1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Медот како еликсир на младоста и долгиот век

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од interesna, 29 октомври 2010.

  1. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Медот како еликсир на младоста и долгиот век.

    Многу го сакам медот и често го користам. Покрај тоа што е вкусен е и многу корисен. Кога имам голема потреба од нешто благо а сакам да се воздржам од чоколадо и слични работи, обавезно една лажица мед.
    Или го мачкам на лепче. Многу ретко го користам и кога пијам чај.
     
  2. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    987
    Медот како еликсир на младоста и долгиот век.

    Јадам скоро секој ден барем по едно лажиче. Некогаш го јадам без ништо, некогаш го мачкам на леб, а многу ретко во чај наместо шеќер. Најубав ми е цветниот мед :)
     
  3. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Медот како еликсир на младоста и долгиот век.

    Медот што го продаваат в продавница често знае да биде измешан со вода, па затоа е и потечен, наместо да си ја има густината што ТРЕБА да ја има.

    Јас дома додека бев често си сркав по една лажица наутро, ама тоа дека баба ми купува мед. Тука немам навика да купувам. А и скап е медот, па со мојов студентски буџет ако фатам уште мед да купувам, кај ќе ми биде крајот? Патем, најмногу го сакам тој најтемен што е. (Планински мислам дека го викаат :tmi: ) А и пита сакам многу да јадам.
     
  4. peperutka87

    peperutka87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    535
    Пол:
    Женски
    НЕ знам за сто потоцно помага или е за опсто добро на целиот организам,сеедно го конзумирам секојдневно ми се допагја вкусот а баска обозавам благо хах
     
  5. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    Нешто наубаво и имам слушнато дека единствено од медот нема штетни состојќи како од другата храна (односно нема кака хД ). Барем јас така разбрав...
     
  6. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    Од добриот и чист планински мед нема ништо поздраво.
    Јадам по една лажичка на сабајле, ама помешан со млеч.
    Многу влијае на имунитетот а во глобала и за цело тело е корисен.
     
  7. MaCa-J

    MaCa-J Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    604
    Допаѓања:
    135
    Па јадам мед, не дека не, но многу ретко. :) Знам дека е здраво да се јаде, па затоа и кога си болен ти го препорачуваат. Обично јадам по една лажичка од тој дедо ми што ми го донесуваше, не е купечки и има убава густина. :!: Тој што е од продавница незнам баш каков е, но мислам дека е потечен од оној прав мед што се вика и затоа е подобар ако не е од продавница. Тоа е моето мислење, незнам дали е баш точно, но ова сум слушала и од други луѓе. поздравче :*
     
  8. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    jas medov samo vo caj ina4e nemam nekoja navika za sekoj den :P
     
  9. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    4.879
    Пол:
    Женски
    Ако медот е чисто планиниски и е вистински мед тогаш да знаете дека нема ништо поубаво и поздраво за јадење.Јас јадам само таков мед,а го земам од кај еден мој дедо.Го јадам на зима,и се сложувам со тоа што викаат старите дека ако јадеш мед немат да те фати грип.И можеби звучи глупаво но се согласувам јас со ова.Зимата јадев мед,и не се разболував како предходно.

    А што се однесува до тој невистинскиот мед што може да се најде во продавниците и по тезгите.
    Е вакви тезги со ваков лажен мед дефинтивно најмногу ги има по патот Кичево-Охрид.Кичевчани се медарите.
    Лаги со тапани е медов да ви кажам искерено.Тој мед колку што знам и сум слушала јас го прават со некои си шеќери и воопшто не е здрав.А ќе го платите по цена како да купиш чист планински мед.
    Затоа би ви препорачала да си купувате мед само од луѓе кои ги познавате,што чуваат пчели и што прават вистински мед,а не што прават шеќери.
    :lol:
     
  10. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Многу го сакам медот, но жал ми е што едноставно немам навика и често заборавам да го конзумирам барем еднаш во денот. Еден период имав убава навика секое утро да го почнам со лажичка мед и чаша вода, и дефинитивно треба да се вратам на таа убава навика. Моите земаат мед од познат човек, планински, и знам дека е 100% природен и здрав. Не само за јадење, може да се прават и разни маски за коса/лице и слично.
     
  11. Sanniii

    Sanniii Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.291
    Допаѓања:
    3.113
    Пол:
    Женски
    Во текот на учебната година, конзумирав секое утро пред да одам во школо по една лажица мед, ама сега некако се заборавам и плус станувам многу касно па така да.
    Ептен е убав и врз кришка намачкана со маргарин или пак во чај наместо шеќер. :mm: Покрај тоа јас го користам измешан со шеќер како пилинг за усни и во комбинација со јаболко како маска за лице.
    Инаку моите купуваат на големо од нивни пријател, па така е 100% природен. :)
     
  12. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Медот само во зимо кај мене :D озбилно не можам многу да поднесувам мед само во зимо во млеко чај.
     
  13. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Редовно.
    Го ставам во чај и зимам лажичка мед наутро. Или тоа, или боров еликсир.

    Од мала многу сакам мед, порано можев 15 лажици да изедам и ништо да не ми е, сега ќе ми се слоши. :lol:
    Многу сакам домашен мед и саќе.
    Каков одличен појадок е саќе и малку чај. Е тоа ми прави мерак.
     
  14. krEM4Eto

    krEM4Eto Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    4.274
    Пол:
    Женски
    Преѓе баш бев на пазар и се сетив дека оддамна немам јадено толку многу ми се пријаде што сакав да го прашам чичкото да ми даде да пробам :tmi: . Дома нема кој да ми купи :/
     
  15. Wild-GirL

    Wild-GirL Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    1.266
    Допаѓања:
    1.258
    Медот е навистина многу здраво и убаво нешто. Иако, ретко го конзумирам.
    Инаку, секако дека е подобар оној вистински, природен мед, за разлика од оние кои се продаваат во маркетите, фабричките.
     
  16. 4rever.unique

    4rever.unique Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2014
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    224
    Понеκогаш κупуваме мед и од маρκети, но тоа е ρетκо. Најчесто κупуваме од луѓе κои ги познаваме и κои одгледуваат мед од сопствени пчели бидејκи таκвиот мед е вистинсκи мед. Јас медот го κоρистам наместо шеќеρ. Луѓето на пρимеρ лимунот им е κисел и го јадат со шеќеρ, јас го јадам со мед, исто и со дρугите овоштија. Зошто поκρај медот да κоρистам шеќеρ!? Медот буκвално со се го мешам, си го мачκам на леб, го ставам во млеκо, во чај, чоκоладото си го бρцκам во мед па си го јадам, го јадам со се и свашта. Епа тоа е луѓе пρиρоден шеќеρ а не вештачκи пρоизведуваниот!
     
  17. magic.girl

    magic.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2014
    Пораки:
    539
    Допаѓања:
    199
    Пол:
    Женски
    немам навика да јадам мед ама кога ке седнам пола тегла ја јадам :D
     
  18. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.070
    Допаѓања:
    13.163
    Пол:
    Женски
    Тој што е во маркетите не е природен, баш забележене на повеќето има рок а вистинскиот мед нема рок на траење. Ние си зимаме од приватно лице што си чува пчели и што сум сигурна дека му е природен оти итие правам финти за да им испадне повеќе мед.
    Додуша скапо го продава 300 ден ама знам дека е 100%природен без никави додатоци. А има е поевтини ама за да им се исплаќа толку да го продават се знае што му ставаат...
     
  19. barbiegirl.24

    barbiegirl.24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2014
    Пораки:
    804
    Допаѓања:
    4.452
    Пол:
    Женски
    Јадам скоро секој ден по 1 лажичка, купуваат моите квалитетен убав мед од еден човек. И во чај си ставам наместо шеќер.
     
  20. trlala

    trlala Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    35
    На тој што е во продавница си пишува дека не е 100% мед туку делумно нектар. Тоа е некоја непреработена фаза од медот. Пчеларите го вадат тоа затоа што во тој момент количински има повеќе, а претходно ги залажуваат пчелите со шеќерни пити и шербет за тој шеќер кој што им е даден делумно да го преработат. Тоа е фаза нектар. Затоа некои пчелари имаат по 300 кг. мед од 5 сандака пчели (што е апсолутно невозможно).
    Ова го знам зошто чуваме пчели и моите не дозволуваат дури ни во зимо да им ставаат шеќерно потхранување за да не го контаминира медот, кога реално пчелите се во мирување и само јадат, а не произведуваат.
    Е има и пчелари измамници кои нектарот го прикажуваат како мед. Инаку чистиот мед ќе го препознаете по тоа што, штом стои на посвежо (температура околу 10 с) се кристализира. Ако не се кристализира не е чист медот.
    Од дете сум израсната со мед и просто го обожавам. :)