Доцна ти одговарам ама може да ти се најде за понатаму, или да му се најде на некој друг. Кариотип: опис на бројот, изгледот и карактеристиките на хромозомите во (еукариотско) клеточно јадро. Кариограм: подредување на хромозомите по парови (графички приказ на кариотипот). Општа медицина и да сакаш нема вонредно. За кој било смер од тригодишните стручни студии секако дека е подобро редовно, нема ни споредба. Уписите се во август. Ако мислиш на онаа новововедената пракса во траење од 45 работни дена која треба да се обави во првите две години од студиите: не се плаќа ништо, не ти треба дневник за пракса, има само еден образец за извршена практична настава (јас сум во Скопје при УКИМ и на нашиот веб-сајт го има тој образец, треба само да се симне и ископира, кај вас не знам од каде да го најдеш, распрашај се). Или сама си бираш на кој оддел и кај кој доктор ќе одиш на пракса или факултетот ве одредува кој каде ќе одите (тоа ќе си прашаш директно на факултет), и докторот кај кој си на пракса треба да ти става само печат и потпис во полињата за пракса, а по целосно обавените 45 дена најдолу треба да добиеш и потпис и печат од директорот на одделот/клиниката каде што си ја вршела праксата. Овие 45 дена или сама ќе си ги поделиш во двете лета (по прва и втора година), или факултетот ќе ви одреди во кое лето по колку дена (и за ова ќе прашаш, не знам како ви е на факултетот). Потоа тој образец го подаваш со документите при запишување на трета година (петти семестар) студии. Обично може било кој колоквиум по било кој предмет да се преполага доколку не си задоволен/задоволна од резултатите. За Хигиена конкретно ќе се обратиш кај шефот на катедрата да ти каже дали и кога може. Лично не би ти препорачала да го преполагаш тој предмет зошто од катедрата се малку терсене.
Здраво колеги, јас сум прва година на општа и имам прашање околу изборните предмети. Од која листа се избираат и дали може да се избере предмет пр. од филолошки како изборен?
Е како ќе избираш и полагаш предмет од друг факултет објасни ми? Ако си на УКИМ отвори си го профилот на МедФ, имаш поткатегорија изборни предмети, и ќе следиш кога ќе ги отвараат катедрите, тогаш ќе си избереш нешто. Сега на сред испитна сесија нема предмети.
Здраво,јас сум нова на форумов и сакам да добијам некоја информација.Јас сакам да добијам специјализација за дерматолог што треба да направам за да ја добијам бесплатно? Фала однапред.
Имаш завршено општа медицина? Еве ти на линков што беше потребно за аплицирање за специјализација за 2016. година, само сега ќе треба внимателно да си следиш на МедФ кога ќе излезе конкурсот за 2017. Реално мислам дека или треба да имаш или сјаен просек од 10,00 или многу јаки врски бидејќи државна специјализација добиваат само некои кои знаат некои, ако ме сфаќаш што сакам да кажам, и доколку ги немаш врските, многу е посигурно дека би добила евентуално приватна специјализација. А мислам дека имаше и нешто оти државата ќе ги кофинансирала приватните специјализации, па распрашај се и за тоа, бидејќи сепак не се малку 1600 евра за нехируршки и 2000 евра за хируршки гранки годишно.
Не,јас немам завршено општа медицина,меѓутоа мојот животен сон и во иднина јас се гледам како дерматолог,меѓутоа благодарам за информацијата.
Само што стигнаа резултати од матура, израчунав и имам 93,9 поени вкупно за упис. Дали мислите дека имам шанси да влезам во државна или приватна квота на Општа медицина на УКИМ? Знам дека многу опадна рејтингот и дека и со послаби резултати се влегува па затоа прашувам ако некој знае.
Дали ќе влезеш во државна квота не знам, зависи до конкуренцијата таа уписна година, ама со овие бодови дефинитивно ќе бидеш примена, макар во приватна квота. Еве ти калкулатор, внеси си ги податоците и ќе ти пресмета.
Сакам совет Завршив средно гимназија Имам желба да идам медицински фалкутет за смс или за радиолошки технолог Па сакам совет од колегите кој се веќе на овој фалкутет,нешто во врска со предавањата и професорите??? Kiss
Оваа формула е за 2 екстерни и 2 интерни. Јас сакам да пресметам како што е сега, 3 екстерни и 1 интерен предмет. Доколку некој знае како нека ми објасни
Има ли некој број за контакт од факултетот за медицински науки од Скопје? Дали знаете кога точно се уписите и како да ги пресметам оценките?
Смс имаат повеќе практична настава, подолго постои овој смер од другите,а со РТГ си поограничена за вработување само тој смер,а сестри секаде требаат. Јас би избрала СМС меѓу ове две категории.
Еве ти го конкурсот: http://www.fakulteti.mk/documents/Upisi/2017-2018/Konkurs_I_ciklus_2017-2018.pdf Пријавувањето е на 17 и 18 август, а во конкурсот е објаснета и постапката за пресметување поени. Овде можеш директно да пресметаш, само внеси ги оценките од свидетелствата и резултатите од матура: http://join.finki.ukim.mk/CalculatorNew.aspx
Контакт информации Медицински факултет Ул. “50 Дивизија” 6, 1000 Скопје, Р. Македонија - Студенски прашања 3 103 706 - Служба за специјализации 3 103 707 - Докторски студии 3 103 718 - Јавно здравство 3 103 714 - Архива 3 103 701 А калкулатор за три екстерни и еден интерен предмет имам поставено еден коментар над твојот, види.
Има муабети дека оценките од екстерното нема да ги рачунаат на факултетиве, ама не можеш да знаеш за сигурно.