1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Медицински факултет

Дискусија во 'Образование' започната од Victorya, 24 ноември 2010.

  1. Mevlx

    Mevlx Нов член

    Се зачлени на:
    Денес
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво
    Сакам да прашам за предметот Нуклеарна медицина, колку сесии важат за него – 3 или 6?

    Бидејќи на iKnow ми даваше опција да го презапишам предметот, а од моментот кога го слушав предметот поминати се само 3 сесии, претпоставив дека важат 3 сесии и дека треба да го презапишам. Меѓутоа, откако ми се верифицираше семестарот, предметот автоматски се тргна од графата „запишани предмети“.

    Дали треба да одам во Студентски само за да проверам за ова, или можам да си ги оставам запишани предметите од седми семестар – Дерматологија, Интерна медицина, Неврологија и Инфективни болести, без Нуклеарна медицина, бидејќи предметот веќе го имам слушано во јануари, во петти семестар?

    Исто така, сакам да прашам за изборните предмети. До завршување на трета година имам земено само 2 изборни предмети. Дали тоа би претставувало некаков проблем, или нема врска во кој семестар се земени, односно до крајот на петта година треба вкупно да имам 5 изборни предмети, без разлика дали се предклинички или клинички и во кој семестар сум ги земала?
    Благодарааам и убав ден