип заради сигурност со поените. Кој се соочил со ваква ситуација или сте чуле нешто, секој совет би бил добредојден.
Ништо страшно, ако имате интерес за нешто друго одете на тоа. На општа има многу голема конкуренција, ако веќе толку е голема желбата нека се паузира оваа година, па наредна конкурирајте во Штип. Секое зло за добро
Можеби би знаеле повеќе овде да ве прашам. Дали од општа медицина на англиски јазик може да се префрли во општа на македонски јазик после семестар или година?
Можно е да може но ем ќе се изнададете многу пари зошто префрлање после семестар е малку проблематично , сигурно ќе треба наредната година. Првата година ќе ја студира а и полага на англиски јазик што е дополнителна пречка. Јас исто така немав поени за ОМ во 2020 и завршив тригодишни стручни студии за лаборант, малку се каам бидејќи кариерниот напредок е ограничен , нема можност за продолжување на образованието и практично ја работиш истата работа и ги имаш истите компетенции како некој со средно медицинско образование сем тоа што имаш повисока плата (во државните институции , приватните не ги интересира толку). Мој совет ви е или да пробате Штип или доколку тоа не е опција некој друг факултет што нуди академска програма како пр. ПМФ биохемија , молекуларна биологија. Тригодишните студии се чист промашај како концепт и се само да добиеш некаква диплома која нема никакво апликативно значење нити пак ти дава некакви посебни стручни компетенции во нашава држава. Џабе инвестирано време и труд кога на крајот не се реализираш во профилот за кој што си потрошил три години. Со среќа!
Објавена е новата студиска програма за Општа медицина https://medf.ukim.edu.mk/wp-content...предмети-од-Општа-медицина-2026-27-година.pdf
Ve molam za pomos Sakam da go povtoram materijalot pa ako nekoj ima prasanja za trite delovi po anatomija 2 ve molam pratete mi vo inbox i pustete mi raspored za polaganjeto. Blagodaram!
Здраво дечки, денес оставив документи на факултет ама ништо не ми беше вратено назад. На другарки од други факултети им била вратенa легитимацијата и договорот. Дали требаше да ми ги вратат или и на другите не му беа вратени?
Ве молам за искуства за стекнување лиценца за работа како доктор по Општа медицина, од каде учевте, како се одвива испитот?
Здраво колешке, дали може некако да ти пишам во приватна порака да те прашам нешто во врска со предметите, немам опција да започнам разговор
Здраво колешки, дали може искуство за биохемија 2 завршен како сте поминале? Дали е изводливо да се спрема за во јануари без да се запостават другите предмети
Здраво колешки, ми треба потврда за редовен студент.Требало молба уплатница и 50 таксени марки за тоа. Дали некој може да ми каже дали ја има онлајн некаде таа молба или треба од факултетот да се земи? И за таксените марки не сфаќам како се уплаќа тоа преку уплатница или онлајн некако.
Здраво, дали знае некоја дали има врска колку изборни се предклинички, а колку клинички? Или нема врска, битно да се точно на број? Фала ☺️