1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Медицински јаглен - состојка за нега на кожата

Дискусија во 'Лице' започната од Mishela, 20 март 2017.

  1. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.670
    Пол:
    Женски
    Неодамна низ некоја од темите споделив рецепт за домашен scrub кој го употребувам при негата на кожата на лице и добив толку многу пораки од заинтересирани членки, па почнав да се чувствувам ко расипана грамофонска плоча верглајќи едно исто нешто низ секоја втора лична порака.
    Мислам дека е подобро, а и попрегледно вака спакувано во соодветна тема и верувам дека ќе се развие дискусија, па и некоја друга можеби ќе сподели рецепт кој вреди да се проба. :)

    Не најдов ваква тема во која медицинскиот јаглен се употребува во негата на лицето, па ќе споделам неколку верзии кои мене ми се покажале како ефикасни.

    • ПИЛИНГ ЗА ЛИЦЕ:
    Една капсула медицински јаглен се меша со кокосово масло од тегличка и смесата се распределува рамномерно по површината на лицето.
    Може да се измие веднаш, проследено со благи кружни движења или пак да се остави додека не се подзасуши (отприлика, некои 10-15 минути).
    По целосното отстранување на маската од лицето, останува масен филм - може да се тргне со било каков гел за лице или пак по избор, да се остави така на лице (фино е во случај кога се работи за многу сува кожа) и да се преспие.

    * Состојкте ги мешам од око, нема некоја стандардизирана мерка. Ќе приметите сами колку кокосово масло ви е потребно во зависност од количината на јаглен од капсулата или истолчената таблета. Битно е да добиете смеса во вид на паста, која ќе можете лесно да ја размачкате по кожата.

    Скработ е ефикасен во чистењето на порите. Значи, ќе потенцирам - не постои трајно решение за црнките! Тие секако ќе се појават по некое време повторно, дури и по козметички третман и потребно е чистината на порите да се одржува со повремени пилинзи и друг тип на третмани (секако, по сопствен избор и желба).
    И најважното - не очекувајте резултати веднаш. Првото нешто што најчесто го добивам како прашање е - кога да очекувам резултати?
    За жал, тоа не можам да ви го кажам јас затоа што најчесто е индивидуално и зависи од други фактори.

    Од прво користење, ќе забележите малку почисти пори (повторно, зависи многу од претходната состојба на лицето) и многу мека кожа како кадифе.
    Не претерувајте со употреба - сосема доволно е еднаш неделно да се практикува овој пилинг, затоа што и не е баш најнежен.

    • ТРЕТМАН ЗА ИЗБЕЛУВАЊЕ ЗАБИ
    Има две варијанти:
    1. Медицински јаглен (самостојно)

    2. Медицински јаглен + кокосово масло (истата постапка како при подготвувањето на пилингот погоре, само дозирате во количина која ќе ви биде потребна за да ги исчеткате забите.

    Смесата ја нанесувате на четкичката за заби (или ја земате од садот во кој сте ја приготвувале, мене така ми е полесно) и четкате 3-5 минути.
    Потоа ги миете забите најрегуларно со паста за заби.

    Пак ќе потенцирам да не очекувате резултати веднаш, затоа што во избелувањето клучни се повеќе фактори, меѓу кои секако е и природниот пигмент на самите заби и честите интервали на внесување обоени течности (кафе, чај...).
    Нема потреба да се претерува и форсира и во оваа варијанта, па најдобро е „третманот“ да се прави еднаш неделно (пожелно е да има 5-6 денови растојаните од еден до друг третман).

    Овој принцип на избелување заби го практикувам цела година и немам вчудоневидувачки резултати од заби избелени за 10 нијанси : ))))) , но разликата од претходно е очигледна.
    Ефектот најмногу зависи од природната боја на забите, затоа не форсирајте и не очајувајте ако не ги забележите посакуваните резултати за многу краток период.
     
    На Rebecca_R, lovemme, danichap и 29 други им се допаѓа ова.
  2. sorbet

    sorbet Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2017
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    5.268
    Еве еден рецепт од мене:

    Зелената глина ја мешам со капсула активен јаглен кој предходно го мелам во фин прав бидејќи гранулите се големи. Додавам вода и правам маска за лице. Имам прочитано рецепт со додавање половина лажичка јаболков оцет, но немам таков дома и не сум ја пробала оваа варијанта.

    Исто така го користам како лек против тежок мамурлак, пијам две капсули во комбинација со многу вода.

    Ако во меѓувреме најдам нова примена, обавезно ќе споделам искуство и рецепт.
     
    На Doozy, Antebellum, Antolinaa и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.670
    Пол:
    Женски
    @sorbet, многу ми се допаѓа овој рецепт со зелена глина.
    Одлична е за сите типови на кожа доколку се искомбинира со соодветни додатоци, меѓутоа особено ми се допаѓа нејзиниот ефект на масна кожа со проширени пори.
    Оцетот има антисептичко дејство и фина е таа комбинација на јаглен, глина и јаболков оцет. Ми се допаѓа како ми делува на лицето. Обожавам зелена глина и често си спремам маски со неа, само што не го ситнам јагленот многу, бидејќи сакам малку појак пилинг-ефект. Така ми е поубав за порите.

    Можеби @Biodevojka ќе сака да сподели уште нешто од нејзината архива. :)
     
    На kozuf, Doozy, Antolinaa и 4 други им се допаѓа ова.
  4. sorbet

    sorbet Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2017
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    5.268
    @Mishela ќе ме наведеш да купам јаболков оцет со твоево објаснување. :lol:
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.670
    Пол:
    Женски
    Ајде, па ќе споделиш импресии и ти. :D
    Верувам дека ќе ти се допадне и таа комбинација.

    Јас мразам јаболков оцет во салати и храна, ама многу го сакам вака како додаток во домашно приготвени маски за лице и коса. Многу е корисен.
     
    На sorbet му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Afroditaaa

    Afroditaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2017
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    963
    Пол:
    Женски
    Каде да го најдам тој медицински јаглен и како изгледа?
     
  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.670
    Пол:
    Женски
    Го има во сите аптеки. Во облик на таблетки (кои ќе треба да ги истолчиш) или капсули.
    Таблетите мислам дека се поевтини и не знам колку чинат, меѓутоа капсулите се попрактични. Тие кои ги купив беа 450 денари (Зегин) и се некој си бренд Super Diet.
    [​IMG]
     
    На Doozy, Antolinaa и Afroditaaa им се допаѓа ова.
  8. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.881
    Допаѓања:
    13.410
    Ама убаво е да се напомене дека кокосовото масло може да биде комедогено за некои луѓе, да предизвика исфрлување и акни.

    Како супститути може да се користат:
    Арганово масло
    Шеа путер
    Сончогледово масло
    Масло од јојоба

    И многу е важно да се користи 100% чисто масло.
     
    На Doozy, LivingGlam, referentka и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.701
    Допаѓања:
    14.243
    Пол:
    Женски
    Можеби некаде сум го пишала, ама и тука ќе го споделам рецептот со јаглен и желатин за чистење на црнки.
    Пола мала кесичка желатин се растопува со две- три кафени лажички млеко ( на мала температура зошто желатинот многу брзо загорува). Се додава 1 капсула или едно издробено апче јаглен и се остава малку да се олади за да не се изгорите. Се нанесува во тенок слој на местата на лицето на кои има црнки и се остава да се исуши. Потоа се лупи. Реално, не излегуваат црнките како на видеата со црната кинеска маска, но со редовна употреба се воочува разлика. Маската може да се нанесе и на цело лице, но болно е вадењето на оние места каде што имаме ситни влакненца.
     
    На kozuf, 1209, Antolinaa и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.670
    Пол:
    Женски
    Е тоа дека секому не му одговара кокосово масло сум испуштила да го вметнам. Сепак вреди да се проба, па потоа секој ќе си најде своја комбинација. :)

    Јас имам масна (повремено комбинирана) кожа, па не сум забележала вакви појави кај мене.
    Иако, за овој тип на кожа одлично би одговарало единствено маслото од јојоба. Другите се премногу тешки и многу ја мастат кожата.
     
  11. L.i.n.a.a

    L.i.n.a.a Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2013
    Пораки:
    1.607
    Допаѓања:
    2.707
    Пол:
    Женски
    Може ли со рицинусово масло? Само такво имам моментално :?:
     
  12. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.670
    Пол:
    Женски
    Пожелно е маслото да биде органско, природно. :)
    Купечките масла од Галафарм, Фитофарм, Данаи и сличните такви се речиси само парафин и во нив нема ништо корисно за кожата.
     
    На Antebellum и Ginger^ им се допаѓа ова.
  13. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.364
    Пол:
    Женски
    Ме баравте?:?: Знам:nod:
    Шалим се.:lol:

    За оние кои имаат помасна кожа на лицето( како мојата), може место масло да користат алое вера гел или гел од ленено семе. Оној што го има објавено @Biodevojka на својот блог.
    Значи јаглен, глина и лажиче алое вера гел или коцка ленено :) И кожа мека како кашмир.:)

    Јагленот на лице го користам и во комбинација со со лажиче јогурт или павлака, и малку мед.
    baae227046413d6f0ba1ce13bd9f0314.jpg




    Исто така медицинскиот јаглен е добар за скалп кој се мрси. Во шампон се става капсула активен јаглен, или една лажица, отприлика. Не се препорачува за светла коса, случајно да не потемни. Јас имам медова, светло кафеава, со тенденција на црвенкасто, па не ми прави проблем.:wasntme:

    Ако ви е сомнително да го користите преку шампон, маска за коса му е мајката.:D
    Една лажица мед, масло , неколку капсули јаглен се промешува и се нанесува на косата.
    Стандард, маската треба да отстои околу 1 час.

    download.jpg

    за глината знам дека не треба да биде во допир со метал, па ја ставам исклучиво со дрвена лажица. Всушност сите маски ги правам со тоа, моќно лажиче :) . Ако знае некој, нека сподели дали кај јагленот има влијание тоа.
     
    Последна измена: 21 март 2017
    На lovemme, danichap, Doozy и 8 други им се допаѓа ова.
  14. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    799
    Допаѓања:
    4.767
    Супер, фала. Само дајте кажете барем некоја мерка за маслата. Лажица, две... Барем отприлика да погодиме.

    П.С. Мене кокосовото стварно ми прави проблеми, не е за моја кожа. Од арганот и шеа путерот досега немам никаков проблем. Маслото од јојоба уште не сум го пробала.
     
  15. Antolinaa

    Antolinaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    17.756
    Јас имам експериментирано со авокадо, јаглен и кокосовото масло.
    Авокадо ( четвртинка беше моето), кокосово масло и 2 капсули активен јаглен ги измешав. Дел ставив на лице како маска , дел на коса.
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.670
    Пол:
    Женски
    Мерка навистина нема. Сама ќе си одредиш колку масло ќе ти биде доволно за да стане смесата како паста. Онаа од "рецептот" кој го ставив јас.
    Јас имам ситно лице, мене лажичка кокосово масло ми е дури и премногу, нема кај да ја разнесам по лице. :lol:

    Сè дозирам од око - со прстофат за лице и со шаки кога правам маски за коса или тело.
    Секоја отприлика си знае сама колкаво количество троши отприлика од стандардните производи, па сметам дека само би збунила некока дополнително ако кажам конкретни мерки а на крај испадне помалку смеса од потребното.
    Обично ги дозирам состојките во слични соодноси, само на тоа внимавам.

    Е знаев дека некој фали и заборавив да го "регрутирам" на темава. @Ginger^
    Одлични предлози.
     
    На Antebellum и Ginger^ им се допаѓа ова.
  17. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.333
    Дали се тоа таблетите кои се користат за смирување на желудник ?
    Црни ?
    Може да ги столчам и да бидат употребливи ?
     
    На Antebellum и Ginger^ им се допаѓа ова.
  18. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.670
    Пол:
    Женски
    Да тие се и можеш слободно да ги употребуваш. Еве имаш најмалку 5 различни примери, атакувај и јави се на рапорт. :)
     
    На referentka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.333
    ]
    Имам домашно маслиново масло и планирам со јаглен да го измешам ...за почеток за лицето само.

    Само немој да не се мие, па утре како ромка да ме најдете
    [
     
    На Antebellum, Antolinaa и Mishela им се допаѓа ова.
  20. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.670
    Пол:
    Женски
    :D:D:D
    Се мие и не остава траги, без гајле.
    Да не се миеше, до сега требаше да бидам како шаховска табла во забите. :wasntme:
     
    На Antebellum, Ginger^, sorbet и 2 други им се допаѓа ова.