Сторено Позитивен коментар имам Јас столчив едно апче црн јаглен и го помешав со домашно направено масло од кантарион. Искрено, кога го нанесов на лицето, се исплашив да не не можам да го извадам, бидејќи МНОГУ е црно. Со благи кружни движења го нанесов на лице и после 15 минути со тоалетна хартија го отстранив, па со млака вода. Ефектот е - мазно лице (ова како пилинг дојде) и освежено Мислам дека еднаш неделно е сосема доволно да се применува. Дајте друга маска сега...ама домашна !
Јас го користам јагленот во вид на секојдневен гел, насабајле на миење лице. Резултати има, полека но сигурно Следно пазарување во план сум да го купам целиот третман со јаглен за лице од кој како што се сеќавам имаше гел за црнките. До следно читање на темава со нов производ и резултати
Кај сите таму и јас Го пробав ова сношти, како пилинг, не го оставив како маска да стои и потоа го измив лицето и со пена за миење лице. Но имам едно средство против црнки кое го нанесувам на т-зоната после миење, и откако со истото се поминав, на памукчето црнило А вака лицето го гледаш, бело Ефектот ми е некако ист како кога се измивав со комбинација од масла, само ме одвратува помислата дека јагленот ми се заглавува во кожата Патем ноќеска ја сонував и @Mishela двете си ги миевме лицата во исто купатило, и коментиравме за оваа чудесија
Јас по пилингот се мијам секако и со гел за лице, па нанеcувам тоник и се по список...долг и мачен патот до лепота. Туку, кажи уба ли бев? Од јагленот ми е.
@Mishela Јагленов за сува кожа го бидува? Кажи некој рецепт за маска или било што, лицето и скалпот ми се многу суви. Се мачкам со бадемово масло на лицето, ама не ми помага.Дури и лиши имам на образите.
Убав е за чистење пори за секаков тип на кожа. Штом имаш сува кожа, мешај го со арганово, тоа е одлично за овој тип на кожа.
Блазе вас девојки јас од мрза ибеј си го имам и по грешка си порачав машинка за отстранување секакви видови израстоци на лицето (црнки,мозолчиња,акни) и чекам да ми стигни. Ете ја користам за црнки маската кинеска стварно добри резултати 150 денари и презадоволна сум. Ако некогаш се излажам можда ќе напрам некоја од маските.. а за домашна маска една другарка ми кажа за брзо растење на коса (кое очајно ми треба) заборајв која е уште едната состојка ако ја знае некој нека ја сподели лажица мед, квасец. Толку запамтив. Јас сум скептична за вакви работи ставање на лице и на коса посебно на коса. Ама од ко ќе се уверам дека на некој не му е ништо мејби ќе пробам. А за маската за лице да потенцирам не ги вади сто посто црнките. Ама помага со намалување на мозолчиња барем мене ми помогна и многу е болно вадењето и многу е водлеста.
кај нас има вака да се купи гел или сапун? пошто како што знам членкиве што постирале погоре не живеат во мк, немам време за толчење таблети, мешање со масло
Во Lush побарај го ова: На македонската веб страна на брендот само ова го најдов: https://www.lush.com.mk/shop/product/product/id/266/keyword/dark angel/dark-angels Составот е сличен, но второво не сум го користела и не можам да го препорачам. Сепак, прашање е колку редовно ги дополнуваат страните со нови производи. Можеби го има и она од сликата. Може да се користи и како маска за лице.
fala ti, ama jas imam epten suva koza, spored opisov na proizvodov nema da mi odgovara , najverojatno jaglenot e za mrsna kombinirana koza
Батерфлај , да ова што го имам јас поставено погоре од Натура сиберика го нема во Мк сеуште (производиве се нови , се надевам ќе ги донесат во Мк наскоро , сега засега во Србија и Грција ги има по аптеките) и конкретно ова може да се користи и за масна кожа а и тие што имаат сува , разликата е само што тие што имаат масна кожа го оставаат до 10 минути на лицето доколку тие со сува кожа само што ќе го нанесат производот ќе треба веднаш да го измијат лицето
Да ве прашам, не е малку груб јагленот за лицето? Или пак ептен ситно го толчите? Јас сакам да пробам за скалпот, ама да не ми го исуши многу...
Можеш да го ставиш во машинче за мелење шеќер, ќе го направи како прашинка. Јас имам масна кожа и сакам да ми останат малку гранули за подобро да се ексфолирам. Ја вадам содржината од капсулата и веднаш ја мешам. Кога е постиен правот не ми е толку ефикасно. Секако дека може да си го прилагодиш ова според потребите.
Ние секогаш имаме дома таблети за во случај на труење кај кучето или болку кај нас, па често го применувам за нега. Јас правам маска со желатин за отстранување на црнки, ефикасна е многу повеќе од сите други исфорсирани и рекламирани ствари. Ја ставам само на брадата и на носот оти еднаш си ја ставив на цело лице па додека ја отстранив ќе умрев од болка, се издепилирав скроз. Може и како пилинг да се користи истолчен со маслиново масло го мешам. А и хит ми еднаш неделно да ги мијам забите со мешавина од јаглен и кокосово, многу убав ефект има.
Да споделам.. Втор пат ставив маска,ама овојпат место со кантарион,јагленот го помешав со крем од бадем (правен во апотека). За моето лице поарно дојде. Со кантарионот многу масно ми беше. Ова со дел од кремот се впи во кожата.Кантарионот како да ми ги затвори порите. Експериментирам..а? Знам..
Една кесичка желатин со столчен јаглен отприлика исто толку и мешаш со млеко да се направи смеса и ја загреваш. Кога ќе се подизлади аплицираш на местата што сакаш. Чекаш да се стегне и лупиш.