Нема државно/приватно општа медицина - само државен факултет е, со тоа што првите околу 150 примени (према успех) спаѓаат во т.н. државна, а останатите во т.н. приватна квота. Тие што се во државна квота плаќаат 100 евра семестар (200 евра годишно), а тие што се во приватна плаќаат 200 евра семестар (400 евра годишно). Понатаму специјализациите се плаќаат приватно, и тоа нехируршките гранки 1600 евра годишно, а хируршките гранки 2000 евра годишно.
За упис извод и државјанство не постари од 6 месеци треба така? Лани кога бев на упис ми побараа уплатница со уплатени 50 или 100 денари за административни трошоци,ќе треба и сега за упис????
Да, треба и извод и државјанство не постари од 6 месеци. Јас вадев завчера, можеш и на лице место да платиш со картичка такa не земаат провизија за разлика од уплатница. 100 денари е административната такса и 50 е изводот/државјанството.
Можеш само првиот чекор да го комплетираш, односно да ги внесеш личните податоци. Ако кликнеш понатаму се појавува известување дека следните чекори ќе бидат достапни по завршување на матурите. Како што можев да проверам од лани, најверојатно после 20 јули ќе може целосно да се пополни пријавата во целост.
Здраво! Сакав да ве прашам за тие што сте веќе на Општа медицина на УКИМ, дали знаете дали ги има учебниците онлајн во ПДФ форма или доколку ги имате, дали би можеле да ми ги пратите во приватна порака? Исто така, дали би сакале да споделите искуства за професорите кои се добри кои се построги, присуства, волонтерства, оценки и слично?
Учебници во ПДФ нема. Се користат скрипти од фотокопирница, и атласи. За професори опишување е апсурдно да стане збор, зошто на секоја катедра ги има по 5-6-7 а катедри се еден тон. Ако те интересира нешто конкретко во врска со одреден предмет или професор во текот на студии ќе прашаш
Апел до постарите колеги/колешки ако може да споделат искуство за предметот имунологија, какви се професорите како и колку бараат ? може и за хигиена 2-3 збора успат
Имуно од овој јуни па натаму се полага по многу нездрав начин. Нездравото е во тоа што ем материјалот е околу 1000 страни и тоа за специјализанти, не за општа, ем тестот не е како досега, на заокружување, туку на дополнување и пишување, со тоа што си ваделе реченици на принцип copy paste од учебник во тест со по неколку тргнати зборови од реченицата за студентот да ги допише, и ти буквално за да го положиш нештото треба на памет цел материјал да го знаеш, инаку како би можела да дополниш рандом извадена реченица од 1000 страни? Глупости, цела катедра се пореметија Хигиена што знам, толку многу се потресуваат, јас на среќа прелесно положив. Мислам дека се сосема доволни за положување да ги учиш презентациите, не мораш книгите, а за усно зависи кај кој професор ќе се погодиш и колку ќе е тој дента расположен Јас како што знам ти ќе си допрва средно, а средното нема допирна точка со факултетот, така што џабе прашуваш тука. Материјалот анатомија за средно е сликовница со по 3-4 реченици
Jas sakam da znam za fakultetot bidejki mi treba edna moja bratucetka ke se zapisuva tamu i me prasa za predmetot anatomija. p.s nemam kirilica na telefonot.
Дечки, кога си израчунав поени од матура и од средно, се запрепастив мислам. Сакам да запишам општа медицина, но имам 86 поени. Притоа, секако сакам да влезам во државна квота. Разгледував, и обично секоја година последниот примен студент е со 87 поени на општа. Дали има шанси ?
На УКИМ во Скопје сакаш да запишеш општа? Во државна квота нема, ама во приватна можеби ќе бидеш примена, најмногу зависи од тоа колкава е конкуренцијата при упис годинава. На УГД во Штип ваљда и во државна квота би била примена, таму примаат секоја година со малку поени.